Дали утре околу 9 ќе има некој онлајн тука? Ќе патувам ми треба поддршка од вас. Многу сум ви благодарна. Љубов до сите.
Јас пиев многу одамна Асентра, лошо ми делуваа, како да ми трнеа рацете, се чувствував малаксано и ги прекинав, сега ништо не пијам АД.
Неее, од 2 мг пијам, мн ми помагаат, супер терам со нив. Ако не се напијам од сабајле со елицеа заедно, одма почнуваат вртоглавоците, ми делува дијазепамот за сега добро, ме смирува. Фала богу сум подобра од тоа што бев.
Пробај сама да се смириш, седни или легни и повторувај си дека не ти е ништо дека ќе ти помине за кратко, итн... пиј за смирување нешто, ладна вода пиј и под клима поседи малце, мн е лошо времевоз не се дише од што е спарно.
Nikoj ne se pozali od scrvenuvanje na lice od zestini potenje trnenje na celo telo stegnata glava tahikardii nez sto da pravam pomosss?
И јас мислев дека ќе паднам ако станам, како да ме влече нешто на назад да немам сила да одам баш како зашеметена, како да лебдам, ама два пати си реков ќе одам па да видам што ќе биде.Првиот пат претешко, од пола пат се вратив. Вториот пат само што почнав да одам почнаа тие симптоми, си повторував ништо не ми е, ќе одам, ќе помине.Одев полека полека за по некое време навистина да ми помине тоа лебдење и изодев 5 км
Јас имав такви симптоми од топлина лицето мислев ми гори.Од самото тоа што ме вознемируваше имаше моменти кога го качував притисокот од страв, ми трнеше една рака, па ми трепереше цело тело како да се лулам.Тогаш кажав СТОП.Ништо не е, нема болест штом ме фатеше така јас пешачев ако треба од една во друга соба се движев миев лице и си повторував дека не сум болна, чекав да помине...Премногу тешко, но минува. А се чувствувате ли некогаш непријатно ако некој ви го помрдне столот на кој седите, како да губите рамнотежа од тоа нишање?
Помагаат исклучиво оние кои немаат тарифа и не бараат пари. Ако има тарифа, подалеку. И? Како се чувствуваш? Добар пат
Јас денес добра, без топлини, без стравови.Единствено некое чудно чувство на нестабилност во глава особено кога седнувам. Инаку возев, на пат бев, додека возам е се супер, чајот од маточина ми е најдобар другар и терам. Ти како си денес?
Добро утро од мене.Вчера денот беше добар, но не и ноќта.Останав сама дома, најверојатно тоа ми го зголеми стравот, што ако нешто се случи а сум сама.Во истиот миг кога сфатив дека сум сама почна чувство како да ми трепери цело тело, да мислам ќе паднам, речиси поверував дека ќе изгубам свест.Стравот се зголемуваше, нормално од целата ситуација.Станав да видам дали можам да се движам, ок беше ама со страв.Седнав на тераса половина час чекав да помине.Тој напад помина, заспав и еве ме сега на работа.Штом се стемни и дојде време за спиење ме фаќа мене напад, со 1000 прашања дали ќе заспијам, дали ќе се будам. Некогаш успевам да си кажам,,па и да не заспијам, ќе си седам,, но некогаш претешко е. Како сте вие, како е кај вас ноќта ?
Јас во вакви ситуации пијам мелатонин, обично накај 23 ч. и веќе накај 00.30 ч. сум кома. Одвреме-навреме знае да ми предизвика лоши сонови ама подобро тоа него да останам буден до 5 сабајле размислувајќи за се и сешто и после на работа да бидам зомби. (А ми се случувало)
Денес и денот продолжи така.Цело време сум со несигурност во движење без енергија, ми ,,шета,, нешто низ главата.Како се справувате кога ова не е периодично туку цело време, ви се случило ли така?