Јас имам баш такви ,,вртоглавици,, не ми се врти, не гледам матно ама се некако како да лебдам едвај да одам и мислам ќе паднам. Чувствувам и слабост и немам енергија да стојам на нозе..... Се мислам да не треба да снимам и глава/ мозок
Дали некој без антидепресиви успеал да ја ,,исконтролира,, оваа состојба, да функционира со неа? Јас извесно време ,,се борам,, секој ден сама со себе, не примам никаква терапија.
Ако ме можеш да контролираш почни со терапија, зоштш се измачувсте ја не знам. Не се умира од апчиња.
Не помислив на тоа дека се умира од апчиња, напротив се пијат кога е потребно.Ме интересираше дали има и такви кои успеале без антидепресиви .
Истото и го повторувам и јас, нонстоп си наоѓа по некој симптом и го испитува.Си прави притисок и ги провоцира паничните напади сама. Ете сега нерв на јазикот, па дури и да е тоа, ќе помине, не се умира.Да сите бевме со смртни симптоми ко што ги доживуваме, еден немаше во темава да има.
Јас во почетоците на анксиозноста мислев дека имам Мултиплекс склероза, убеден бев дека ги имам сите симптоми, дури и ѝ пишав на една членка од форумот која се бори со таа болест, за што уште еднаш ѝ се извинувам за замарањето.
Од Фб само можеш да се доотруеш и наполниш негативна енергија, од Фемина нема подобро за анкс, има стварно нормални луѓе.На фб групите за анкс, се имаат освен анкс.Отров.
И јас сум царица за дијагнози, тоа ми е професионална деформација ама за себе како си ги наоѓам и сама не знам испитав центар за рамнотежа, ртг на врат, сега ми се уврте и да снимам мозок, па читам симптоми за тумур на мозок затоа што според моите симптоми сите консултирани доктори не ,,дозволуваат,, да се снимам.
Јас не пијам терапија, одам на психолог еднаш во неделата, за сега имам мало подобрување, психологот ми вика дека можам сама, па за понатака ќе видиме дали ќе треба и медикаментозна терапија..
Па не дозволуваат зошто веќе те знаат шо пациент си им Шала на страна, да сомневаат на нешто такво, сигурно би те пратиле до сега.
Не знам и колку ме сфаќаат сериозно, затоа што ми се колеги.Ми ја знаат состојбата и сигурни се дека е психолошки проблем.Јас им велам се ме враќа наназад, особено сум зашеметена кога се вртам на страна или нагло станам....ми велат тоа не се симптоми за да снимаш мозок ахахахах дали да плачам или да се смеам работава моја
Да да, излезен сум од сите групи, и на сите тоа им го препорачувам. Таму не се даваат совети, се препукаваат, кој што и зошто пие, па секакви глупости измислуваат.
Хахаха сите нагло коа стануваме ни се врти каков тумор хахахаах, да имаш тумор на мозок ќе почнеш да паѓаш како крушка, ќе се губиш и ќе не знаеш што збориш, ќе го губиш говорот и уште многу многу други работи, имав тетин со тумор на мозок.
Дали кога сте зголемувале доза на АД, ви се вратиле некои симптоми? Како на пр вртоглавица? Сабајле зголемив доза, сега веќе имам вероглавици, не се страшни, ама и др ме предупреди дека може да ми е така од зголемување на дозата, некои си 10 дена мах да почекам. Кај вас дали било вака?
Ни групи, ни книги ни ништо не читам за анксиозност. Деновиве ми е многу тешко, топлово ми ја зголемува анксиозноста. На многу им е тешко.