Да бев на 5мг, бев добро ама почнаа во сред ноќ панични напади, и поради тоа ми зголеми доза, прво на уште 1/4 и одма истиот ден имав вртоглавици, ама денес 5 ден ми е добро, ако е добро да пробам за 10 дена уште плус 1/2 апче, ако не да си останам на истата доза, или да намалам пакна 5мг. Мислам ме сфати.
Треба трпение со секоја промена на било која терапија.Некако премногу брзате.И не сме на пазар сама да одлучуваш, имаш доктор за тоа.
А каде прочита дека сама одлучив? На психијатар ми зголемија доза постепено, и знам дека треба време, 3 месеци ги пијам и знам како ми беше на почеток а како сега, др. ме запозна со сите нус појави, јасно ми е се. Ти благодарам за грижата.
Луѓе, пак се уплашив. Се зборуваше за депресија и бајачи, па ме тераа да идам и ја. Демек као сите другари, другарки биле љубоморни на мене, нз што, па да не напрајл некој магија... Аман веќе.
Мислиш? Дека главата ми беше така од лева страна, а не раката..како што лежев.. Таман да размислувам цел ден дека кој знае што имам и што ќе ми се случи... абе таман ќе се чувствувам подобро, нешто без веза ќе ми се случи и ете анкс одма ќе почне на најјако Ич не размислувај на ова што ќе ти направи бајач? Сите да појдиме ако тоа помагало... ич не сум за по такви работи..
Е ако де и да отидеш ако сметаш ти сама, и ако ти сама сакаш, акп ти сама мислиш дека така ќе ти се подобри мислата и психата тогаш оди. Јас едно време бев ете така чисто да сум си на тоа дека се си поминав и сега е до мене. Оди си во црква исто така, побарај си причест за здравје, помоли се, запали свеќи, остаби дар, кажи си во себе што тр мачи, помоли се. Јас се правам што мислам дека ќе ме смири, и тоа е тоа, не ми е грижа што-кој мисли, јас се водам низ ова, ако некој се смее нека го стигне, да види како е.
Како некои болки имам во желудник, се напив и апче за желудник, и ладна вода, под клима седам, рацете ги ставив под ладна вода, друг симптом немам, што ми стана не знам, одеднаш вака ме фати, дали дека во таа соба не стига климата не знам...
Јас не можам повеќе. Значи со години идам само втора смена, психички тешка работа, секој ден слушам болести, умирања и сл. Едноставно, сакам отказ да си дадам и месец дена да си се одморам, да си шетам каде сакам, со кого сакам и каде сакам. Сите ми велат, не ја напуштај работата, најди нова па оди на друга одма. Никој не ме сфаќа дека не можам воопшто. И одма требало да се мажам, требало деца, требало нз што, ми требале пари, стажот немало да ми течи ако немало да работам месец, два.,тоа било погубно. Дечко немам, другарки не. Не сакам нови луѓе да запознавам, не сакам од дома да излегувам, ми треба само мир и тишина и некој покрај мене. Не знам дали е ова депресија, дали др е нешто, дали нз што. Јас на сите му помагам, а мене кој? Никој.
Зс да најдеш некој до тебе, треба да се дружиш, со дожа седење не можеш да најдеш ниту дечко ниту другарка. Не знаеш што сакаш, еднаш викаш нејќам нови луѓе да запознавам, после викаш дека ти треба некпој до тебе?!?!?! Од дома нема да стекнеш пријателество ниту врска. Да си била во брак, месец дена дома да издржиш да седиш немало да можеш, вака пак имаш помош од твоите штом можеш да си дозволиш да останеш дома 1 месец. Земи неплатен одмот тогаш, побарај ноба раб, пореалаксирана нека е па ако треба и помалки платена. Цело време се грижиш што мислат другите за тебе, што ќе кажат на работа, па ако си болна ќе ти се смееле.... мн значење придаваш на скроз небитни работи. Гледај како ти одгобара тебе, и поубаво да рабпотиш нешто и да си со луѓе, да излегуваш колку толку, ако седиш дома затворена, само полошо за себе си правиш.
Ако мислиш дека можеш и имаш начини да се издржуваш без таа работа, не ги слушај другите. И за мажачка и деца не ги слушај другите. Уратко и јасно, не ги слушај другите. Здравјето пред се. Ти си истрошена/прегорена по ова што го пишуваш
Луѓе имам како тикови, ми се мрда главата неконтролирано и жилите на вратот ги стегам и трепкам многу, вака не ми беше..па скоро снимав глава се беше во ред, медитирам, вежбам во теретана, пешачам секој ден, што е сега ова стварно не можам да ги контролирам движењата, срам ми е во јавност кога ќе ми се деси тоа мислам луѓето чудно ме гледаат, вратот ме боли па од мрдањето и вилицата. Седам и си мислам како ќе беше да не живеев со ова.
Дали некој има искуство со овие капкина инста ги рекламираат за многу ефикасни со анксиозност паники и се друго
Јас не верувам во ова, ниту во нешто слично. Добра сум сега со покачена дозс, за некој ден уште малку треба да ја накачам, си јадам, немам вртоглавици, преку ден се топ, а дојде 12ч навечер за да се спие, мене почнува да ми се превртувс желудник, пиев и дијазепам и ланзул пред пола саат, и дремам под клима чекам да се стабилизирам и да си легнам во спална, со камен ладна вода до мене обавезно. И сега пази, си праам филм со желудникот да не имам проблем, готово... хелико бактер немам, тоа проверив, него да не е нешто друго...... а и друг симптом немам, освен така неубаво чувство во желудникот и вакви мисли кои пробувам да ги исфрлам и игнорирам, ама може и ПМС да ми прави проблем, ми кажа психијатарот дека е поврзано, и за 9 дена треба да добијам. Веќе не знам, аман.
Ic ne mi e dobro. Se gusam, nemozam da goltam, naduen mi e stomakot. Sega nemozam ni da zaspijam, me faka strav...