Не знам дали е зашеметеност, јас го сфаќам како некој да ми ја исцицал енергијата. Немам енергија, одвај движам, некогаш и одвај дишам, почнува да ме стегнува во пределот на срцето и веднаш огромна потреба за дремка. До степен да, ако не легнам малку, мислам ќе се онесвестам. Со видот никаков проблем, ама пречувствителна сум на светлина. Некогаш чувствувам и жештина во пределот на главата, како краткотрајна температура, ама некогаш не е краткотрајна. Поновите симптоми се бодежи од игли во лева и десна хемисфера, ама и во пределот на тилот, некогаш многу стега таму. И ‘рбетот исто така, најмногу на средина. Кога почнав да ја читам темава, некаде кај октомври 2022, имаше еден куп членки со вакви симптоми. Сега изгледа не им се пишува, оти реално досадно е. Јас тогаш си најдов некоја утеха дека ете барем има и други.
Ти благодарам за одговорот.Токму така се чувствувам нестабилно, без енергија, светлината ми пречи, имам проблем и кога можам, баш некое чудно чувство, така се посомневав да не е центарот за рамнотежа, ама тоа излезе добро.Носам очила, можеби има промена и во видот, ќе проверам тоа, на крај можеби ќе се одлучам и за снимка на глава.
Немам јазли јас,само на ехо ме виде и ми рече типичен хашимото.Веќе една година само селем пијам пошто хормоните биле добри,а по симптомите шо ги имав решив да испитам,и сестра ми е со хашимото и она ги имаше истите симптоми..
А и на ехо ли се гледа ако имам хашимото? Мене ништо не ми кажа ендокринологот, само да не ми дава терапија олигогал селен и Елова ми препиша, и бразилски орев да јадам, вчера земав упат од интернист да испитам и антитела, инсулин, гликемија, и на контрола да одам со резултатите. А тсх колку ти е? Мене последниот пат 2.25.
Луѓе, се гушам готово мислам ќе умрам. Ме фаќаат кризи, плачам и подобро ми е. Како изгубена се осеќам. Ме боли желудник. Зошто вака? Сон-лош.
Мене хормоните ми де океј,на ехо виде ендокринологот здебелување на жлездата и вели типична хашимото жлезда
Секој својот проблем си го гледа како најголем! Ама да се замарам што ќе ми каже псиголог, роднините, или да се кријам дека имам депресија или анкс, е тоа не можам да го разберам? Мислам зошто и која е потребата да кријам? Јас сум тоа, јас се носам со сето тоа, не било кој друг од нив. Јас отворено зборувам за ова со сите, и на раб мн ме сфатија колегите и мн ми прават да ми биде подобро, додека не се соочите и не го прифатите проблемот, се криете позади завеса.. никогаш нема да ви е подобро.
Многу сум напната и нервозна овие два дена, онака не дека има некоја причина, и си осеќам болка во гради, во глава, грбот ама тоа знам од напнатоста ми е. Дали и вие реагирате вака на промена на време? Мислам дека од тоа ми е..
И те како треба да се замараш што ти рекол психилогот.Го плаќаш за да те излечи,не да те турне уште повеќе доле.
Не би требало ама има истражувања дека понекогаш, полна месечина знае да влијае на сонот и предизвикува несоница што пак може да биде причина за немир. Еден од изворите ама побарајте и сами, има многу интересни работи на оваа тема How Lunar Phases Can Have an Effect on Your Sleep | Sleep Foundation
Кај мене влијае, и тоа секој пат. Баш вчера и јас ќе го прашав истово ама не стигнав форум да отворам. Еве денес се осеќам многу подобро за разлика од вчера и завчера и покрај тоа што дознав за смртен случај на ќерка од познаник од татко ми. Можда прочитавте за младата девојка што ја удири кола синојка.
Јас од почеток не се криев, и подобро се осеќам што сите околу мене знаат, дури и си правам шеги на своја сметка, никој не треба да крие, ние не сме луди, само сме почувствителни од другите, затоа сме анксиозни.
Јас еве сум, катастрофа напната..башка и напорен ден имав, сега неможам да спијам мислам готова сум глава ќе ми експлодира , срце почнува да ме стега, грбот ме жежи ..пробувам да се смирам.