Јас и на низок притисок сум имала низок пулс, не мора да значи, кај сите е различно. Мислам дека секој пат е различно со паничниве кај мене, а и времево ме утепа скроз.
Како се справуватр со нервозни црева или незнам како да го наречам тоа чувство како да ви гори нешто во стомакот се качува нагоре па се спушта надолу како жиговини некои.
Рупурут за киселини. Ако осеќаш горење во желудникот и ти се враќа низ хранопроводникот до грло тоа се ќиселини, а од цревата да ти се враќа неможи.
Мене нешто друго ми се случува. Кога станувам сабајле пребрзо ми чука срцето, се гушам, не можам нормално воздух да земам и ми се гади. Ова најчесто кога сум во стресен период.
Јас ова го имав кога ми беше премногу стресно едно работно место Од нагон на повраќање мислев желудникот ќе ми излезе
Кој не ги облекол нашите кондури не знае што сме поминале. 5 години ми требаше да најдам асален доктор. Затоа доаѓам во темава од време на време да помогнам некому колку можам. И запамтете не слушајте гаталец туку паталец
Добро утро, читам дека пиете терапија, па имате искуство.Би сакала да ми кажете разлика помеѓу Дијазепам, Хелекс и Демитрин.Сите се во групата за смирување, но ме интересира според ваше искуство кое е најдобро ? Јас не земам никаква терапија, но ми кажа докторот кога имам многу силна вознемиреност може да се напијам некое од овие....
Јас пијам половинче хелекс од 0,25 по потреба. Не ме омалаксува, не ме заспива, ми ги намалува симптомите и ме смирува. Диазепамот ме заспиваше. За деметринот незнам.
Диазепамот хелекс и деметрин се за смирување. Ќе ти ја намали во моментот вознемиреноста. Но тоа само во одредени случаеви. Ако е секојдневна и честа тогаш...
Секој ден се некоја нетрпеливост во нозете посебно колената како да те нервира нешто Омалаксаност чудо стварно што ќе да е ?
Овие за смирување може по потреба да се пијат, немора постепено да се намалуваат. Многу луѓе одлично функционираат со Деметринот, меѓутоа топла препорака за Хелекс од мене. Дијазепамот може да те успие, сепак не делува исто иако се од иста група.