@Космонаут еве пиша @Mrs. right ти благодарам @espana прекинав, не ни имам желба да одам, последната ми рече сум била размазена, и ми сруши мислења за неа, а и општо за психолози. Да почнам кај нов и се наново и нз дали ќе ми помогне воопшто.
Леле бе @GirlLove немаш среќа со психолозите и психијатрите, а сигурно се имаш изнадавано еден куп пари низ годините. Не знам што е проблемот стварно, дали и ти можеби не даваш се од себе за да се подобри ситуацијата или стварно е до нив? Знаеш дека без да вложиш напор самата, не може да ти помогнат они, не се магионичари ама ти си знаеш секако најубаво како е. Се надевам ќе најдеш соодветен кој стварно више ќе ти помогне, само се мачиш, и се влечеш по доктори, а што е најлошо тапкаш во место.
@GirlLove , јас имам многу подобрување откако одам на психотерапевт.На психијатар и на психолог не сум била, ама со терапевтот ми е убаво затоа што научив многу техники и насоки за живеење со оваа состојба.
Nemoj da zivejs mnogu za narodot ,zivej za tebe ,cel grad ce me razberel Moore cudo golemo,odis za tvoe Dobro.
Да, ако се зборува од старт отворено. Полошо е после некое време да дознае дека ти и претходно си имал анкс ама не си се отворил, никогаш не знаеш што имаш на спротивната страна. Можеби некоја со ист проблем како тебе, со исти размислувања.
Најтешко е кога немаш другар/ка да го споделиш тоа што го чувствуваш, домашните секако поинкау не разбираат И мене ми беше срам да одам кај локален психијатар и психолог во малите градови сето тоа е многу потешко, одма ќе научи цел град ќе ти смеаат, плус не се ни замараат ќе кажат нешто две реченици ради реде, иста терапија како на сите и толку, ама на крајот на краиштата најважно е нашето здравје, ова веќе не е табу тема, исто како гинеколог, интернист и сл... Само храбо...
Мене со несигурност во одење, земам да пешачам и имам некое чувство како нозете да ми се враќаат.Или кога легнувам на грб како да пропаѓам во некоја дупка...
Никој не ви се смее дури не ве ни забележуваат, повеќе од пола население се лечи на нервно и на никој не му е гајле за другиот
Дали има некој искуство со Зепира пред неколку години го користев ама ефектот се постигна многу бавно, скоро една година го корисрев и постепено го прекинав... Сега пак почнав... Дали депрезол е подобро некое мислење плс...
Јас сега пијам Зепира 3 месеци 7.5 мг веќе, исто е што и Елицеа, ефектот не може да е одма, долгорочно не знам дали има скрпз ефект, мислам секој АД му треба време убаво да делува, сепак тоа е шок за организмот. Со лесно ќе биде.
Ајде сега да прашам, нешто почна да ме чеша целп тело само се чешам од прееска како да имам шуга. Денес се вративме од одмор, малце ми е само грбот изгорем ама ништо страшно не е, дали анкс. дава ваков симптом или е стрес, или од сонцето, или не знам, што да мачкам нешто ако знаете? Дали вака ви било? Сега одма си праам филм нешто со цениот дроб имам проб готово, на мисла ми е и АСТ и АЛТ да проверам, а нема ни 1 м целосна КС правев, се ск беше добро. Ехо ма абдомен веќе не знам колку пати правев летово. Сега и дијазепам си се напив, преесла во кола за накај дома ме стегна паничен, кратко ме пушти, па пак друг исто краток, и амам веќе.
Мене ова ми е нов симптом, обично навечер пред да заспијам како да ме чеша цело тело, како некој немир, нервоза не знам..
Обично навечер да, и пиеш нешт? Мачкаш? Што помага? Јас нервоза не, или ми е мн топло или мн ладно за дома зборам. Одма ме мава на желудник и на гадење ова по ново паничниов, трае некои си 5 мин макс. и толку. А навечер со чешањето некад знае да ме фати и гадењето, ама се смирувам поминува. Правам пилинг сеа по ново, и мачкам лосион со уреа, и синопен крем по малку, едно апче за алергија и бап на спиење со дијазепамот, ко бабче некое сум на 30 год.
И мене главен симптом ми е гадење, инаку еглонил пијам некогаш, а дијазепам ептен ако сум вознемирена, а и некад кога спијам ме буди некое гадење ама не од желудникот како од главата да ми иде абе не знам веќе преку глава ми е, во агресија ми се претвори ова, кога ќе добијам некој симптом нервозна сум, си викам аман пак ли, а веќе неам пари по лекари да одам, што сака нека ми бидне
Од каде ти е информацијава па така самоуверено ја пишуваш? Отказ ти даваат ако не можеш и не ја вршиш работата и не ги завршуваш обврските. Ако тоа ти е покриено, отказ секако може да ти дадат ама не заради имање депресија и анксиозност.
Дада и јас сум така со гадењето како главен симптом, а елгонилот нели за вртоглавици повеќе се пие? И мене ми е преку глава со тоа гадење аман.