Да и за вртоглавиците еднаш ми го дадоа ама има и смирувачко дејство на желудникот, само ако се пие често прави лактација и промени во циклусот.
Не е за тука прашањето знам ама од што може да осеќам глад, само што ќе се најадам после еден час мене желудникот ми е залепен како да не сум јадела со саати. Имам гастритис ама не ми било вака никогаш, некои ми викаат со шеќерот проблем било тоа ама јас никогаш сум немала проблем нормален ми е, е само престанав благо да конзумирам, шеќер добивам од овошје, од урми, мед. Со што може да биде поврзано да не знае некој, ваљда не е од анксиозност и ова.
Си напраиб филм дека ме чеша цело тело дека имам на кожата нешто сега, готобо утре сигутно ќе правам КС, не сум нормална што др да кажам не знам.
Е па знам неколку случаи што не можеа да работат од што беа анксиозни, не си ги завршуваа обврските,секој ден им беше нешто си одеа дома бараа смени, не ги седеа ни смените до крај, викаа брза помош и газдите ги избркаа ,не можеа да ги толерираат.
Јас би ти рекла воздржи се да не напривиш, не ти е ништо, со секој нов симптом ако одиш да правиш само го одолговлекуваш лекувањето на анксиозноста, знам дека е ешко и само бараш олеснување ама пробај да останеш со ова чувство на неизвесност зошто инаку во круг ќе се вртиш.
Може да е од шекерот. Скриен шекер. Сепак можно е од акциозност. Проверка на шекерот најубаво па после ќе знаеш.
Тоа е друго. Тоа е невршење на работа. Иако од овие работи, менување смени не е нешто лошо или страшно, се' додека има меѓусебен договор. Овде мислам прашањето беше дали може иако има дијагноза, а не за тие работи.
Дали плачете пред да добиете.? Се осеќам за никаде, плус цел викенд дома оти сум настината..... Се разочарав од животот. Претешко ми е.
Луѓе, ме облеваат некои топли бранови цел ден, и што ме чеша кожата, и сега почна на психа гадењето.. и на гугл симптому кој ме натера да прочитам хаос, одма рак.. и срга ми е хаос во главата, мислам го имам тој рак, претешко ми е денес значи, и сама сум со децата цел ден плус... помагајте!
Пиеш нешто? И јас бев така, 24 часа нон стоп страшна главоболка и вртоглавица, пијам сега терапија, мн сум подобро, ама денес скроз паднав нез што ми стана.
Не пијам ништо, главоболка немам ама вртоглавици страшни се губам. Утре ќе одам кај матична да видам што ке правам понатака ама морам да почнам некоја терапија вака не бива
Не се мачи ако не иде, јас се мачеб 1 месец без терапија, и уште полошо си направив само. Затоа оди на психолог или психијатар, ќе разговараш и тој ќе одлучи за терапија.
Мене од желудникот ми беше така, дури се здебелив 7-8кг од шо јадев цело време. Пиј нолпаза од сабајле на гладно и рупурут 15 мин пред јадење 2-3 пати и ке се среди, јас така го средив желудникот. А и крвна слика напрај си за секој случај.
Пијам нолпаза да, терапија ми е тоа веќе неколку месеци, крвна слика секој месец више правам, сега не ми е така, ако се повтори ќе одам ќе направам.
И јас викендов никаде не излегов, дури дејт имав ама го откажав. Настинка од нигде-никаде, се чудам како се преладив на олку топло време. Расположението за никаде, ама знам дека утре е почеток на нова недела и ќе биде подобро. Сум имала и претходно вакви моменти и дури и навикната сум како да се справувам. Едноставно, чекам да помини, за нас е животот борба.