На работа веќе познаваат дека нешто не е оки, многу ми е тешко да глумам и да сокријам израз на лицето, една недела веќе сум на АД се надевам дека ќе се промени нешто. Нормално јас се трудам да не дечувам така но ете на некој момент малку да се промени одма сите прашуваат дали си добар итн... Како вие се справувате поздрав
Па кажи им, зошто криеш? Јас одма кажав, и ден денес имам помош од сите, разговор, смеење и сл. Што се замараш да криеш.
Не знам како ќе ме сфатат ипак работното ми е специфично, работа со деца... Јас максимално се трудам работата да ја извршувам професионално... Малку ме фати страв ради работното место...
Е како не може, ако работата трпи поради таа анксиозност.Ако бара,чести паузи,отсуства.Јас па не ја разбирам потребата сите да знаат дека сте анксиозни.Ко мислиш рак е тоа не дај боже, па ајде ке се правиме посебни снегулки. Што се тиче комбинации не е ок аналгетици наеднаш со ад да се земаат.Ако не е алармантно почекајте барем час,два
Јас последните неколку месеци на старото работно место не можев да работам, често си одев порано, зимав боледувања и нормално почнаа да ми реагираат од работа, ми рекоа или реши си го проблемот или немој веќе да работиш и така јас самата си дадов отказ. Се додека можеш нормално да ги извршуваш работите нема никаков проблем да ти направат, не мора сите да знаат со што се соочуваш, ако имаш потешкотии доволно е претпоставениот да знае, ма да јас кога ќе ми текне колку пати сум лажела, сум викала дека не ми е добро нешто, зошто ако кажам имав паничрн напад мислам ќе умрам на работа сакам дома мислам ќе ми се изнасмееја
Женска, ај размисли дали ти одговара работата? Дали ти прави проблеми, имам искуство со работа со деца и ти верувам како ти е. Искрено, нема потреба да им кажуваш, прво зависи во која фирма работиш и колку се опен мајндед и колку се запознаени со одредени состојби. Ма, да ние сме далеку од грижа за вработените и сл. Ако имаш блиска кажи и одколку, јас имам и кажав и знајш што? Ништо. Ниту ме прашува како сум нит ништо. Пиши лп.
Ич не ми е добро денес, ме боли желудник, ми се лоши, ми се чини како да умирам и уште повеќе паничам...
Напиј се ноплаза за желудник, чај од маточина да те смири, и одмарај, и ја сум како зашемутена денес..
Кај мене знаат ама јас не потенцирам, и не ме ни приметуваат кога имам анксизоност, ниту сметам дека е некоја тешка болест па ај да припаѓаме.
Лелеее паника ме фаќа аман, топло ми е, ми се гади, па глава ме боли, па ми се врти како да тонам.. хаос. Сеа дијазепам пиев и нолпаза. Хаос значи, се мислам нешто ќе ми се деси и ќе припаднам готово.
Пиј ја сабајле на гладно нолпазата минимум пола час пред јадење, подобар ефект ќе има, ништо нема да ти се случи, мислите те залажуваат само.
Ќе ја пијам така од 20 мг пијам. Сега имав два пати пролив, па пиев и пробиотик, некако ме наболува стомак, само да не фатам некој вирус. Да, одам на псијотњрапија, пијам и терапија од психијатар АД зепира и седатив дијазепам од 2мг. Тука нон стоп пишувам како издувен вентил ми е ова, има и мн луѓе како мене што ме разбираат, и си давам кураж на самата себе понекогаш.