Женска, пробај си со Лујза Хеј. Имам една книга нејзина и е мн добра- " Како да го излечите својот живот"
Кај ја има? Иначе еве ми се гади од прееска, се плашам како минатиот пат да не ми е и да изгубам свест, баш вака ме болеше стомак и ми се гадеше, веќе нез ни што да пијам..
Сега станав, ноќеска ме заболуваше стомак и како гадење имав, сега сум така неутрална се уште, ќе видам со проливот како ќе сум.
Добро зошто и денес ми се гади вака, значи ќе се мрднаж веќе, се нервирам! Кога конечно ќе немам ни 1 симптом, когаааа? Еве одма правам филм дека кога ти се гади дека може се и сфашта да ти е, со мозок, со желудник, со црн дроб, хаос значи тотачно сум хаос овие 2 дена, пробувам да насочам мисли на др страна, ама тешко ми оди, запаѓам на моменти вака скроз, а што ако имам болест? А што ако ова-она.. само тоа ми се врти во глава, ме уби ова гадење, па и ноќно време почна да е така, џабе што навечер пијам седатив, кога ако легнам на левата страна ме притисла желудник, и одма црните и глупави мисли !
И ја сум со гадење скоро секој ден ама јас имам и гастритис со години, а кога се нервирам или треба да одам негде на некој настан во гужва одма ми се гади:/ Евентуално хеликобактер да испиташ, ако е тоа ништо страшно со антибиотик се лекува, какви мозоци, црн дроб, не ти е од тоа имаш правено испитувања, опушти се, од анксиозноста ти е така или може некое мало воспаление на желудникот од храна нешто. Пробај исфрли кафе, цигари ако пушиш, зачинета храна, лута, чоколади и види дали ќе има подобрување.
Луѓе, од четвртокот сум болна, имав температура два пати се напив парацетамол, два дена. 1000 мг Витамин Ц Витамин Д (испитав и ми е испод нивото) После тоа земав Фервекс. Чаеви Стрепслис Спреј за нос Спреј за грло Супа. И никако не ми поминува. Се препотувам и се преслекувам. Страв ме фаќа пак да не имам корона.
@Mumoftwo30 земи реглан,само на 6 часа пиј го,и не подолго од 5 дена.Лесно доаѓа до предозирање со него. Иначе ти се гади на нервна база,од самата анксиозност.Јас сум од 14 год анксиозна и овој симптом ми остана.Едино што научив како така да живеам со тоа.Мораш значи мораш да се фокусираш на нешто друго,не само да мислиш зошто,како,кога ке престане. Јас ги поминав сите симптоми што може да ги даде анксот.Поминав пекол.Имав гадење пред секое одење на раб,навечер СЕКОГАШ,кога сум на пат,на одмор,во гужва,на ладно…Но со тек на време ми здосади да обраќам пажња на тоа.Сега после толку години веќе можам да кажам дека живеам нормално.Симптомите се појавубаат но се мн послаби од пред 4-5-6 години. Мораш да одиш на психолог ,и да откриеш кој ти е тригерот.Постои нешто што организамот не може да ти го сожвака(траума,стрес,ситуација,чувство).И те алармира преку гадењето.(дигестивниот систем е мн осетлив на стрес) Полека…за се има решение.