Јас ќе кажам нешто, денеска излегов како и секој ден. Да добијам сончеви зраци, чист воздух оти ова за мене е неопходно. Ех, ама воздухот надвор е толку тежок за дишење, да не е нормално. Не е многу жешко, некои 23 степени, ама како да осеќам мирис на тешки метали. Се вратив буквално како зашеметена и ме фати дремка. Легнав на кратко, појдов до продавница баш сега пред некоја минута и пак истото. Дури и како ноздрите да ме печеа. Не знам, не е ова нормално.
Elisaveta Buloska еве ти број i Elena Dzebr(со неа работев јас) Ама Елена мора да те стави на листа на чекање,пребукирана е. И двете раб онлајн.
И јас сум иста овие дена... од анксот ти е така...и јас сега легнав да ги заспијам децата и ми е страв да станам мислам ќе се оснесвестам толку ми е грдо и мене, немам ни саглам спиено 2-3 дена..одвај функционирам.... како си ти сега? Сликава сега ми излезе на фб, баш вака е...
Фала многу за сето ова, точно е! Си го знам тригерот и не можам секогаш да го победам, имам вакви денови во месецот кога скроз паѓам, на секој можен начин пробувам да со тргнам мисли, ама не и не некогаш е појако од мене, скоро нова сум со оваа состојба ти си оддамна, се справуваш добро, мене мо требаше време додека се навикнам на сето ова. Не земав реглан сепак, си зежав Наусолвит за возрасни, капки со ѓумбир, и чај од ѓумбир и подобро ми беше за брзо. После ме фати мала вртоглавица ама се справив некако и помина, убаво вечерав ми дојде апетит. Само да се научам да живеам со ова зло, да го победам тоа сакам! Имам желба, и раб на себе ама ете има и вакви денови. @Kaley овие 3 дена како се вратив во реалноста, после одмор, сум хаос! Тотален! Сега подобра, па ќе видиме до кога, среќа маж ми дојде порано од раб и тој ги успа децава, иначе ќе се бореб и јас. Ти како си сега?
Супер штом така ти помогнал.. Ајде добра ќе бидеш сега иначе фала добро сум сега и јас, помина... се надевам и ноќва ќе бидам така и конечно дека ќе спијам вечерва
Леле луѓе не сум вечерва добро лежев на десната страна и одеднаш како на градата да напипав топче и после кога се исправив ништо не можев да напипм не знам што да правам пред некој месец бев на ехо се беше добро многу ми е страв не можам ни да заспијам сега
Дали и вас ви се случува, откако ќе се разбудите наутро, да ве зафати главоболка или мала температура? Ова е редовна појава кај мене, само не знам зошто е вака.
Луѓе, пак јас. Цело тело ме боли, уште сум настината. Плус треба да добијам. Цела недела се препотувам и сум со болки во телото. Сега зборував со една другарка, ми кажуваше дека некоја жена била болна од рак. И знаете понатаму. Аман! Пукнав.
А зошто ти ги сменија? Прашивам дека и јас пијам Зепира од 7.5 мг. Зависи кои, мора тоа со др да видиш. Другарла цела бременост пиеше Елицеа, се искочи во најдобар ред, бебето е 1 годинка сега. Има настинки и вируси, слаб имунитет па те држи повеќе, одмарај си и не му ја мисли за настинкиве, а ти се споило и тоа дека треба да добиеш може со жетините. Јас да си прашам еве веќе 5 ден ме чеша телото поточно грбот и рамењата, после одмор, седев на сонце да, ама ме нервира вака што ме чеша, не можам да се трпам, дали и ова може да е на психичка база? Преку глава ми е веќе.
Искрена да бидам, не е многу нормално ова. @GirlLove имав слични симптоми на твоите, околу два дена траеја. Сега сум нормално, ама до кога, не се знае.