Дејтањево ми прави анксиозност, која обично ја контролирам. А не сакам! Претходно, барањето работа ми го правеше истото. Не можам ни да објаснам низ што се поминав. Сувишне су речи. Хинт: тресење на раце, потење на дланки, паники и непроспани ноќи од неизвесност. Зошто немаат осет со луѓе како нас? Јас сум многу чувствителна личност и немам толеранција, порано дури бев помала дозволував да се поминат граници, во име на пријателство, врска итн. Сега сум комплетна спротивност. Модерново општество ми ствара PTSD. И не можам да спијам вечерва, вчера бев излезена и денес ме болат мускулите. Фак, ко личен дневник го користам форумов. @Mumoftwo30 и мене ми смета времево, загушливо е и претопло, не се диши.
Одлучив да одам на КБТ. И уште храброст ми фали да го кренам телефонот да се јавам. Иначе, денес сум по ок и тоа на раб бев. @Mumoftwo30 што стрес имаш, пиши во ЛП ако ти треба некој за разговор.
Немам гајле и тука би кажала, болести и вируси на децава и да не завршиме пак во болница, а сега и двајцата ми се болни, хаос и со неспиење и со се. Одма филмови во глава, плус мајка ми не беше нешто добра, претерана загриженост спрема блиски и страв од болести, од тоа децата да ми одат во градинка дека ќе се болни, дека ќе нема кој да ги чува, дека ќе мора да дадам отказ за да седам дома 24 часа, а не сакам отказ си имам супер работа, страшно ми е ова гадење, веќе подобро ни со блиски да не зборам на оваа тема што ми ствара физички симптоми. Ужасно ми е вчера и денес.
Исто и јас ко дневник, само барам нешто, само прашувам... Хаос значи, нека ми поминува што побрзо, не се трпи. Само да не ми почнат тие глупи мисли во глава дека имам некаков рак чим ми се гади при стрес.
Знам точно како ти е, мене кога ми се случуваат нови работи ми се превртува стомакот. Цело време страв, парализа ми ствара моментално. Знам луѓе како мене, одма се познаваат, како некоја тага во очите имаат. Јас не повеќе, само сум уморна, мене ми е доста од срањево.
Женски јас пак изгубив свест, од спиење ме разбуди напад на гадење и повраќање, станаб од кревет и во ходник паднав, потоа повратив, премн ми е страв да не имам тумур во главата со ова паѓање и губење свест, плус повраќање. Вака ми се случи исто на 13 јули, сега пак.
Има ли некој буден? Луѓе не знам што се случува со мене, и премн сум исплашена. Ако има некој нека пише ве молам.
Иста јас. На забар треба да одам: нервозни црева, потење, ладни дланки, забрзано дишење, итн. Треба да патувам со авион? 2 недели претходно постојано ми е така, башка несоница. Знам дека утре ме чека постресен ден на работа? Нервоза, трема, потење. Нешто надвор од рутината да ми се дешава или да треба да правам, едното те исто стандард, his palms are sweaty, knees weak, arms are heavy, there's vomit on his sweater already, mom's spaghetti. Тука само себеубедување помага, се убедуваш дека едноставно мора да го направиш тоа и тоа, и штом го направиш ќе биде во минатото. Или се убедуваш дека еднаш се живее, дека вреди да го направиш тоа и тоа, дека ќе уживаш. И на крај завршуваш со главното убедување, стисни заби и издржи.
пак изгубив свест, од спиење ме разбуди напад на гадење и повраќање, станаб од кревет и во ходник паднав, потоа повратив, премн ми е страв да не имам тумур во главата со ова паѓање и губење свест, плус повраќање. Вака ми се случи исто на 13 јули, сега пак.
Имам невролог се консултирав и на телефон, ми вика дека не сум внесувала доволно течност и премн ми паднал притисокот, поради тоа ми се случило паѓањето. Ама јас не можам да се смирам, џабе е све, не верувам на збор и тоа е.
Преглед ти треба а не дијагноза преку телефон. Не дека има нешто ама за секој случај а и ти да се смириш.
Знам ама денес е недела, и морав да се јавам телефонски, ако не ќе одам на дежурен и ќе видиме што понатаму, мн лошо се осеќам сега.
Леле, јас пак имав проблем со спиење, премногу возбуденост, ама не бев тогаш на форумов да ти пишам. Притисоците ти се имаат многу доближено, моја претпоставка. Мене фала богу ова ми се нема случено, ама кога имам низок притисок ме удира на некоја безживотност, како жив мртовец сум. И мене не ми е стандард низок притисокот, обично е нормален ама 2-3 пати неделно макс знае да се случи. Тешко нас искрено, посебно што и доктори не не земаат нешто сериозно. Јас повеќе од форумов научив.