Абе, во право си ама јас не бев ваква. Мислам, не дека бев најхрабрата личност на светот, ама вакви екстреми не ми се дешаваа. Сега тоа со тресење на раце и препотување е завршено, ама затоа ако треба да правам нешто ново, ме стега некоја аритмија ама не краткотрајна. Си трае подолго и одма мрачни сценарија и апокалипси. Не бев ваква, планирам назад да се вратам.
Мене ми е секогаш така понизок, ама сега ептен ми беше паднат, и ќе видиме на невролог, друго што да кажам не знам, се плашам премн да не имам нешто во главата и сум сега заникаде.
Епа ете, убаво ти рекол, нема потреба од филмови, отиди провери, консултирај се што треба за да престанеш да се преоптеретуваш. А што пиеш, можно е и од терапијата да ти паѓа толку притисокот, консултирај се и за ова. Исто и диетата изанализирај си ја, вежбање/физичка активност, ова исто влијае на притисокот и ти е попродуктивно трошење на време и енергија, нешто што можеш да го смениш и контролираш.
Кога пишав овде за една друга членка, дека од толку медикаменти може да и се слоши (антидепресив плус средство за смирување, те заспива буквално), следуваше бурна реакција од членка реално незасегната. Ама тоа е, форум.
Овие симптоми што ги наброја се се симптоми на низок притисок, а анти-акс медикаменти и терапија го намалуваат притисокот, поготово во коктели ако се пијат може да дојде до помалце или повеќе озбилни несакани последици. Кој сака нека се вреѓа и тантруми од темава, тоа е факт(што треба да е поопшто познат и запознает и од терапевти и од пациенти, ама ете) .
Точно истото и јас го пишав,дека одеднаш не се пие СЕ.А она пие ад,витамини,антихистамин,аналгетик,реглани и што уште не во едно.
Да, испив дијазепам кој ми го спушти притисокот дополнително, плус ноплаза а зошто ја испив не знам ни јас кога таа се пие на гладно, плус пробиотик и капки од ѓумбир. Не сум тачна, и матичната др ме испокара, ми се споил притисокот или уште понизок бил затоа сум изгубила свест, така ми потврдија сега на дежурен, плус еег на глава ми закажаа. Да, јас не знаев дека сето ова може да влијае лошо, се си пиев одеднаш. Катастрофа.
Се осеќам осамено.... Не се видов со никој, вчера бев на раб 2ра смена, денес одмарам цел ден. Дома сум... Добив. Едноставно нз што ми е сега..
Иста сум, почнав да пијам рефине и вака лошо на стомаков не ми било одамна... не знам дали е до капките или е од состојбава наша. Може да ти пишам инбокс?
Не си сама верувај. Затоа ја имаме темава. Мене никој не ме разбира освен сопругот. До скоро не ме разбираше ни тој се додека не му реков не се осеќам добро само се собира све во мене морам на психолог.
Да бе и тоа се од доктор препишано. Затоа се прашува фармацевт дали смееш да мешаш, докторите не ги засега и таа е реалноста.
Луѓе хелп, имам чувство како да ми гори левата страна од грбот со се раката и одма лоши мисли ми се вртат во глава и уште полошо ми е
Диши длабоко, излези на воздух, измиј се со ладна вода, седни пушти емисија или серија омилена за да ги отргнеш мислите.
Здраво дечки. Еднашка мислам имам пишано овде, па да се пожалам пак. Долго време се борам со анксиозност, пред месец и пол добив влошување на симптомите, затоа што дознавме дека свекрвами е тешко болна. За да биде ситуацијата полоша, минатата недела и беше погребот. Моментално веќе долго време се осеќам изморена, очите ми паѓаат за спиење, имам некое чудно потење во телото, исто така и главата како да ми гори. Имам чудни главоболки, како некој да ме кубе за коса, болката е шетачка низ главата, се појавува па се смирува. Бев кај 4 доктори, од кој еден Невролог , неврологот ми провери рефлекси, и рече дека е на нервна база. Ми даде да пијам Елицеа, и оваа среда 2 недели како ја пијам. Сеуште немам ефект. Знам дека треба време. Елицеата ја пијам навечер бидејќи многу ме успива. Кога сум премногу вознемирена пијам Деметрин, или сабајле или вечер, исто така и Неуровит пијам или сабајле или вечер во зависност како се осеќам. Деметринот и Неуровитот не ги мешам. Ама имам постојани успивања, желба за одмор, и згора на тоа притисокот ми е стално паднат. Да напоменам, и да не се напијам апче за смирување, пак се снеможувам. Пак ми е паднат притисокот. Знам дека последниве два месеца се истрошив и психички и физички, ама зарем е можно волку телово да ми клапне?
Здраво,од вчера почна да ме боли под мишката,како да ме пржи...дали е можно од дезедорансот што го ставам? Бидејќи е парфимеризиран и некогаш кога го ставам ме пржи под мишката..некогаш ми се случувало да ме пржи така под мишка 1 до 2 дена и ми проаѓало,но страв ми е сега дан не ми пројде..дали на некпј му се има случено слично?