Па вака, истиве симптоми сум ги имала, ама кажи ми зошто би ти препишал антидепресиви за главоболка? Инаку и јас имам некогаш како игли во главата, башка истото тоа со жештината, па поминува. Не знам, очигледно не ги интересира.
Докторката детално ме прегледа, не спомна антидепресив се додека јас не и кажав дека се мачам со анксиозност веќе 6-7 години. Затоа се препишани.
јас пиев демитрин со години, не осетив дека е нешто посебно јак, а па диазепам се имам напиено неколку пати и тоа од 5 мг воопшто не ми делува
Не знам дали претерувам и сум разгалена, му кажав на еден близок другар што ми се случува и ми кажа дека имал психолог кај што одел т.е. Се знаел со него со години и ептен близок. Очекував да ми рече, ќе се јавам ако сакаш ќе ти закажам ( мислев за побрзо) или да речи да се јавиме заедно. Му велам стварно ми е страв и страм. И ми рече, е па кога ти е, седи и ќути. Дали претерав?
Поминувај повеќе време во природа, пешачи со поблиски пријателки што минале низ некој стресен период - секако дека ќе наидеш на поддршка. Вежбај, макар тоа било и да скокаш на еден обичен ластик. Не ти препорачувам лекови, посебно не елицеата. Не знам зошто сите ја препишуваат, ама лекот ретко кому годи и вистината е дека не е за секого. Ова ти е само лош период, верувај, ќе се средиш. Ако ти треба разговор, пиши ми кога сакаш.
И јас не знам зошто ги препишуваат како бонбони, кога факт е дека те прават зависни и башка тоа цело време поспан си. Јас на пример никогаш не сум пиела, ама тетка ми пиеше и знам дека имаше проблем со меморија, концентрација, препознавање и поспаност. Едино што знам е дека во странство вака лесно не препишуваат терапија. Учењето е првобитно да добиваш што е можно повеќе сончеви зраци и разговор. Бабите и дедовците наши имале исти периоди како нас, едина разлика по социјални биле и секојдневно се социјализирале. Ние за жал не сме такви, се е игра, се е топло-ладно. Факт е дека луѓето полека се оттуѓуваат, а уште поголем факт е дека без колективна поддршка нема да успееш да се излечиш. А на сите ова им се случува, само ете мал дел од нас отворени се.
@Spicy Senorita па баш дека не се замараат, оти полесно е напиши лек и терај. Добро, некои состојби можеби налагаат, но конкретно оваа ми падна чудно. Да, загуба на личност е, но може да се реши и со психотерапија.
Како сте? Главата напред ме боли како станав, хаос сум со главата, како зашемутена се осеќам. Одма си правам филм и си поврзувам дека имам некој тумур на главата, претешко се осеќам.
Луѓе, трет ден на добиено, ужасно се осеќам. Зошто вака? И дали е нормално?премногу измешани чувства и премногу сум чувствителна и ми се плаче Не сум ни спиена.
Плус на болница бев сама, ми земаа крв. Плус ненајадена бев и после отакако ми зедоа само благо каснав и пешки 20 мин слегував од болница. Плус на не толку блиска другарка татко и почина од рак и видов на фб... Плус на раб сум втора смена. И толку... Ти благодарам за поддршката
@Dikinzi дали ќе може да ми пишеш во порака? Околу состојбата во која си сакам да поразговараме. Дојдов да пишам и за мене. Веќе месец и пол како одам на Невролог. Минатата година исто ова време и на интернист бев. Конкретно да кажам за состојбата во која се наоѓам. Веќе 2 години константно имам главоболки. Разликата е во интензитетот. Некогаш болките се јаки некогаш слаби. Ама цело време ги има. Пред месец и пол имав толку јаки главоболки што дури и повраќав од болка а ни ефридол ни Аналгин не ми помогна потоа зедов Франс магнезиум и заспав. Два дена не можев хранопроводот да го оправам зашто ме гореше од сите тие испиени прашаци. Посетив Невролог. Неврологот ми даде Налгесин 3 дена да пијам по 1 а потоа по потреба и магнезан. Ме прати и на очно и на орл. На офталмологија ми рекоа дека видот ми е добар. Диоптер -0.25 ама не е ништо значајно ни па може тоа да предизвика главоболки. На орл излезе дека синусите ми се поотворени и поголеми од нормално но таква ми била градбата, нели сите не се 100% исти. Ми даде риноко спреј бидејќи носот долго време го чувствував како затнат т.е откако ја прележав короната па мислев дека тоа е еден вид последица. Арно ама освен главоболката јас имам и чудни вртоглавици. Тоа трае 1 год. Само лани кога прв пат се појавија искрено не знаев како да објаснам на лекар ама не се за занемарување. Ми се чини како да ми се потресува мозокот. Она чувство како кога седиш и има земјотрес. Те лула. Чувство на секундарно губење координација и како некој да ме крева и да ќе ме акне од земја. Како некој со некоја сила да ме турка и јас паѓам. На втората контрола докторот ми даде урутал поради тие вртоглавици. Ама некако многу големо подобрување нема. Главоболките се смирија но присутни се вртоглавиците кои ми ствараат паника. Си велам зашто Неврологот не ме стави на компјутерска томографија зашто сигурно има нешто. Да е анксиозност тоа колку што знам не дава такви вртоглавици туку повеќе е тахикардија со отежнато дишење и чувство на паника. Имал ли некој вакво нешто?