Јас сум нон стоп со модринки на нозете,несмасна сум, брзам и се некаде ке се чукнам и сама не знам каде,и само ми се прават модринки,удрена си некаде не се сеќаваш, ако ти е крвната ок, нема место за паника
може да ми кажеш колку години имаш? Играат голема улога годините и хормоните за да имаш вакви симптоми пред добивање. Исто така и тоа дали пиеш некои лекови. Не мора да значи дека анксиозност е "поактивна"
јас гитимам истиот проблем. Крвна слика ок а крвните садови си пукаат. Поради тоа се јавуваат и модриците. Мене ми препорача интернист витамин ц од 1000 мг да пијам ама не можам тоа вечно да го пијам. По прекинувањето на витамините по одреден период пак се јавуваат модрици и веќе не одам на лекар за тоа.
Не не ова се баш модринки, вчера се утепав од плачење дека нешто ми е поради тие модринки. Железото ми е слабо само, Испитуваше нешто додатно плус? Мене само што ми е малце слабо железото 4ка, друго е во ред крвната слика. Се мачкам хепатромбин, пијам железо и вит Ц од 1000.
Пак јас. Женски, дали сум нешто болна? Ако некој пример кажи дека пример правел ехо, мамограм и јас одма помислувам дека сум болна и сакам да одам на сите испитувања што посочат. Одма мсилам дека сум болна од рак и во мислите се збогувам со сите. Кога со некој зборуваме општо и ома мислам дека тој мисли дека дум ментално болна и дека се познава дека сум психички растроена и се со ред. Ако пример заминам во друг град или со нови личности правам муабет одма мислам дека ме потценуваат, се осеќам изгубена и мсилам дека не знам каде сум, а не реално дека не знам. Снаодлива сум. Дали ова е анкс и депресија? Или сум сериозноста болна нешто? Не ужива воошто во животот и само лошо мислам. Инаку чекам термин за психолог. Не сакам од дома да излезам нит да се држам, нит па да одам општо пример на заболекар и сл. Многу плачам.
Дечки дали вас ви се случило од постојано брзање, за на работа, дома, актовности и сл, да чувствувате притисок во градите и срцето, бев пред 2 месеца на кардиолог, се е добро, а состојбава дополнително ми ствара паника, реков не одам веќе на кардиолог, ама симптомиве ме враќаат чекори наназад. Дали ги анализирам сите симптоми, кога ќе видам некои си разговараат дали на тренинг, роденден и сл, јас мислам трема, такихардија се ќе ми се исподеси. Луѓето едноставно уживаат во дружбата и се опуштени, а јас никако да се опуштам.
Да, скоро се што опиша го имам јас, се што ќе слушнам и прочитам одма барам симптоми и доктор каде да се снимам за тоа, за да го ислучам од глава, правев и ехо на гради, ма што све не направив веќе.
Јас лани, се разбудив со модринки по нозете. Некои и така поголемки беа, не знам зошто искрено, оти ниту земав/земам лекарства, ниту се удрив некаде. И мене ми беше криво од каде се појавија, брзо исчезнаа. И фала му на бога не се повторија. Кај мене во сон и после сон, лоши т.е бизарни работи се случувале. Ама јас почнав да игнорирам и да не се вадам од памет повеќе. Инаку, јас отсекогаш сум имала добро железо и никаков здравствен проблем, освен ова чудово што ме јади понекогаш, кога сум емотивно слаба и дозволам.
Значи може и на психа да се појавуваат? Мене ми е слабо, плус денес добив, и немам ни апетит хаос сум пак.
Јас цела недела плачам дека нешто ми е, дека сум болна, дека децата ќе си ги оставам, одеднаш ми доаѓа како некок паничен да е ова со плачењето, и плачам ли плачам не можам да се смирам.
Искрено, не знам зошто се јавуваат. Оти да беше од хормони и претходно ќе се јавеа. И јас мака мачев со апетитот последниве неколку дена, се убедив себе си дека не смеам да гладувам. Си зготвив, направив смути, и се почестив со нескафе. Хаха, тешко нас...
Сакам еднаш засекогаш сите да се опуштиме и да не се замараме со се и сешто. Кажете како си помагате себеси. Што најчесто ве опушта, концентрира и ви прави да се осеќате убо.
Еве добри теми за ова, штета што не се толку активни во споредба со оваа. https://forum.femina.mk/threads/Живот-без-анксиозност.34610/ https://forum.femina.mk/threads/Мали-достигнувања-за-нашето-здравје.33886/
Проблемот кај тебе е што мислиш дека треба да се осеќаш убаво 24/7, да ти е се подредено, да ти е се мирно.. кога ќе сфатиш дека никој нема идеален живот!! До кога ќе се споредуваш со другите? Сакаш некој со магично стапче да дојде и да ти направи да си позитивна. Во кој свет? Нема човек кој денес не пати од некоја врста на анксиозност. Читам се плачите ако ве зачеша јазик.. Па мене ќе ме зачеша ќе го зачешам од забите и толку. Не анализирам. Многу се анализирате и се оптеретувате со глупости и си ја храните анксиозноста а тоа е само затоа што не сте задовлни од она каде што сте моментално во животот. Наметната ни е некоја матрица деа мора животот да биде: образование, работа, семејство и толку. Е не е секој среќен така. Не се наоѓа секој во тоа. Најди си ти што сакаш. Седни си и направи си муабет со себе си пред огледало. Прашај се ти што сакаш. Како си го замислуваш животот. Не родителите, не околината не другите, ТИ лично. Не се сеќавам кај ја најдов оваа вежба во еден период многу тежок за мене, си седнав си направив сама со себе муабет, со саати анализирав луѓе, ситуации се како ми делува и елиминирав. Она што не можам да елиминирам, неутрализирам. Е тогаш ќе можи да ти биди убаво. Идеално не. Ама бар ќе си бидиш своја во психата. Милион апчиња, милион психијатри, психолози нема да ти помогнат ако сама не сакаш да се соочиш со себе си.
Да си ја прифатам анксиозноста, и да си се научам себе си како почнува. Како можам да се справам. Со тек на време станува лесна за менаџирање. Се што ме плаши правам , во глава си имам ред на работи како мора да се направени . Пример зборам со некој на било што , се сконцентрирувам на тоа и не размислувам друго. Или си правам план и програма на нешто.. Лоша ствар е јадам/грицкам тоа ми е некоја замена за која се држам и која ја решавам сеуште. У тетратка запишувам како сум се осеќала што предходело , после ја гледаш шемата и тоа дека е обична анкс паника ништо посебно. Што и да биде нека биде, ако треба нешто да се деси нема да имам па немам симп. Рационалност и приземност
Мене ќе почне да ми се гади и одма мислам на фатален чин како минатиот пат, дека ќе паднам во несвест повторно, пробувам да смирам мисли, ама тешко ми оди, ми е страв дека ќе паднам пак кога почнува вака да ми се гади, не сакам да си правам филм дека нешто ми е одма, не сакам! Ќе се мрднам не можам!
. Пушти си музика, еве јас соул слушам ќе те опушти и работи нешто макар и да прередуваш во 12 навечер