Запознав машко, исто како мене, со состојбава. Жал ми падна, толку беше нервозен, срамежлив, тешко зборуваше и со некоја огромна тага во очите. Му спомнав, можно е да имаш анксиозност. За жал, кога почна нештово кај мене, а почна некаде кај 2015 година, јас немаше на никој да му поверувам дека имам баш анксиозност. Така и тој. А пред секоја социјална пригода се препотував од страв, како срна уплашена. И секогаш се наоѓаше некој добар да ме утеши, ама за жал ова со збор не се решаваше. Некои непотребни внатрешни конфликти, а добра бев пред тоа и со социјализација и со се останато. Се чувствувам како некој последниве осум години да ми ги има украдено, како да ми ја измачувал душата со тие соништата безвезни и глупи, дури и суеверна станав. Да се вратам назад, ми кажа дека бил екстроверт и дека бил среќна личност. Му поверував оти видов стари слики и стварно делуваше на таков. Зошто оваа болест/состојба ги погаѓа најдобрите души? Емотивни сме, размислуваме со срце и длабоко патиме.
Епа ете мене 4ка а имам модринки, што да кажам не знам, ама ќе одам на трансдузиологија ќе испитам се, па ќе видиме. Епа 30 ни навака ни натака не си, хахах. Имам 2 деца, сопруг, и се нормално за живот нели, ама ете ме стигнаа оваа глупава дијагноза пред 3-4 месеци, поради претрпен стрес, не можам да се опоравам, не прашува за години за жал. Пијам зепира 7.5 мг и дијазепам по потреба од 2мг. Бев океј некој период, по претрпен стрес повторно ми се вратија симптоми некои, во вторник ќе видиме што ќе кажат, сигурно ќе зголемат доза на АД. Не си поарна? Се напи нешто? Јас електролити со витамини си пијам, ладна вода, и си лежам, за сега сум малце поарна, па ќе видиме, се мења во секунда се кај мене.
ништо немам испитувано освен крвната слика. Најчесто нискиот хемоглобин два така модрици. Уствари се сетив. Додека бев бремена исто ми излага модрици (како што кажав, цел живот ја имам таа мака) и сестрата кога ми мереше притисок на еден преглед забележа на рака модрици и се уплаши рече да не е нешто.... и викам ами јас цел живот вака ми е. Ми рече одма да му кажам на гинекологот тој ме прати да испитам д-димери. Ми беа покачени, на горна граница. И исто витамин ц од 1000 ми даде и за подобрување на хемоглобинот
со тебе на оваа тема можам 3 дена да си зборам. во смисла оти се замараме з асе и сешто и не можеме да асе опуштиме. А обратно ни јас не знам како ама навистина . И во таа несреќа среќата е што не осеќам притисок поради тоа замарање. Инаку имав една другарка освен што многу обврски носеше на грб беше и многу напната и под притисок.
ги "заследив" темиве. Благодарам што сподели. Во неколку теми низ форумов се поставува прашањето што да се прави за да се намали стресот да се зголеми релаксацијата и сл ама во темиве не се диску за жал
Пак јас, како сте со спиењето? Јас вчера изморена бев, одвај чекав да си легнам. Само што легнав, почна нешто да ми шета низ главата, болка во скалпот и пулсирање. Видов-не видов зедов апче. Толку сум заспала длабоко, што дури сега во 10 и 30 сум станала, што е реално касно за мене.
Е добро де си се наспала.. Болката во скалпот и пулсирањето најчесто се рефлектираат од напнатост на вратот во текот на денот. Пред да легнеш гледај да се опуштиш, пушти си некоја медитација имаш на Youtube Guided meditation for stres relief and anxiety.. и не анализирај премногу!!
Nova den novi simptomi od sqbajle Mi trpne obrazi race noze bukvalno se a sama sum mnogu se plasam da ne e srce ili nesto slicno
Долги години имав анкс и тешки панични напади. Сакам да кажам дека премногу анализирате се, живи сте нормално ќе ве боли, боцка чеша пржи, отиди на лекар и поверувајте некому дека сте добри. Убедете се сами себе дека сте добри и дека ќе помине се. Значи еден стрес, еден паничен напад се знае да имитира. Не дека немам моменти коа ќе ме стегне кај гради, или чука брзо срце или пулсира и тоа се. Ама имам опција да се секирам и вознемирам допочнително или да фатам било што да правам и да не мислам. Најдобро нешто е да имаш некој кој ќе ти ги валидира сите симптоми ама нема да паѓа у транс и да те жали. **Тоа мислам највеќе ми помогна, заедно со запознавање кога е почеток, кои се симтомите и прифаќање на истите ко нешто нормално. Него во лице ќе ти каже дека треба да земеш воздух и дека океј ќе е се. Освен ако немаш некој пропратен медицински проблем, лесно никој не умрел, уште помалце со денес сум хаос утре ок. Човечко тело и те како може да издржи многу работи. Онака ќе си речеш само мене ова, никој нема а тон луѓе запознав што имале или имаат. Само кој како успева да се исконтролира. Немам искуство се земање на лекови освен б6 бар то ми е кажано од психијатарчо.
И кај мене беше иста ситуацијата, иако имав анкс никакви лекарства не пијав/не пијам. Но, кога ќе почнат несониците и тоа одвратните кошмари некогаш едноставно за смирување мораш да се напијаш нешто. Инаку јас знам да менаџирам стрес и при срце не земам ништо. А ако се случи такво нешто, брзо филтрирам мисли и гледам тој момент да заврши побрзо. Значи, кај мене барем, од стрес не е. И во право си, да зборуваа сите отворено за ова, како што се зборува на форумов, немаше да се чувствуваме толку изолирано, во смисла само нас ни се случува и на никој друг. Е ама, не се зборува, табу е. Затоа овде си бараме утеха.
imas nekoj da viknes da ti pravi drustvo? posigurno kje se cuvst mene mi e mnogu polesno koga citam deka i na drugi im se slucuva ova i deka ne sum edinstvena. Samo malku kasno go otkriv forumov.
@Spicy Senorita нели? Имам зборувано со другарка/ки, да ќе те потолерираат ама не и на долг рок. Викано е де, турни под тепих и готово, ама не е така. Треба да се зборува и со родители и биски за ова, да се објасни и да се бара подршка. Ненормално многу помага кога некој ќе ти каже паника е де не драми, може ќе се наљутам, ама тоа е вистина и со тек на време сфакаш;Какво чудовиште е и што се прави… Мене храната ми прави анкс, бинџови чуда, долго време депресија, од анксиозност цела 20та декада глава не кренав, од се страв од се мисли.. ред на животни настани и кренав раце. Го чувам тоа девојче и не и давам многу да чувствува и мисли, не е светов за неа. Не дека е добро, гледам да имам момент кога ќе чувствувам после тој саат/два/ден, само постојам додека не ми се врати сјајот.. За мене лично бедоксин сега за сега ме смирува и успива( дал си се убедив дека е така дал стварно не знам)… дада, само си зборував, колку ве разбирам…
Освен binge eating, оти јас под стрес не јадам, губам апетит, ме опиша буквално. И јас пропуштив многу настани заради монструмов. Сум откажувала при паники, и дејтови и излегувања навечер. И јас така, си чувам слика дома, урамена каде што сум како мала. Не за друго, туку никогаш да не му дозволам на детето во мене да страда, како што било порано. И последниве години зацртав строги граници, кој и до каде смее да оди со мене, ете не им било јасно како сум толку емотивна, епа јас не сфаќам како е некој камен. И да, сфатив дека можам да се дружам само со луѓе како мене.
Каде ги наоѓаш? Јас освен тука немам сретнато? И да знаеш, како најголемо проклетство е да си емотивен.
Другарките со кои се дружев во средно, беа речиси сите такви. На факс запознав како мене, доволни колку за друштво. Контактите за жал не се редовни, оти кај таа со која имавме нај емотивна конекција како пријателки се случија некои работи, го смени карактерот 360 степени, а јас и бев психолог бесплатен. Мислам, ме сфаќаш, дека нема смисла да бидам нечиј психолог оти и јас сум поминала низ исто/бетар. Е сега во последно време, си имам две комшики со кои сме во пријателски односи. Не знам, јас можи на форумов оштро делувам, во живо сум не срамежлива, ама дефинитивно ми имаат кажано дека делувам повлечено. И такви луѓе привлекувам, ама за жал не секогаш, некогаш и олош влечам по себе.