Мене левата рака некогаш ми трни, некогаш врвовите на прстите. Исто и кај главата, како игли да влегуваат и боли буквално. Некогаш стапалата ми вибрираат. Некогаш ме боли внатре ушниот канал, т.е нервот кој ми е активиран. И сега што? Не знам ни јас како и што понатаму. Само темава дава некоја надеж, каква-таква. Денес пак без енергија, одвај подсработив нешто, цело време успана, како под хипноза. Утре се надевам ќе биди подобро. оти ние за утре живееме секогаш. Gn.
Цела недела одлично, енергија фул, можев планини да поместам. Од синојка никако. Пулсот околу 100ка се движи. Бев на интерснист и се беше океј освен воспален желидник. Хеликобактери негативен. Чаре за пулсов? Када да се обратам? Пиев само верапамил и ќе ми се спушти и пак ќе ми рипне. Ептен вознемиреност ми ствара...
Мене ми е така од желудникот ко ќе сум гладна, и јас сум со гастритис. Ко ќе ме фати желудникот и нервозна сум и депресивна и што уште не. Пиј и апчиња за желудник се надевам ќе се среди.
Па ако ти е од тоа,да. Јас имам тахикардии ко ќе имам киселини, болки во желудникот или гадење, ко ќе ми е смирен желудникот немам. Ако ти имаат препишано апчиња пиј ги ке видиш како ќе ти е, штом се друго е во ред најверојатно е од тоа. А тироидната дали ја имаш проверено?
I jas iam problem so zeludnik,posle sekoe jadenje iam teskotija…ama bashh nikakvo apce ne mi pomaga,ni nolpaza ni famosan ni ne znam so
Да да проверив, се во нормала. Сите хормони уредни. Ми препиша нолпаза па почнувам од утре пред појадок и пред вечера.
Ако ти е така после јадење, тешко ти се вари храната, пиј пробиотик некое време. Веќе експерт станав за проблеми со желудник се мачам година ипол со него
Јас наутро вака, после појадок одвај се свестувам кај се наоѓам. Ниту јадам обилно, ниту јадам мрсно, се е здраво и нормално. Ама мене ме фаќа тешкотија и веднаш ме удрира на спиење. Јас имам и проблем со регулација на телесна температура. Одвај се затоплувам откако ќе станам наутро, цела смрзната и дезориентирана.
i jas od koga ke jadamm cela pagam kako vo trans,loso mi e,neam sila,se mi se koci i gledam da legnam oti mislam ke umram
Веќе пишав на една членка изанализирајте си ја исхраната,ете поврзаноста со стомакот и анксиозноста сте ја спомнале, тоа ви е попродуктивно трошење енергија, гледајте и фокусирајте се на тоа како може да си помогнете, читајте нутритивни занимливости, и останата позитива, психологија, и тоа ќе ви помогне во чувство на моќ и контрола во ситуацијата, наместо да запаѓате во бескрајна бездна на хипохондрии и паранои, и трчате веднаш по (само) дијагнози и апчиња. А и фокусирањето на негативности и кукање доколку се дозволи после одреден период станува (лоша) навика. Никој не може да ви помогне ако сами не сакате да си помогнете.
Како сте? Мене ми зголемија доза на зепира, сега 10 мг пијам, и имам малце главоболки и мали вртоглавици денес.
Денес добро и со енергија, воља за живот и сл. Вчера ужас, само ми се спиеше, како покосена бев. Мислам пишав и претходно, јас имам неколку дена во неделата во кои не функционирам воопшто. Претпоставувам и кај тебе е така.
И мене ми е така, поготово попладне, работата ми е седечка, башка проблем со вратна кичма.. во комбинација со состојбава е крш.