Пробиотик е ова? Нолпаза пиј ја на гладно сабајле пред оброк минимум 1 час, кај мене така има ефект. Плус пијам шумечи таблети витамини, плус Б витамини, плус Ц витамин, плус железо ради ниско железо и модрици на нозе, АД зепира 10 мг. и 2мг. дијазепам седатив, ова ми е за 3 год. што се немав напиено апче никакво освен парацетамол, јбг. За гадењето ми помага чај од ѓумбир или маточина, и капки Наусолвит од ѓумбир за возрасни, ладна вода кога пијам ептен ми е подобро исто така.
6 evra vo DE nolpaza ne mi pomaga iam pienoo….operisana sum plus od zolcka moze i zatoa iam teskotija
Искрено, безобразна беше ама не ја откантав, само ја изигнорирав, да не може да праќа пораки со cry outs for help, да враќам на пораки како бесплатен психолог, за потоа да видам слики постирано. Ако беше толку лошо, како успеа да се спремиш за излегување? Или сакаше мене да ми го поеби времето ваљда. Инаку, има изгледа алтер ега. Цело време менува карактери и нема стабилно мислење. Обожава да ја газат луѓе кои имаат поголема моќ од неа. Оти долго се дружевме успеав да ја изанализирам и можам со сигурност да кажам дека таа е единствената личност со која имам зажалено дека сум поминала пет минути заедно. Има и други работи, ама не е се за на форум. Ете затоа сум претпазлива, оти волк во јагнешка кожа не е само поговорка.
Лигавици човек, цицачи на негативна енергија. Има такви само да кенкаат и се жалат, да исфрлат негативната енергија. Значи од такви квази фини прелку таквото
Кога ќе пројде ова лудилоо? Како мозоков да не знае за среќа, знае само за загриженост и замисленост, ја искусувам моќта на мозокот ама за негативни работи, кога ќе прегледам нешто и се е во ред, престанувам да мислам и одма проаѓаат симптомите, болките итн. И одма мозокот се насочува на друга работа. Не можам да научам да се радувам и да сум среќна, има моменти кога ми е најубаво иако е кратко, има и кога ми е лошо што е поголемиот дел таков.
Станав, се расонив, осеќав такихардија, вртење, малаксаност, како да ме прегазил камион. Ајде на сила, се најадов и да излезам со сестра ми, и кажав не ми е добро ама ај. Седнав нс клупа нс сонце и толку, дереализација, паника, вртење и боите надвор јаки многу ми дојдоа и правец дома, се расплакав... Буквално цело тело ме болеше И сега од 13 ч лежам.
50мг Зепира По потребата Лорсилан ама го нема, ми дадоа Дијазепам, ама ни 2ка не ми помага а од 5мг со нив ич не ми е арно.
Смени психијатар што побрзо, години те лечи а ти не си мрдната од мртва точка, или терапијата не можи да ти ја погоди или дијагнозата ти ја има згрешено
Плус, на сред циклус крварам денес. И постојано ми се случува ова и тоа на 2,3 месеци и се нервирам, на 2 мислења бев на гинеколог и аман веќе. Не знаат што е.
Како сте? Штом ве нема сигурно мирно си спиете Јас два дена сум како во некоја кома, транс неможам глава да кренам да има како цел ден ќе го преспијам, ама затоа навечер неможам да спијм.Притисокот туку ми паѓа па ми се качува..ужас
Како сте дечки? Јас мислев конечно ми заврши ова,но гледам сабајле додека седев цела се тресев и се вцрвенував.
Како сме, па не знам, прилично поспано се осеќам јас. И вчера и денес имав две јаки попладневни дремки, одвај се разбудив. Знам, ќе рече некој нормално е. Ама начинов на кој се случува, наеднаш и во моментот заспивам, ич не ми е нормално. Како под хипноза. Такааа да, Евроазија има само периоди на подобро, не поминува за жал...
Исто. Си размислувам колку е тажно каков зживот живеам во овие години. Да се плашиш да се израдуваш, да не биди кратко. Јас па сум добра додека не дојди ситуација да треба да одим сама или со мм некаде, надвор од дома надвор од работно место. Страв чувствувам дека нешто ќе се случи, ќе не нападни некој, мм дека така малку не знај со убо да се рАзбери про кавги, и се се думам да не фати кавга со некој, да не се случи нешто, да не не следи после тоа некој да не нападни дома, абе сценарио прам за едно *бено излегување од дома, в град, на свадба, веселба или сл. Не сум раат, стегната сум скроз и шо побрзо да си влезиме во дво/дома. Незнам какп да си помогнам..