А дали сте пробале да се откажете од кафе? Јас акј мене одкога се откажав од кафе нервозата ми се намали од 9/10 на 2/10
Здраво на сите! Некое време не сум пишувала во темава, а општо не бев многу активна и на форумов периодов. Се чувствував претежно добро последниве месец дена. Се разбира дека имав и лоши денови, но воглавно бев добра. @truffles Ретко пијам кафе. Има денови кога ќе се напијам 4-5 кафина, но потоа цела недела не пијам ни едно. Не сум зависник од кафе, но понекогаш пијам од ќејф. Последниве неколку дена сум вознемирена. Има и причина, но сепак... Во моментов пулсот ми е висок и се чувствувам се' повеќе вознемирено. Ми треба психички одмор, т.е. да не мислам ништо. Тоа ми звучи невозможно. Се договорив да излезам со другарка, денот е убав. Кога и' се јавив пред еден час тоа ми звучеше како одлична идеја, но сега не можам за ништо живо да се поместам и да станам да се спремам. Ме мачат мислите, ме мачи животот. Не знам како да продолжам напред...
Фокусирај се на искачањето со другарка ти. Ако ептен не ти се оди, откажи, меѓутоа не за да седиш дома со цел да размислуваш за маките. Веќе ако се решиш дома да останеш, прави нешто што ќе те опушти. Меѓутоа ако сакаш да шетнеш и сметаш дека ќе ти годи да се видиш со другарка ти, just do it. И покрај тежината што ја осеќаш, спротистави му се на тоа што те спушта доле, едноставно спреми се и излези, верувам дека штом излезеш, енергијата ќе ти се врати.
Добро вечер од мене,како сте денес? Дали ви се случува да ви варира притисокот? Денес цел ден ми е 130/92 мене тој притисок ми пречи одма ме боли глава, дали е од времево, дали од состојбава, плус имам и проблем со вратна спондилоза и врат ме боли цел ден....
Kolku mu ja tupish tolku polosho, to sho ti tezhi izvajgo od tebe I ne mu ja misli mnogu, zhivejte go zhivotot Kako sho vi odgovara vas ,chukalo srceto premnogu,raduvajse sho Chuka,izlezi nadvor proshetaj smeni malce I to e to.
Јас кафе не пијам 17 години, и супер ми е, кафето не е поврзано со ништо во организмот, само е една штетна навика,во психата е тоа " без кафе не можам", пијте какао, ем е повкусно ем има здравствени придобивки
Никој не е излечен туку се носи со состојбата. И не дава да му го конторлира животот. Занеш колку сабајлиња сум станала со мисла дома да седам ? Ама ќе се напијам терапија, се облекувам и одам.. па што биде, И замисли, денот е поубав со смеење со колеги, со промена на атмосфера со се..
Не е психата, ако не се напијам барем едно кафе во денот (а најчесто се три), ме боли главата. Се пробав еднаш со зелен чај, да откажам. Тој зелениот чај е ужасен и така мисијата пропадна.
Невистина. По три кафиња дневно пиете со анти-акс терапија? И добри сте викате, воедно и активни на темава од некоја мистерија. А сте пробале ли некогаш, нешто во рутината да смените, не мора кафе?
Јас пијам, ми го регулира притисокот, океј ми е. Кога ќе осетам да ми смета, ќе го прекинам. А да, правам милион работи за да оттргнам мисли, почнав да вежбам дома, читам книги, прошетки со децата, повеќе игра со нив... Одам на работа секако..
Фала ти за информацијава. Прашав дека кофеинот ги намалува ефектите на терапијата и ја зголемува анксиозноста(општопознат факт нели) а со тоа и можноста од тахикардии, поготово кога се пие со анти -акс медикаменти што дополнително го шокираат системот и притисокот нелиа со тоа и дополнителна можност од тахикардии). Ама добро чим вие сметате дека не ви смета.
Секој различно поднсува.Јас на пример никогаш не сум можела да пијам по 5 кафиња на ден како некои, и пред терапија и сега, еспресо па?? Боже сачувај. Си сакам кафе ама безкофеин, обавезно на јадено ( не на гладно да ми дигне кортизол и после да ме тресе) и тоа некоие послабо, зашто обожавам вкус на кафе. А те разбирам потполно за кафето и анксот дека ако се наливаш со нескафиња, со турски, еспреса и слично нормлано дека ќе те дрма ќе ти прави тахикардија и слично. Најлошо е кафе на гладен стомак.
Се чувствувам лошо, тешко ми е да дишам и душата ме стега. Повторно сум сама. Мислев дека ќе можам, дека ќе успеам, но како? Ова не е она што го сакав и мечтаев, но е правилното што треба да се направи... Се плашам од она што животот го има подготвено за мене.