Zdravo na site eve me i mene denes cel den so nekoe preboduvanje vo gradite sto mi stvara strav i voznemirenost
Може да е од анксиозност, може и не е. Прво оди на матичен кажи си го проблемот, направи основни испитувања, крвна слика, екг, хеликобактер за да исклучиш здравствени проблеми и ако е се во ред тогаш психолог. Разбирам за стравот од одење на доктор поради недоверба ама со седење дома проблемот не се решава.
И што викаат дека може од таа бактерија да е? Не сум во контакт со неа оддамна беше ова, ама некој начин за детално снимање на коски и зглобови мислам беше, дали пет скен, не знам.. нека каже ако некој се разбира во ова чудо. И вчета качи тт? Јас сум болна, пијам амоксиклав уште од саботата, кашлам, имам секрет, а денес и глава ме искина. Со месеци трае кашлањево изгледа, по детево гледам.
Бев кај два други доктори рекоа дека е од тироидната дури се смирила ќе сум кревала тт да не сум се плашела на плуќата сум немала ништо, и се што се случи можело да е од стрес, значи можно е да ми се случи ова што сум стресна и анксиозна ,ете гледате како од нервите се добиваат триста болести, и после состојба била не била болест, анксиозноста е едно големо зло, игнорирајте, инаку вака ке заболиме од многу пострашни болести.стресот е почеток на секоја болест.
Точно, истото ми го кажаа за милион симптоми што ги преживеав летово, најлошото лето во мојот живот! Јас не сум пиела ни парацетамол, а сега стигна триста апчиња да пијам. Напрај ехо на тероидна и испитај хормони. Напраи ртг на плуќа?
Зошто да мора на психијатар? Како дојде до заклучок дека е за на психијатар? За тоа доктор треба да одлучи и да ја испита прво здравствено дали има нешто или нема, а не ајмо тахикардија имам, морам антидепресиви да пијам
Јас ако не бев сигурен немаше да и кажам. По горе напишаното заклучив. Ако не е за кај мојата докторка она ќе ја прати на психолог Убав ден
Шо симптоми други имаш? Јас еве 5ти ден кашлам, првиот ден бев и омалаксана другиве денови само кашлам се откорнав од кашлање, температура немам ама ова чудово ме истошти скроз..
Еве ме и мене пак..таман реков ок сум сега... повторно се чувствувам вознемирено, пред неколку дена почна да ми трепери окото со денови и еве уште, па во цели нозе болка и треперење на мускулите.. правев крвна слика се ок.. незнам што е проблемот..почнува да ме фаќа паника дека кој знае што ми е и да си се тресам од страв, да ме боцка кај срцето... Почнав и магнезиум, б12 со бкомплекс, и калциум од вчера...но исто се... Многу сум вознемирена
Епа како ти е тироидната? Ако се на тоа препишуваат значи некој хормон е мн висок или низок? @flower55555 Кашлање најмногу, и течење нос, малце зарипнат глас посебно сабајле. Вака друго сум ок, не сум омалаксана, вчера и денес накај 21ч ме фаќа паника, ама се смирувам некако, башка сум во ПМС. @Kaley ние со анкс придаваме значење на буквално секој симптом! Порано и мене ми треперело окото со денови, некој нерв е, ако треба и некои капки ставај, не ти е ништо.
Тоа е стрес…ништо друго.Земај мгн редовно и ке се стабилизира. @Tarantulla не ти треба пет скен.Ем што кошта премногу пари(над 1000 евра на приватно) ем што мн тешко се доаѓа до термин.Во Систина за мајка ми сакав пет скен па ми бараа капар,документи од хирург,онколог и што уште не.На крај се откажав дека немав време да прибирам извештаи. Брис од грло и нос обавезно направи си.Гинеколошки преглед,и забите провери.Од расипан заб големи инфекции се фаќаат.Евентуално да не си бремена(некои жени креваат блага Т константно во бременост).
Јас не знам дали е тоа пет скен хахаха, ти повеќе се разбираш, ама кај пријателката тогаш така искочи. Вика дека има правено пнеумослајд. За брис не прочитав, ама може да си направи.
Не сум бремена, немам расипани заби, констатираа дека е од тироидната жлезда, и на пнеумослајд немаше ништо Пнеумослајд направив преку нос и грло не преку крв, тоа било нова проточна метода
Ми излезе негде видов дека треперењето на мускулите или очните капаци е од недостаток на магнезиум, и мене ми беше така почнав да пијам и се смири после една недела, одма неможи од едно апче. @Mumoftwo30 Јас само кашлам, денес по слабо мислев антибиотик да не треба уште то ми фали на желудников ама се смири да не се заречам И јас сум во пмс ама машала мирна сум сега, ама ова е изгледа затишје пред бура ко ќе добијам ќе збеснам