Јас имам афтер шок состојба после тоа со мајка ми. Сите ми велат да не се потресувам, не требало да паничам. Премногу стварнос се испаничив, одма знаете на што ќе помисли човек кога ќе му се онесвести некој пред него. Сцената никогаш нема да ја заборавам.
Како стее? Има ли некој онлајн? Јас неможам да спијам, се разбудив од сон вознемирена, грбот ме боли на средина охххнозете ми жежат долу во мускулот, и левата рака...одвај чекам да се раздении леле се само некој глупави симптоми упм Од кога почна да менува времево многу сум за нигде
Еве и јас се разбудив безврска, нагло рипнав од кревет и како да одев и ми се врти се мислиш.. и главоболка некоја глупава, па како очите да ми жежат, безврска. Уф веќе, а ми се спие ми се плаче.
Аман ние со спиењето секогаш имаме проблем. И кај мене вчера така, се мачев да заспијам и на крај си зедов апче. А супер ден инаку, ништо лошо не се случи, убаво поминав.
Па станав цефев лимон, па кока кола, па шумеча таблета и се напив дијазепам, немав пиено, ама сеа затоа ми се спие ми се плаче.
Животот носи стресови. Не можеш да се изолираш. Дали сега е добро? Готово, помина нема што да се навраќаш.
Јас сфатив дека јас сакам да сум анксиозна, така знам да живеам, моето тело штом ќе проба нешто поинаку, веднаш ме облева страв, паника и бегам во мојата комфор зона. Што мислам, што изговарам, што визуализирам, тоа и живеам, не сте свесни колку ми помага медитацијата и афирмациите што си ги кажувам наутро, секоја сабота одам на планина, се искачувам, да ви кажам благодарна сум и на анксиозноста што ме научи како да живеам, секој момент го ценам и благодарна сум на себе што ги правам сите овие работи.
Знаеме дека носи. Ама ова беше наеднаш, ни колабрира пред очи, ја кревавме, се поврати, чудно не гледаше, отпреврти очи. И да не почнувам во каква агонија бевме. Одма, живото носи стресови. Не е само да се каже, тоа најлесно е да му кажеш некому. Некои луѓе немаат значи емпатија. Ццц. Нема врска, се ќе помини тоа е.
Сум доживеала сум преживеала од искуство зборувам. На 15 години пред мене мајка ми има паѓано во несвест. Што не сум поминала ... ама не само тебе ти се дешава нешто другите во стаклено звоно живееме.
Не се разбравме погрешно туку ти сакаш сите да ти се околу тебе да те тешат да те галат. Убаво ти рекле на психолог дека си размазена. Јас не знам како си работела со психијатар до сега поентата на психијатарот не е да те држи за раче и да те гали по косата туку да те очврсне и да ти даде алатки како да се носиш со стресни ситуации. Ама не, ние сме без емпатија. Најмалку сакам вака да звучам на грубо, особено што знам низ што поминуваш ама верувај кога некој кој поминал и уште врви низ истото ти вели дека ќе помине и сака да ти помогне дозволи му.
Стресни се тие случувања, да видиш сакан како пати. Мило ми е што е добра мајка ти. Ова е совршена прилика да практикуваш соочување со стравот и да излезеш на другиот крај како победник. Зошто? Зошто си поминала низ несекојдневна сцена која ти создала страв за здравјето на мајка ти и чувство на несигурност бидејќи не сте знаеле што се случува. Меѓутоа, сега знаеш. Знаеш што се случило и знаеш дека мајка ти е добра. Само тоа е битно. И ова е совршена прилика да практикуваш благодарност. Заблагодари се дека сè поминало како што треба и дека си ја имаш мајка ти. Сакајте се и искористувајте го времето да бидете заедно почесто.
Не реков дека нема да помине, ќе помине. Не сум разгалена, туку не знам како да се соочам еве со оваа ситуација која дојде наеднаш. Страв, неизвесност. Ма, да јас бев толку храбра и издржав и се направив за неа. Како сум работела, нормално работам. Ми објаснува, ме насочува. Фала Богу, да ме разбере некој. Ти благодарам, на ова мислам.
Сега, ќе си кажам една сторија, во духот на темава. Мислам дека и во тој период анксиозноста кулуминираше, ама скриено оти јас за ова со никого не правев муабет. Пред неколку години се разболи мајка ми. Имам пишувано во друга тема, ептен тежок карактер е, ама ептен. Нејзиното можеше да биди третирано со лекарства, ако ја почнеше терапијата и редовни контроли. Ама, затоа што таа цело време се убедуваше дека е се во ред со неа, стигна до многу комплицирана состојба и операција. Во тој период, јас и татко ми бевме со неа, брат ми беше во странство и не е убаво да речам ама па добро опсервирам луѓе и знам дека ама воопшто не се потреси. Некогаш е многу себичен на емоции и време. После операцијата, јас и татко ми бевме со неа, никој друг. Се опорави физички многу брзо, ама психички до денес не. Стана злобна, зајадлива и огромна портарка. Знам, не е убаво за свој човек вака, ама таа е вистината. Со татко ми почнаа многу да се караат, до степен да, татко ми си има викендица и таму си го поминува времето, со неа ретко се гледа. Јас се тргнав на страна и така и се намали анксиозноста до подносливи граници. Поентата ми е, кога се разболи човек, другите околу него некогаш страдаат и повеќе од него. Затоа, помогни колку можеш и тргни се настрана. И ние не сме од камен, јас бев штотуку дипломирана на факс, а таков шок ми приреди животот.
Некое време не доаѓав на темава, и еве ме сега повторно и гледам истите луѓе пишуваат цело време за истите проблеми. Не сфаќам, одите на психолог/психијатар, разговарате, на терапија сте, сменета еднаш, два пати, три пати, и пак не сте добро. Тогаш знаете дека причинителот на анксиозноста е нешто друго, дали место на живеење, дали работно место, дали некоја особа. Ќе речете “лесно е да кажеш“. Да, лесно е да кажам, затоа што сум поминал низ сето тоа и можам да кажам. Сменив и место на живеење, и работно место, и партнер, и почнав да се карам со особи на кои претходно им преќутував. И ми се лошеше, и ми се повраќаше, и вртоглавици имав додека сето тоа го правев, и солзи се ронеа, и жалопојки се вртеа, и алкохол се пиеше, ама на крај вредеше. Па мајко му стара еден е животот.
Таман кажано. Цел стрес е од премолчување. И јас собирав, собирав, собирав и на крај сфатив дека лошо си правам. Почнав поинаку, моментално сум задоволна.