Денес времево е ужасно за нас анксиозните.. спремајте се на потежок ден. Само мислете си , и ова ќе помине. Метеопати па ако сте како мене. длабоко сочувство.
Сеуште сме во врска не сум ја побарал уште за жена. Долго време сме заедно и неколку пати раскинувавме.
Да лошо е, како станав одма терапијата ја испив, само што го видов сивилово надвор. Засега сум добро, ама до после ќе биде со главоболки сигурно, на ова грдо време отиде притисокот.
Ако си паничар не мора да се земете нека си се роди детето ќе живеете заедно,другарка моја се венчаа кога децата им имаа 20 години.
Хаха, ете ме и мене денес. Башка главоболка ме фука. Башка пмс. Буквално само мислам на прибирање дома. И што ќе правам кога ќе си дојдам и тоа ме радува и ми е искра во тмурниов ден.
Како се справувате со нервозен желудник, дополнително од состојбава чувствувам тешкотија, кркорење, а внимавам на исхрана, дали стравот допринесува да се појават овие симптоми.
Нолпаза Мене ми стои дека не ја сака девојката, не сака ни дете со неа,не сака да ја земе за жена,од бебето го фати паника зошто не планирал сериозно со девојката и сега е во безизлезна ситуација, да го нема бебето одма ќе оздрави.
Зошто му судите на дечкото, си ја кажа маката за да му олесни, не го познавате него ниту неговата девојка, ниту знаете во каква врска се за да им судите и да ги нарекувате глупави, тоа кажува многу за вас какви личности сте и колку сте ограничени, ако имате некој добронамерен совет да му кажете кажете му, а не тикви глупави, сирото бебенце, кажа дечкото дека низ животот се соочувал со анксиозност, со болест, сообраќајка и размислете пред да напишете нешто што може да го повреди другиот.
Епа дечкото нема да е себичен и да си гледа само за себе,гледајте малце за што станува збор …за БЕБЕ не за предмет,на сите нас ни е тешко ама некои работи во животот не се шала и смеа,кога си свршуваше на топло дали тогашш мислеше на анкс и на последиците?!
Тој си знае како го направил бебето, си напиша човекот што го мачи, не побара од никој совет што да прави, само беспотребно го нападнавте само за вие да се осетите подобро, пошто вие "грешки" не правите и сте најдобри во се.
Немам ништо против Калина и не заземам страни. Исто така не сакам кавги и не навивам за истите. Ама ова за грешките, одамна го заприметив. Да му е страв на човек да напиши нешто, претходно на една тема пишав дека за да бидиме во врска, ние жените некогаш прогледуваме низ прсти. Каков коментар добив, комплетно изваден од контекст. Ова е стварно проблем на форумов.
Човекот не рече дека не го сака детето, само објасни дека откако дознал дека ќе има дете, му се вратила анксиозноста, што е сосема нормална појава кога почнуваш да ја носиш одговорноста наречена родителство. Цел живот се менува, па нормално е да потпаѓаш под стресот и неизвесноста, поготово ако си финансиски слаб. До членот: веќе ти е во план психолог, тоа е супер. Разговарај и види и со него дали ти е погодена терапијата. Ако да, почни да ја пиеш. Разговарај, рефлектирај, откриј како можеш да ја смениш негативната перспектива во позитивна. Паралелно истото прави го со девојка ти. Мозгајте и смислите како е најдобро за вас и бебето. Ние не знаеме детали од вашиот однос и планови, па да советуваме дали да се земете или не, дали да живеете заедно или не, и слично. Ама од одговорноста не може да се бега. Неизвесноста е таа што ствара најмногу анксиозност и страв, меѓутоа истата ги преувеличува. Ако си сакал да бидеш родител, тогаш биди среќен. За пари ќе се снајдеш.
Ајде помина некако, со кетонал, дијазепам, 3 кафиња, кока колче, и се смири главоболката на раб. Дома дојдов одма се фатив за чистење, пуштив музика и помош имав дури од моите мали рачиња (децата де), и така во глобала добро го пребродив сивилото денес, помина и главоболката, а јас од цел ден тек сега седнувам, легнувам поточно де. Пмс ме лупа на најјако исто, јадам како будала, поправена сум, ама ако, така и сакав, зошто нема ништо полошо од тоа да немаш апетит, ниту потреба да јадеш, се од оваа глупава дијагноза, не си ја сакам ич, ама секој ден гледам да се справам со неа. П.Е. правев нели ЕГГ, излезе уредно дека е и се во ред, поради 2 пати губење свест во рок од 2 ипол месеци, и премн низок притисок, имам дијагноза синкопа.