Треба да одам на пијачка со колеги, осеќам стрес. Не смеам алкохол да пијам. А сите ќе пијат. Страв ми е да не не се снајдам со разговор, со дружба и сл. Бдв ќе има и нови луѓе
Луѓе, од врело анксиозноста ми е на најјако, вчера ќе се оснесвестев пред колегите. Не ме сетија ќути. Арно ама една колешка дојде со мене, не и кажав ништо, но ме сети. Чекам термин уште кај психијатар и гештлад терапевтот. Страв ми е да не ме дознаат. Кога и да имам нова ситуација со луѓе, морам да добијам напад, сакала или не. Знам, не смеам да му кажам на колегите оти ќе ми се смеат.
Си имаш проблем и ќе се мачиш во животот поради тоа што се замараш што другите мислат. Разговарате во сесија за ова, што ти велат?
Колку од вас имаат папилтации, прескокнување на срцето? Направено екг,его и имам носено холтер и се е во ред. Многу се непријатни и ми ствараат уште толку паника,како да ке престане да работи Можно ли е да е од анксиозноста?
Менр најчесто ми е така пред циклус и за време на циклус. Исто така ми е после некој стресен нервозен ден, ако долго ми траат и се чести во денот со диазепам ми се смируваат.
Пред извесен период гледав кратко видео од една Србинка психолог. На темава, мислам дека се каде-каде посмпремни отколку нашиве доктори. Во видеото кажа дека не познава анксиозен човек кој не е културен и скромен. И дека не се анксиозни заради тоа што нив им фали нешто, туку заради нивната култура и љубезност се ограничени да делуваат во вакво општество. И јас мислам дека има голема вистина тука.
Имаше една изрека, не се сеќавам од кого беше ама гласеше: вие ме исмевате мене дека сум се разликувал од другите, а јас пак ве исмевам вас што вие не се разликувате еден од друг...Само сепак повнимателно и со оваа изрека...Зборот исмева создава непријателски тон и подобро е да се стави збор како чуден/на иако буквално неосвестени лица секако дека исмеваат нешто за што немаат поим зошто е така како што е...тоа кога некој има право за нешто што е од огромно значење и го осознал тоа, а мнозинството плука по тоа, се нарекува уште и психологија на толпата која те надгласува поради бројноста на негаторите кои со агресивноста, а без аргументи те линчува...Само да си меѓу ретките кои не се согласуваат со мнозинството не значи секогаш дека сте вие во право (во некои примери секако дека значи ако во тоа се препознае добрина и желба за хармонија на се со се и има и духовна, душевна и практична придобивка од тоа) Ако се види дека се сметаш за некаква реткост, твоето мислење не ти носи радост, поттикнува девијантни и деструктивни дејствија или тој светоглед не ти функционира во животот, а упорно се придржуваш до него, изградувајќи непробоен ѕид само поради страв од нешто што можеби не постои, тогаш не си во право...треба да си погледнеме во внатрешноста, во душата, да си се преиспитаме и таа ќе ни даде одговор...
Гледај едно видео на YT: The danger of the good child. Ќе видиш што се случува понатаму на повозрасни години, со личност која била строго воспитана. Да биди паметна, едуцирана и да не прави грешки. Јас последниве години се учам како да бидам безобразна. Утврдив дека таквите не патат многу во животот. Никој околу мене не е совршен, не мора и јас да бидам.
Не знам кај да го пишам ова, па ај овде. Од кога бев тинејџерка, јас имам проблем да за време на вечерта спијам доволно часа, и по логика би требало да се разбудам одморена и свежа, ама јас се будам како отепана. Некогаш и со некоја чудна главоболка, а најлошо за мене е што сонувам секоја вечер, дури и по неколку сонови. Тие соновите се обично живи глупости, ама некогаш ме вознемируваат. Правев муабет со блиска личност, ми рече дека истото му се случува, затоа треба да се обидеш да заборавиш што си сонувал. И океј, до некаде се трудам да не памтам, ама наутро се борам да се вратам во живите.
Имам генерализирано анксиозно растројство. Сакам да прашам дали некој има поминато акутен стрес со јаки симптоми кои притоа не се смируваат со денови, дали има простор за грижа? Пример јас осеќав боцкање и жештина во мозокот заради што ми вриеше главата кои траеа неколку денови иако уште не ми се поминати, со придружни главоболки и желудочен рефлукс така што после неколку дена се уште ме пецка абдомен. Нема симптоми што ги немам поминато досега инсомнија, грчеви, дијареа, констипација, со месеци ама не ги сметам за многу сериозни зашто брзо се опоравувам ... Исто, после стрес реакцијата осеќам дека слабо емотивно се контролирам и дека многу полесно се иритирам. Се надевам не се ова трајни последици Инаку медикаменти не примам, ама после ова решив да размислам.
Имам недоумица за работа,ај малку одговор од тие што работат.Менувам професија и сега ми се отвори шанса ,за тоа ,претходно одев на куресви и дообуки и уште одам.Знаење уште ми фали,ама имам понуда за работа со дообука од нивна страна,размислувам дали да прифатам ,ке биде стресно,не знам дали ќе имам доволно концентрација да научам ново скроз .Пред 6 месеци така ме примија за едно ,ама ме фрлија во оган баш и со други работи,и притисок, кренав,стрес,и секое утро рацете ми беа модри,сум ги стискала во сон со нокти,како некој да ме тепал.Мислам јас сакав да го работам тоа и уште сакам ,и треба да доучувам ,многу е одговорна работа.Плус газдиве ми разнишаа самодоверба,како не ме бивало за оваа работа,а под која доза на лекови бев,добро и што функционирав уште.Ужасен притисок.Ај ако сака некој јавно ,може и во порака..
Дали си бил на психотерапија ? Јас исто така сум без лекови, сама, со помош на терапевт со методи, начини надминувам.
Здраво. Јас имам цело време како вртоглавица, некако неможам на нозе да стојам, се осеќам ко да ми се ниша телово и ако не седнам/легнам ќе паднам. Незнам дали е од анксиозност или да одам глава да снимам зашто чудно се осеќам во главава како дизориентирана сум од вчера почнав да пијам ¼ цитрам, дали ќе помогнат и колку време треба да помине за да сум ок? Некој дали се справува со исти симптоми кои моиве, ве молам за искуства и совети