Сочувство за дедо ти. Велиш погребот го помина добро, но тоа е фаза кога си се уште во шок.Тоа ,,добро,, носи подоцна последици.При загуба на има одредени фази кои треба да се поминат.Мој совет, најважно е да посетуваш психотерапевт, уште подобро семеен советник кој работи со трауми после загуба.Имаат техники, начини да влијаат на твоето размислување, за реално прифаќање на животот и да ги надминеш стравовите од болести и се што носи животот.Јас имам прекрасно искуство од семеен терапевт и затоа и споделувам.Треба време, но треба и олеснување на душата пред стручно лице.
Ти благодарам многу драга. Јас се надевам дека ќе биде се подобро од среда. Едвај чекам да одам и разговарам со психологот. Се надевам дека вие сте супер после одредени сеанси техники и поддршка од психолог. Исто така се надевам за себе дека пак ќе бидам среќна и полна со живот. Ви благодарам многу што споделивте на човек му е полесно кога ќе прочита или слушне дека не е сам и дека некој друг поминал некоја слична фаза.
Не е тешење, туку сите си знаеме како ни реагира телото. Нормално, и порано не ми беше страв да седам сама дома, не ми беше страв да одаж во гужви, не ми беше страв од мн работи, од кои сега ми е, и симптомите на анкс ми рипаат до плафон ако се замислам дека нешто ми е, може цел ден да го поминам со мислите дека сум болна. Јас одбивав да прифатам дека на психичка база ми е се, и само одев по доктори за да пронајдам што ми е и која е таа болест, и мене матичната после милион исшитувања ми кажа ти си за на психолог.. а и мн блиски луѓе што ме познаваат истото ми го кажаа.. соодветен одговор не секогаш се бара на форум, ама ете совет да, не значи дека секое стегање во гради е за на кардиолог и обратно.
Следам се' што се пишува, пишувам само кога можам од лично искуство да споделам.Немам ништо против лекови, кога се неопходни, но многу повеќе сум ЗА разговор со психотерапевт.Јас лично разговарам со семеен терапевт и тука имам најдобро ефекти.Да успееме да прифатиме се што ни се случува и поинаку да гледаме на нештата.Кога ќе го постигнеме тој душевен мир ќе биде се подобро.Те поздравувам и верувај дека ќе бидеш добро.
Не е поентата да го извадиш од памет човек, ако веќе патиш од анксиозност знаеш и сама колку ти влијае ако некој баш исто вака ти каже иди на кардиолог, ако веќе сакаше да помогнеш, а верувам дека сакаш, можеш сосема поинаку да ја упатиш членката на лекар. Пример да и кажеш дека ако веќе проверила се физички, да биде мирна, а не да и ја бустнеш анксизноста уште толку. Ете види и сама пиша колку се исплашила после твојот коментар. Знам дека сакаш да помогнеш, само зборовите малку тригерски се. Знам дека сакаш да помогнеш, ама ако не патиш од анксиозност, поготово од GAD, поим немаш кој страв е да одиш на лекар некогаш, анксиозноста има моменти кога идеш по 150 пати на лекар само зашто мислиш дека ти е нешто, а има и моменти кога мислиш дека ти е свашта а ти е страв да одиш на лекар само да не ти потврдат дека ти е нешто. Верувај не постои анксиозен што не поминал низ 1000 тестови на неговото тело за да си докаже на себе дека не му е ништо, а ма без разлика на тоа пак стравот надвладува и секој пат си наоѓаш нешто ново, затоа и се бираат зборови на волку осетлива тема.
Имав и јас слична ситуација со баба ми, бев многу поврзана со неа, но се разболе и брзо почина. Исто и јас прв пат во мојот живот видов мртовец, прв пат бев на погреб и тогаш мислев сето тоа добро го поминав, но после неколку недели ги почувствував првите симптоми, станав хипохондрик, од сите болести се плашев, секој ден по доктори одев и на крај на психолог. Има излез од ова иако ти делува како да засекогаш ќе бидеш заглавена тука ама дозволи психологот да ти помогне, применувај ги неговите совети колку и да ти изгледаат тешки и ќе бидеш горда на себе кога се ова ќе помине.
Точно, баш така! И јас истово го зборам, најлесно е да се каже и пише нешто. Па сега отишла на КС, а 10 дена пред тоа може била на уште 100 прегледи! Треба да се внимава на зборовите на вакви осетливи теми, кога некој се соочува со хипохондрии во анкс. секојдневието му е ужасно ако западне да замислува како е нешто болен.
Иам еден вид на анксиозност и ја, не со панични, не сум хипохондрик или нешто слично ама да, иам осетено поблаг вид на анксиозност, на периоди знае да ме фати и сеа. Додуша со оглед на периодот на константни несоници коа имав и тахикардии, не беше баш блага ама ај, знам дека луѓе поминуваат и ги доживуваат симптомите многу потешко. Иначе и мене ми беше страв да идам на лекар, ја па ги игнорирав симптомите и ги трпев, се измачував, најлошо нешто. Ама не ми беше само на психичка база, органски беше проблемот кај мене па се одрази и на психа тогаш. И сакав нејќев морав да отидам на лекар, зашо не се трпеше више. Знаеш она, глеаш не ти е ок ама ич не ти е ок, а упорно се праиш "јака", дека ништо не ти е, а внатре вриеш и се топиш. Па несоници, око буквално да не склопиш со недели, разни ужасни симптоми, живееш ама само преживуваш уствари. И да, страв имав ненормален да идам тогаш на подетални испитувања, гуглав само по цели денови, дијагнози еден куп си препишував, психата катастрофа ми беше. За после коа конечно се охрабрив да побарам помош од лекар, да испадне дека не е ништо од тоа што се плашев ама секако си постоеше проблем реален. И органски проблем + анксиозноста која и претходно ја имав ама во тој момент појачана нормално. Лошо праев што не идев на лекар, сеа коа размислувам, да беше нешто посериозно, времето не е сојузник во тој случај. Спојлер Туку најинтересно ако така може да се каже ми беше шо од сето тоа гуглање, научив поише работи околу дијагнозите, болестите, дијагностичките процедури, а се праев дека не знам ништо. Ми викаат сеа тоа и тоа ќе провериме, беше знам со Дексаметазон апче, некој тест за мерење на кортизолот, ако е висок после испиено апче, може да укаже на присуство на аденоми на хипофиза па само шо го прочитав, коа они на преглед тоа ми го кажуваат дека треба да пијам за да се напраи тестот па после и наредни други испитувања што следеа за да се исклучат или потврдат дијагнозите за кои се сомневаа. Гуглањево колку и да е корисно у ваков период деструктивно е всушност и само ни одмага ама ај не гуглај да те видам, само ти доаѓа, не можеш да го контролираш, џабе све. Мозокот 300 на саат, пребарувачот само со дијагнози и различни видови и подвидови на заболувања, прогнози ми беше. Се опседнав со болестите, а упорно не преземав што поскоро мерки за да си помогнам. НЕ ГО ПРАВЕТЕ ТОА ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ! Ужасен период, како и да е. А тригери за развој на анкс и претходно си имав низ годините, настрана ова со органскиов проблем. Ама ете за среќа го надминувам некако полесно и се справувам успешно да речам. Ги разбирам низ која мака поминуваат, кај нив и нема обично органски заболувања, оние кои подолго време патат од анксиозност па симптомите најчесто им се поради анксиозноста како што знаеме но сепак викам да се проверат ете за секој случај, зашто и без да се прегледаат секако ќе ги јаде црвот да не е нешто сериозно и нема да бидат спокојни, го знам тоа. Па не глеам причина како вака ако постапуваат со паничење и стресирање си помагаат сами на себе. Нели поентата е да се соочиш со "стравот" за да можеш после да го надминеш. Знам дека е тешко и не е едноставно воопшто ама па и од стравување цел живот не иде, нема логика, се измачуваш само и треба малце од малце да почнеш да го промениш ваквото однесување. Постепено треба да се стремат да го надминат стравот, да си ја прифатат состојбата и да научат да живеат со истата па тогаш полесно ќе се справуваат со потешкотиите. Сум те читала дека ти лично, си ја надминала состојбата или пак ја држиш под контрола и секоја чест што тоа си го постигнала.
Да, баш како што кажа, коа ќе поминеш низ тој зачаран круг сфаќаш колку е без врска тоа паничење и стресирање, за жал нема секој ист карактер и психа и малку потешко поминуваат одредени лиѓе. Мило ми е што си стадиум подалеку и што вака размислуваш, и што полесно поминуваш низ тоа. И да треба да се оди на лекар за да се исклучи секоја физичка болест, али ете баш заради таа психа и зашто сме поминале низ тие паники мора да внимаваме кога даваме совети на вака осетлива тема.
Се согласувам со тоа дека треба да се појде на лекар пред се, но сепак и јас мислам не е во ред така директно да се рече оди на кардиолог и дека треба малку поинаку да се пристапи кон анксиозна личност што е и воедно хипохондрик, јас знам дека сакаше да ми помогне членката и благодарна сум на нејзиниот коментар, после тоа размислувам да направам поскоро ехо и на срце за да бидам мирна, но тоа го прочитав во 2-3 часот ноќе кога станав баш како со страв и читам тоа уште повеќе се исплашив, а реално си очекував од некого коментар што малку ќе ме смири...иначе јас немам само крвна слика правено, тие што ме читале тука ете знаат...незнам на колку доктори сум била за разни состојби толку што еден период секој ден ми почнуваше со одам на болница, ако ме немаше дома децата прашуваа дури во вц ако бев ќе слушнам мама е на болница пак, кај е? А и до толку што му "здосадив" и на маж ми со тоа одење по лекари еднаш ми рече е уште еднаш ако ме викнеш за на болница или речиш ќе одам, не те пуштам да знаеш! И така едно утро си велам ако му кажам кој ќе се расправа станав си заминав на лекар без да му кажам дека излагам додека спиеше, кога се вратив кај беше ми вели...на болница велам..не е можно ми рече сама си се правиш болна ... И после тоа некој период се смирив и сега сум ок не сум како што бев можам да се контролирам подобро и многу подобро се чувствувам да не се подречам се чувствувам посилна немам одено на лекари неколку месеци веќе освен што си ја проверив крвната слика кога пишав... тоа што напати знае да ме стега во градите од кога сум во оваа состојба ме плаши признавам кога ќе сум кажела на лекар екг ми правеле ништо друго, сум била за тоа и на брза помош и на интернист и на матичен но само екг, слушање со слушалките и секогаш било во ред, и еднаш интернистот каде што бев за тироидна ми направи контрола и на други органи без јас да инсистирам само ми рече мислам да правиме ехо и на црн дроб, бубрези, црева итн, од тука ме прати на екг па на гинеколог и ми рече врати се со резултатите и потоа ми вели се ова го направив за да ти кажам и да те прогласам за потполно здрава, и еве те прогласувам но решена сум сега и ехо на срце да побарам да ми се направи да бидам раат колку толку пошто со екг очигледно не сум.. Тоа е, се надевам дека ќе ја победиме скроз анксиозноста сите тука што пишуваме напати разни симптоми и дека нешто ни е...
Веќе една година и повеќе дечко ми има проблем со психата, со размислување и понашање. Со него сум веќе четири ипол години и трите години заедно со него беа прекрасни. Не знаеше лош збор да рече ниту пак да ме навреди. Е сега наеднаш почна да размислува чудно да зборува лоши работи за сите околу него. Ја изгуби работата поради неговото однесување. Нон стоп си менува мислење, еднаш е среќен задоволен следниот ден ги вреѓа сите посебно мене. Беше на психолог не му помогна, почна да се лекува со струи и тоа не му помага. Дали некој имал слично искуство? Тој е 29 години. Сигурна сум дека не користи дроги.Размислувањата и муабетот што го прави му секако на 14 години. Порано си беше нормален
Ако имате искуства со психолози што можат да му помогнат да го насочат да размислува правилно И да може да работат онлајн бидејќи живее во Германија
Последниве 2-3 дена се чувствувам ужасно. Времето го поминувам на телефон или спијам по цел ден. Работата е што полагам во среда, а јас седнувам да учам и не можам ни 10 минути концентрација да задржам. Не можам да сфатам зошто некои работи ми се случија во животот. Си ги преиспитувам грешките во минатото и се каам за некои постапки, но веќе е доцна да го променам тоа. Ми треба нешто за концентрација...
Од Себесложувалка раб онлајн, види контакт од нив побарај, супер се. Да не има биполарно растројство? Нека посети и психолог и психијатар, кажувам дијагноза од ракав, не се разбирам баш.
И јас бев таква последниве три дена, каква поспаност, немање на воља за живот, не можам да опишам. Така да, некогаш не е до анксиозноста, некогаш е и до времето надвор. Денес излегов, башка и да повежбам. Откако си дојдов дома ми надојдоа некои грди мисли дека ќе настинам, ќе се преладам, ќе се разболам бла, бла. Па ме заболе многу главата, се напив пола аналгин и од 9 па се до сега спиев. На вакво време, ваква сум и тоа не можам да го поправам, колку и да сакам. Сакав да кажам, не си само ти.
Ти благодарам за поддршката. Во право си, вчера времето цел ден беше врнежливо. Спиев, само за да не го слушам дождот. Мразам дожд, а звукот уште повеќе! Некој ќе каже убаво е кога си дома, ама за мене не е така. Како и да е, се надевам ќе пројде. Ме сеќира полагањето и тоа што не сум способна да учам...
Или кога ќе кажат на дожд најубаво се спие, јас неможам, ме нервираат капките што ги слушам, надвор никакво, мразам дожд, сакам сонце, да пешачам, не дека и на дожд не пешачам, ама треба чадор да носам, ме нервира, коли прскаат.