И мене, лева рака ми вибрираше, на многу грд непријатен начин. Исто и кичмата, половината, вратот, па дури и стапалата. Некогаш и болно беше, бев и јас на доктор тогаш. Ми рече, колку убаво девојче, ти сигурно немаш дечко, затоа вака. Ми препиша витамини и толку, тој период не знам како издржав, помина по некое време, ама сеќавањата уште стојат.
Ајахахахја, си даваат за право мн да кажуваат така, а тоа баш и нема врска еве јас и мажена па ме стигна, хахах. Добро што си издржала без АД, јас 1 месец пробав и се шекнав дополнително.
Аман бе аман од вакви работи, професионалци се, не се надрилекари па муабетиве ... Разбирам дека може сакаат да те опуштат и да те насмеат ама глупо е. Ко демек фати си дечко ти и одма има друга особа да станеш, ни проблем ни мака, ништо нема да остане. Не е баш така. Тебе добро што не ти рекле, смени го мажот, не ти одговара. Премногу си даваат за право да коментираат, се запрепастувам од муабети ко на чешма кои не им доликуваат едноставно.
Да, тоа сакав и да кажам, ако имаш дечко, маж, деца, пари или не знам што, не значи дека анксиозноста магично ќе исчезне и нема ништо да ти биде. Се е до нас самите, такви коментари од мојот психијатар фала богу не сум доживеала, сосема е коректен.
Првпат се соочувам со анксиозност и анксиозен напад. Имам срцебиење, тресење, забрзано дишење и лоши мисли и стравови. Не знаев како да се справам и зедов Хелекс.
Во ред, ама мораш да посетиш психолог и ако треба и психијатар, не си препишувај сама дијагноза (извини ако веќе си пишала дека ти е од др препишана). Овде сите ќе ти пишеме, смири се и сл. Тука не барај одговори, туку кај себеси, се е до нас самите, пробак да си кажуваш во себе дека не ти е ништо, испиј чаша ладна вода, исцеди лимон, одмори се, поспиј ако треба, дефокусирај се од негативни вести и црни хроники, одбегнувај негативни луѓе, оди на работа не се затворај дома, најди си некое хоби, работи на себе, вежбај, читај, прошетка, кафе со пријателка итн. Знам дека е тешко, се уште се справувам со ова чудо, не сум мн компетентна за давање совети, ама ти пишувам мене што ми помага, јас 1 месец пробав да се справам без АД, ама за жал паднав на дно буквално, и морав да почнам АД со седатив, далеку сум подобро од почеток ама имам уште мн работа. Посети психолог обавезно.
Не не ми се припишани од доктор, во моментот за да си помогнам ги зедов. Три години имам ситуации со константен стрес, некои покрупни, некои поситни, нервози. И некако три години менаџирав со хоби, со работа, со разни нешта и мислев дека сум над тоа и ќе се извлечам. Ама еве ме стигна.
Луѓе, не знам дали е од времево и од тоа што сум при крај со циклус. Ми се спие премногу, осеќам стрес, вознемиреност, рацете ми трнат како нервите да ми се активирани и сум преемотивна и ми се плаче. Сонувам потсвесно и живо и како наназад да ми се враќа се.
Мене моментално ми е вака пред да ми дојде. И откако ќе ми заврши. Цел свет мислам ми се распаѓа од што едвај издржувам. А кога имам, најнормално е. @GirlLove
Дечки денес ми даде доктортот терапија, почнав одма со Fluoxetine и се надевам дека ќе ми помогне. Исто прочитав и многу позитивни коментари.
Девојки,од кој психолог сте задоволни.конкретно ми треба за анксиозност,стравови веќе од се и сешто,панични напади,прекумерно размислување,недоверба.Имам посетено психијатар,но ми треба и добар психолог кој работи со фондот