Проблемот на анксиозните луѓе не секогаш е во главата, некогаш е до средината во која живеат, поточно од другите глави во семејството или околината. Ако ме сфати океј, ако не, пак океј.
Ние очигледно не се разбираме, и јас можам да кажам, не сите луѓе имаат анкс од други глави или околина, може да имаат од други трауми, јас добив од загуба на близок и од сообраќајка.И од тој аспект, можам да помогнам на некој што поминува низ истото.
Osetliva tema DARE,znam deka sakas da pomognes ,te molam spodeli licno iskustvo sto tebe ti pomognalo ,ama konkretno da bide,i dobredojdeno .
Последнава недела не се чувствувам воопшто добро. По цел ден спијам, а кога не спијам, времето го поминувам бесцелно на телефон. Си седам така и од нигде никаде почнувам да плачам. Направив многу грешки во минатото и ги прокоцкав сите шанси. Заслужував подобар живот. Ги затворам очите и си замислувам некои прекрасни моменти кои никогаш нема да се случат. Не можам да живеам во реалноста. Пред неколку месеци ми се растури долгогодишна врска, и како поминува времето, наместо да сум подобра, јас сум се полошо. Сфаќам дека се е во минатото, а имав толку многу замисли за иднината. Не можам да се совземам, а немам ни со кого да зборувам на оваа тема. Ми тежат многу работи на душа. Извинете, но морав некаде да се искажам... Не очекувам никаков одговор.
Ти благодарам Дарко.Јас потполно ја сфатив твојата добра намера да сакаш да помогнеш и споделиш искуство.
Почнав со терапија, комбинирано со психотерапија, тоа од медицински аспект.Сменив работа, бидејќи таму кај што работев не се чувствував убаво.Исчистив доста луѓе кои ми ја цицаа енергијата.Најдов начин кога ќе имам напад, да се изборам.Зборам на тел, излегувам на пешачење, бројам предмети, пишувам, расчистувам.Не кријам дека сум анкс, тоа го кажувам отворено, и на работа знаат.Од кога почнав да зборувам отворено, многу ми е полесно, тој што те разбира ќе те прифати, другите сами се тргаат, супер и за мене и за нив.Тоа се само дел од работите кои мене многу ми помагаат.
Памтам една убава реченица од гештлад терапевтот : Секој ден, почнуваш одново, секој однос можеш да го почнеш наново. Менување перспективи, нови гледишта на работи. Се разбира со помош од психотерапевтот.
Но пак проблемот е во нас, како ние гледаме на работите, како им дозволуваме на луѓето да ни влијаат, затоа за ова треба многу, многу работа на себе, работа на својата свест, едукација, најлесно ни е да ги окривиме другите, ради тебе ми е вака, ти си крив, наместо да се запрашаме зошто јас го дозволувам ова, зошто ми буди ваква и ваква емоција, како можам да се подобрам јас за да таа и таа личност или таа и таа информација не ме погодуваат веќе, се е до нас дечки само некогаш свртете го фокусот на себе, мое мислење
Фала ти за убавата мисла. Искрено, одамна не сум била на психолог/психијатар. А од пролетта немам ни едно апче ставено в уста. Горда сум на себе за овој успех, се чувствувам подобро. Како дрогирана бев претходна, сега не ми оди умот да земам хелекс. Но на моменти имам потреба од нешто за смирување... Треба да посетам психолог или психотерапевт за разговор, ама толку сум ажурна. Полесно е само да си кукаш, него да го спотниш га*от и да направиш чекор напред. Нејсе, си викам дека времето ќе покаже... Ама верувам дека некои работи можеше да бидат подобри, не можам да сфатам зошто испадна вака. Не сум многу активна во темава, но читам понекогаш. Како си ти? Што се однесува до дискусијата... Причините за анксиозноста не секогаш се до главата, најчесто се до средината во која живееме, настаните, траума и слично. Но да потенцирам, тоа се причините. Како ќе прогресира е до нас самите и колку ние *сакаме* да бидеме подобро. Важна е и средината за нашиот прогрес, но најголемо влијание имаме ние самите. И еве и јас да придонесам со една мисла на темава: Анксиозноста (депресијата) е болест на интелигенцијата. Интелигентните луѓе размислуваат што, како и зошто, а оваа нашата состојба е последица на премногу размислување. Јас верувам дека сме посебни.
Не проектирајте со вакви искази. Речиси сите останати сфатија што сакаше да каже и во никој случај не е обвинување на жртвата туку напротив, напиша исправни работи и совети кои треба да се следат.
Никаде не го напишав тоа. Имаш право да напишеш што сакаш ама кога ќе пишеш нешто што некому би му одмогнало, исто како што е твое право да напишеш што сакаш, така и јас имам право да ти искоментирам на истото. Затоа се вика „форум“. Твоето беше чисто проектирање и претпоставка, а слободно можам да пишам и обезвреднување на нечии чувства и проблеми со тоа што пиша дека некој немал толку големи проблеми па затоа му се намалила анксиозноста, што е неточно, затоа што ниту еден проблем не е неважен, а и самиот си пиша дека работел за да дојде до таму каде што е. Ама пак, ако сакаш да избереш аксиозност заради работите кои ги наброја, тоа е твој проблем.
Не сум била никогаш на психолог ама мислам дека имам social anxiety, страв ми е сама да излезам и да си завршам работите што треба да ги завршам, одвај излегвам за да одам до продавница и најстрашното од се е кога треба да бидам во средина со луѓе што не ги познавам на пример кога почнувам на ново работно место. Немам на многу места работено ама после многу кратко време се откажвам од работата заради стравот, а некој да ме праша од што ми е страв и сама незнам. А да непочнам да кажвам за кога ќе треба да се јавувам негде по телефон, некогаш дури и почнувам да плачам после крајот на повикот…
Здраво на сите, се наоѓам во многу лош период поради анксиозноста. Но јас немам анксиозност туку мојот дечко. Па би сакала да ми помогне некој ако е можно некако.. Јас и он се знаеме повеќе од 5год, бевме во подолга врска заедно и одлично ни беше. Отиде во странство за работа требаше да остане 3м тој остана со год за документи,боље живот ,ние прекинавме бидејќи далечината не раздрли, нормално,тензии нервирања,надевања се имало. Цело време со години бевме на социјални мрежи во контакт за да продолжиме понатака, јас бев кај него па си дојдов , као да останев ама се скаравме, и цело време поради неговата кариера и животот што го сакаше надвор од Македонија , брз пари, лудувања нешоо така е таму ние бевме топло ладно а замислете не се гледавме и пак имаше хемии, љубов ,уште траеше тоа и едвај чекавме шанса да се средат некои работи и да продолжиме заедно среќни каде застанавме претходно..сериозно иднина планиравме и двајцата .. Но додека беше таму многу работи сам преживеа без никого,сообраќајки,нервирања разни.. А не може да се врати бидејќи тоа е поважно (парите ,добриот живот за него) И несвесно он во него со години се и сешто сообирал и едвај чекаше да може во Македонија да дојде и да седи колку сака и оваа год му се исполни.. Јас бев пресреќна незнаете колкууу, после секакви карања падови јас сеуште го сакам.. Но он добива анксиозност од преголема радост возбуда неочекување тој ден кога дознава дека може да доаѓа во Македонија и да седи колку сака и слично за визаа… и од тој ден он не е ист,напнат,панични напади,стравови од ресторани, несака да е во друштво и со работата стравови негативни мисли ,проблеми со голтање сее.. Јас дознав за се и бев цело време тука за него. Му препишаа од таму терапија и за 2м дојде во нашава држава и беше подобар, и шетавме излегувавме,радост среќа и двајцата се сакаме и покажуваме тоа и случно…но пред некој ден ми кажа имал повторно негативни мисли не е сигурен за нас ,сака од друштво да се искулира од мене, не знае дали ме сака, вика имам негативни мисли.. не сакам да те повредам сакам малку период на дистанца да сме зошо не сакам да се сфатиме погрешно, да не згрешам па да завршиме засекогаш па блабла… Јас го прашав друга да не има ова она и многу сум љубоморна, ние сме скроз отворени, и разговори сме си покажувале и и двајцата сме темпераментни, тврдоглави ..Нема друга едноставно сака да искучира да се смири бидејќи не е добро, лошо е, само негативни мисли му се вртат, а и јас често знам да го напнам ненамерно бидејќи сакам се да е во ред. едвај чекав да дојде да ни е убаво да уживаме и го сакам искрено… и ми бараше време малце и гледам не пишува толку на вибер 2дена по малку, еднаш се јавува, а он сака така да се искулира и јас денес се напнав премногу бидејќи сум тажна и му кажав ако сакаш сам добро биди продолжи одмори така, он кажа да и тука му кажав доста раб и нешто се налутивме и јас го блок… И луѓе не ми е лесно со години помогнете сега за оваа анксиозност, не му е лесно и него знам..жал ми е сакам поскоро да му помине и секогаш му помагам.. Има многу стваро но доволно е ова. Животот сам во странство,со борења за поврќе пари визи статус го сменија очигледно и наштетија на здравјето.. Ако бидете добри слободно инбокс пишете фала ви.. Се најјдобро и сите да раскинете со анксиозноста а не со партнерите
@harizmaticnana Ти како негова партнерка, требало малку повеќе да го разбереш и да му дадеш поддршка, а не да му раскинеш (ако тоа било причината за раскинување). Тоа е само мое мислење.
Па ние сеуште немаме разговарано на само во живо и решено се. Секогаш се сме си кажувале и сме биле отворени скроз, и секогаш сум била за него тука и кога сме биле далеку, и еден до друг. Пред да ми каже дека има негативни мисли, јас го напнував зашо излегува толку со друштво да не има друга он ме убедуваше ненен, и ми покажуваше и пораки дека нема нишо ,иако видов само дека се пребарувало некоја као инфлуенсерка нешо, со другар.. Јас сум љубоморна многу (но не секогаш, он знае да провоцира па затоа почнувам и проверувам се.. се напнувам и го напнав тогаш) И он почна да збори тој ден ќе ти кажам имам пак негативни мисли несигурност недоверба и слично… Јас од нервоза и брзање реков добро оди со другар утре ќе се видиме блабла… Таа вечер беше со другар и ме повика да дојдам и јас со другарка но не отидов од нервоза.. И сакав на само утрето дента, но се се искомплицира од пишување, он ми кажа остај ме не сакам да се карам, со деугари сум и слики ти праќам.. стварно праќаше слики и ги знам деугарите исто…И утрето дента отиде во диско со нив мене не ме повика и јас од тогаш полудев,почнав да му зборам ако не сакаш нема да бидеме заедно, да не е поради деуга блабла.. он кажа остај ме да размислам, мислам негативно само, имам проблеми не ми е добро треба да идам на психијатар, а пак морам малку да излезам да не мислам на лошо затоа сум во диско или некаде ислезен .. да бидам подобро па ке се видиме, а до тогаш ми кажа подобро да бидеме како на дистанца зошо не сакал грешки да прави додека е во ваков период, и бил несигурен измешано му е се… Му бев и пријател и партнер сее ми кажуваше и он на мене и на неговото семејство само нас ни веруваше и наеднаш така.. Јас му кажав да се видиме деновиве, и се видовме во друштво мое дојде он и не беше лошо само имаше провокации..ама пак се смувавме.. На само не сака да се види иако цело бреме размислува да ме земе да одиме некаде сами и кај него се но не сака зошо не е сигурен, измешано му е се и во ваков период не сака да се кара, знае ако се видиме дека ке имаме што ќе имаме ама и ќе се напнеме и дека ке го нервирам.. А вака сам сака да одмори малку психички и кога ќе размисли убаво и кога ќе биде сигурен ќе се изјасни се. Сега он не знае ништо. Не му е лесно но ни мене не ми е ахх…. Не дозволува ни помош некако и не знам леле… Помислувам и дека не ме ни сакал.. И ка почнувам со негативни мисли тоа е..
Види реалноста е дека сме возрасни, дечково бар ти кажал несакам сега ништо ми треба одмор. Има безобразни што влечат и тњ држат на стенд бај. 1.твое е да кажеш да, ќе бидам покрај тебе ќе те чекам( ризикувајќи ништо да не биде) 2. Жал ми е, се надевам боље ќе си но јас не можам да чекам( што е ок) Луѓе какви се не трагеди поминале( ама трагедии , она животни трагеди) па збореле со своите партнери, граделе и одржувале врска, да, секакви не има. Мислам дека ако љубовта е силна ќе издржи се. Тоа имам анкс, при веќе каква таква стабилна врска, е она што реално сака, да олабавите. Особено кога си со некој кој рањзбира што е(анксоѕ), ти пружа подршка и ќе ти пружа ..
Не знам јас се запрашувам можеби не сум во право, треба само да ќутам ништо да не реагирам, само така да си чекам но не ми е лесно и мене ми се вртат негативни мисли.. А знам како е кога имаш анксиозност бидејќи и јас имав и тешко ѓи беше и мене, имав негативни мисли, се мислев ме боли, секој за мене лошо мисли ме гледа, имав несигурност, недоверба многуу .. Но добро беше кај мене што јас рљзговарав цело време со моите дома, поготово со мајка ѓи таа ми е како другарка.. И со помош најјголема од мајка ми јас го поминав тој период..Но сега дечково не сака да ислуша некако, отфрла, сака одмор, веднаш се нервира… Не знам не ми е лесно, а би сакала се да е во ред со години го чекав..Нормално зошо го сакам искрено.
Не воопшто, со сила убавина не бива. Што повеќе да направиш ? Пак ќе кажам не сме мали па да се тргаме, си кажуваш како што ти е , и тоа е се трудите работите. Мене никој не ми ќутеше, врски што имав никој нити се потруди за нене нити ме сфати, нити врска нити рандом зборење со момци. Се сфаќам сфаќам, а мене кој ќе ме сфати некад? Само еден човек издржа, ама не зборење не подршка ми беше се и уште ми е, за да го задржам морав да бидам искрена и спрема себе и личноста. А и она со мене, без јас да се лутам или драматизирам и повлекувам… Сега, глупа реченица но, ти си знаеш дали вреди да се даваш и даваш и даваш. Побугу анкс е не е неизлечлива болест па сега а бу ву