Те разбирам, исти мисли сум имала зошто понекогаш ме вознемирува гужва. Пренасочи си ги мислите, испиј си терапија, нашминкај се, дотерај се, верувам дека убаво ќе си поминеш. Во ташна носи си вода и нешто благо.
Мислам дека не ти е погодена, или не ти делува, освен ако не ја земаш помалку од месец, два. Лекар мораш да промениш т.е да бараш додека не ти се погоди соодветен.
Целооо време со години ја користам ама ми ја намали сега. Страв ми е и психијатар да применам и психотерапевт.
Не би требало да имаш толку изразени симптоми, може не требало да се намалува, најдобро да појдеш на преглед пак.
@GirlLove Не е дека сакам да ширам негатива, само да споделам лично искуство. Пред некоја година така ме напнаа да одам на забави во ноќни клубови. Роденденот го славев во ноќен клуб, џоа некое изненадување беше, а за мене пропаст. Не дека само се плашев, туку навистина не можев да бидам во затворен простор, меѓу многу луѓе. Се гушев и често излегував надвор, плачев... Вечерта помина ужасно, не сум имала полош роденден. И тоа се случи ради што бев форсирана. Значи поентата ми е, ако навистина сакаш да одиш, ќе ти дадеме совети и ќе ти помогнеме убаво да си поминеш на било каков начин можеме. Но, ако се двоумиш, ако немаш желба, тогаш најдобронамерно немој да одиш.
Се согласувам со тебе, но ја прочитав пред некое време членката исто се плашеше и на планина да оди. Си го намалува квалитетот на живот, а зема терапија, ако терапијата е соодветна ваквите симптоми треба да бидат минимални.
Здраво после едногодишна борба со анксиозноста без АД решив да одам на психијатар за прв пат иако сакав да пробам без АД да се справам очигледно не можам.Тахикардии,главоболки,несоница ужас ако може некој искуство да сподели да знам што да очекувам позз.
Тоа ќе одреди психијатарот според степенот на анкс. Ако е нешто почетно, обично даваат елицеа, која се пие постепено, а не одеднаш цело апче од 5 или 10 мг. а има и од повеќе мг. Сето тоа ќе одлучи самиот др. Обично со АД даваат седатив скоро секогаш, по потреба го пијам јас седативот. Иначе, додека да почне да дечува АД потребно е цел месец, во тој месец може да осеќаш и зголемени симптоми на анкс. Ама доколку добро ти делува АД, после некој месец пиење ќе ти биде мн подобро. Најважно е да работиш на себе, да не се затвараш дома, спорт обавезно, теретана, фудбал, било што. Отстрани негативни луѓе од животот, не се замарај кој што рекол, терај си го својпт пат, и доколку сметаш дека треба нешто да промениш (како работа, нова љубов или сл) тогаш тоа и направи го АД помага, ама не е магично стапче, се е до нас самите. Јас почнав мн да готвам, и да правам домашни украси, кои си ги зачувувам во домот им наоѓам соодветно место, нови рецепти скоро секој ден, чистење низ дома мн ме релаксира исто, секогаш гледам да сум со занимација, пијам мн чај (маточина, нане, камилица, релакс чај со Б6), ладна вода мн ми помага исто така, читам мн книги, со децата нон стоп си наоѓаме активности, итн. Има денови кога сум крш и ме фаќаат страшни паники, ама поминува, 7 месеци сум со АД елицеа 10мг и седатив дијазепам 2мг.
Како се справувате со ,,вртоглавиците,, она чувство дека пропаѓаш, некое непријатно чувство, движење со несигурност ? Пред циклус сум и многу јак интензитет ми зема овој симптом ...
Јас пред циклус немам некои посебни промени, ама затоа првите два дена сум за никаде. Од болки, до расположение и константно чувство на умор, ужас е. Кратко ми трае циклусот, ама затоа ме здрмува секој месец. Чаре досега не сум нашла...
Да, накачив околу 5кг, итоа последниве 2 месеци, бидејќи имам скоро секогаш релативно добра тежина според висината, тие 5 кг значително се познаваат на мене, ама со вежбање и здрава храна, и тоа се средува. Не знам како си ти со симптоми, ама јас скоро сите ги поминав летоска, и тоа што немав апетит, ми се гадеше и повраќаше од храна, по еднаш во ден јадев, ослабев многу, итн... сега ова што си имам нормален апетит, и што си јадам се, ми е до некаде и супер, со оглед на тоа што го поминав со гадење од храна, и буквално 0 апетит, со сила сум јадела ако ми верушваш, само за да не опаднам повеќе. Кога мн почнав да слабеам си направив филм дека сум болна од рак, и посетив триста доктори, милион прегледи, итн.... И јас пробав без АД, ама не можев да издржам очигледно, и самиот психолог ме испрати на психијатар за да ми препише терапија, ужасен период ми беше. Се надевам во скоро и кај тебе ќе се среди ситуацијата, ама не очекувај магично стапче, работи на себе! Секое добро! Истото ми се случува некои денови, а пред цилус посебно зголемени симптоми, вртоглавица и главоболка, пијам седатив заедно со апче за болка (кафетин, аналгин, бруфен, кетонал...) пијам обавезно шоља чај, шумеча таблета со витамин, мн вода и енергетско смути што си го викам јас (лимон, ѓумбир, портокал, јаболко...) така терам по цел ден, и ми се подобрува.
И јас ги поминав баш истите симптоми за никаде бев и за некое чудо успеав да се подигнам без АД но срцето неможам да го смирам над 100 ми оди постојано мерам пулс валјда хипохондрија ке да имам три пати бев на кардиолог се е во ред на психичка база е ми вика при најмал напор се заморувам можам да кажам од сите симптоми што ги имав само тоа ми остана се друго е во ред работата ми е ок апетит ок функционирам ок излегувам пешачам али ова со срцево ме излудува еве вчера бевме на прослава од на работа две орца свртив и се уморив одма па се надевам дека ке успеам да го решам и тоа со АД.Поздрав голем и ти благодарам на објаснувањето стварно ми значи.