Сакам да прашам општо земено анксиозноста ја имам од секој агол. Но во последно време социјалната анксиозност е преголема, иако јас и со години одам контра со тоа што баш сум на удар,со комуникации итн и во слободно време знам да се форсирам да излегувам иако во последно време не баш. Но чинам се полошо и полошо станува, секој ден како од рестарт да го почнувам пак борба со најобична комуникација, стоење во маркет итн. Не знам што е тоа што го тера телото да реагира така, буквално секој ден го чувствувам срцето како не знам што дека ќе се случува, тресење на дланки, треперење дури физички мислам ќе припаднам. А се си велам што е најлошо што може да се деси , ми го знаат изгледот, или па не знам да кажам нешто толку глупаво што нема назад. Што и да е не е причина секој ден да ми лупа срце ко не знам каде ќе одам. Буквално си велам опушти се ништо не е страшно, ама нема, нема крај. Друго си велам престани да се грижиш за изгледот, мислам сите до некаде сме свесни за тоа, ама кај мене е претерано, не сум од оние тип топ средени но од друг аспект зборувам, постојано се трудам да изгледам добро па фацијална експресија дали е океј па дали изгледам тажно нерасположено па не знам што, и се тоа ме заморува. Комплименти кога добивам воопшто не ми помагаат напротив ми одмагаат со тоа што јас не се гледам себеси така, и понекогаш само сакам никој да не ме ни погледнува. Се само да бидам опуштена барем малку.
Можеби мислиш дека ако нешто ти се случи пред други луѓе ќе се посрамотиш, барем мене ми е така, јас знам што ми е стравот, дома се супер сум и само што ќе влезам во маркет ми се гади, ми сметаат светлата, почнувам матно да гледам и тој симптом ми го активира тресењето на нозе и раце, баш како да ќе припаднам. Се почнува од твојата мисла, зошто лошата мислата прави некое лошо чувство, а чувството ти дава симптоми и тоа е тој магичен круг. Знам дека е тешко ама еве во врска со комуникацијата со други луѓе, наместо да мислиш дека сите лошо мислат за тебе, пробај да мислиш со тој што збориш дека мисли дека си убава, паметна, за во маркет прави се демек збориш на телефон, со цел негативните мисли да ги игнорираш и фокусот да го тргнеш, мене барем овие работи ми помогнале колку толку.
Како се справувате со анксиозност и панаични напади ако ве фатат во автобус на подолга релација. Само што се качив бо автобус ама ужасно ми е мислам ке се онесвестам
На кратка релација со вода и лимон, и пробувам да свртам мисли на др страна, или отварам прозор за воздух да влезе, или се симнувам одма на следна станица.
Dobro vecer drugari!Da ve prasam mnogu mi se kaci pritsok 190 so 120 simptomi kup a pijam za pritisok,ekg ok a jas imam i mnogu zamor.Se plasam mnogu pomosss
Тоа е превисок притисок, сигурно имаш и главоболки страшни. Мене ми помага аналгин со диезепам одеднаш ги пијам и цеден лимон без да го мешаш со вода.
Ако не ти се симнува со апче оди на доктор нека те боцнат и терапијата нека ти ја сменат ако не одговара
Луѓе, денеска добив и мислев ова со апетитот ќе ми се среди, ама ништо. И денес не бев нешто гладна, ако не земам да јадам или ако не видам храна, не осеќам глад, не можам да разберам зошто вака, и кој ме натера да отворам гугл повторно, одма рак е на листата, од втоеникот ми е вака, и срга мн сум исплашена, ве молам нека пише некој нешто.
. Zatvorigi ocite I disi dlaboko I bavno, pocni da mislis na primer sto ke pravis sledniot den, i slicno. Nosi voda so tebe sekogas.
За во супер маркет сум немала нешто многу стравови, ама затоа пред интервју за работа, патување во друг град, или општо земено, одење на место што ми било непознато, анксиозноста си го земаше данокот. Кај мене не било со тресење на раце, туку со потење на дланките, дури и непријатно ми било и затоа стално влажни марамчиња си носев со мене. Овие симптоми одамна сум ги немала, ама добро памтам како ми беше додека ги имав. Ужас е кога цело време се преиспитуваме, најлошо чувство.
Женски, како сте? Како се осеќате кога ќе добиете? Денес ми е трет ден и ме фаќаат жештини, лудила, лошо спијам, од нигде никаде нервози и сум пречувствителна. Плус и треба на Предновогодишна да одам.
Конкретно ќе ти одговорам тебе, а се надевам дека барем на некој ќе помогнам. Јас патев од анксиозност, поради тешки моменти од животот каде што беше неизбежно да реагирам поинаку, сакам да кажам, дека не можев никако да се заштитам себеси, барем не знаев за подобро. Но, со текот на времето полека почнав да усвојувам некои минијатурни техники во секојдневието кои ми помогнаа денес да сум многу подобро од тогаш. На пример, почнав со мали чекори. Кога се наоѓаш во момент каде се бара социјална интеракција од тебе, обиди се да избереш еден краток момент каде ќе поразговараш со себеси, и ќе се убедиш да се впуштиш во моментот. На пример, те фаќа паника во маркет или било каде, застани и речи си "што може најлошо да ми се случи? Ништо. Дали изгледам глупаво? Гајле ми е, има луѓе кои прават се и сешто, па што, и со нив и без нив светот ќе биде ист. Да не се посрамотам? Па што, не си ни прва ни последна, за 100 години ништо од тоа нема да е важно и секако сето тоа е дел од животот, ништо нема да се памети и сеќава, животот ќе тече како до сега. И на крај што е важно? Да сум среќна и задоволна. Па ќе бидам и сум." Запомни, луѓето не можат да ти прочитаат како се чуствубаш, а и да можат, баш те заболе. За промена престани да го ставаш фокусот на другите, што мислат и што ќе речат. Стави го фокусот на себе, што тебе би те направило среќна и успешна ако го немаш тој страв, и прави го тоа. Со мали чекори, полека, секој ден со нов чекор. Еден ден ќе се завртиш и ќе сфатиш дека си ја надминала тешкотијата. Вметни си афирмации кои ќе си ги повторуваш, на почетокот ќе ти изгледа глупаво и смешно, но помага. Пробај медитација, има многу видеа кои можеш да си ги пушташ пред заспивање или преку ден, кога ти се чуствуваш најкомотно, кои ќе ти ги водат мислите, ќе ти го доведат во ред умот и мирот. Се обидов да бидам кратка, се надевам барем малку ќе помогнам некому
Не можам да ти го најдам мислењето ама ти имаш самата пишано дека сето тоа си свесна и знаеш дека не е така бидејќи си го отстранила како опција со многуте испитувања. Самата имаш пишано дека тоа е само анкциозноста која си игра со твојот ум и дека нема ништо. Послушај си ги твоите зборови, верувај во себе зошто навистина нема потреба да мислиш дека е било што, кога во реалност е само вознемиреност. Напиј се дополнително б комплекс (или и поединечно б6 ако така повеќе ти помага) и најди си нешто што би ти помогнало околу вежбање на мозокот. Нареден пат кога ќе ти текне да пребаруваш било какви симптоми - сопри се. Нема потреба од тоа. Застани и најди си некоја друга работа. Ако треба остави го тел или пушти youtube и насочи се кон правење на нешто друго. Пак ќе ти текне да провериш? Пак повтори ја постапката, се' додека не ти помине, а ќе помине
Имам пишано, и ми успева сето ова, ама некогаш сум ептен КРШ! Еве и денес исто.. се надевам да се оправам до утре... Другарки по добиено сме, хаха. Исто 3 ден, нит ми се јаде, нит глад осеќам, се будам често, ме боли глава, ми зуе, па ми се спие, па жешко ми е, па ладно ми е, полудувам! Ти како си?