Луѓе, дали покрај употребата на АД, навечер, имате пиено, од овие чаеви. Имаат МАТОЧИНА, ЛАВАНДА и ВАЛЕРИЈАНА.
Женски, се осеќам напнато. Треба да добијам за, 7 дена. Подуена сум и веќе градите ме болат. Намалена ми е терапијата од 1ви на пола Занфекса од 50 мг. Немам мир и не спијам како што треба. Најчесто во 3 заспивам. Јадев во 10 и сега пак осеќам глад.. Се напив од овој чај и мислам дека уште толку сум напната. Не знам дали е од него.
Здраво девојки! Скоро веќе 4 месеци се борам со анксиозност и панични напади,а веќе еден месец примам терапија.Нападите скоро и да ги нема но тоа грдо чувство во мене сеуште трае само се прашувам што не е во ред, не сум заинтересирана ама баш за ништо се чувствувам како ништо да не ме радува и прави среќна некои неубави чувства имам и ми се тресат рацете и понекогаш нозете.Дали некој се соочил со вакво нешто да сподели искуство?
Покрај терапијата ти препорачувам да се советуваш и со психолог, верувам тоа ќе ти помогне да дојдеш до коренот на проблемот и да ги разбереш овие негативни емоции со кои се соочуваш.
Луѓе, паники ме фаќаат. Од прееска осеќам малаксаност, болки во цело тело и глава. Мислам ќе. прекинам со дишење.
Не пијам, воопшто кафе,нит зелен чај. Само вода. Само денес се напив едно Пепси оти ми паѓаше притисокот.
Прочитав погоре дека ти е намалена терапијата, не можам да разберам зошто? Дали ги кажуваш сите симптоми на психијатарот како што ги пишуваш овде? Постојано не ти е добро, а на минимална доза си, не ми е јасно. Да се консултираш со друг доктор.
Мислам дека сама си намалува терапија ,од некој страв,не дека доктор така и кажал или поради диета да ослаби,еве сама ќе ти каже .
Јас пак баш од занфексата ослабев може 10 кг. 7 год ја пиев, ама и кога немав ниту еден симптом со години пак пиев редовно по 75мг најмалку. Сега не пијам антидепресиви, ама ги пиев повеќе од 7 год.
Повеќето од А.Д. здебелуваат .,могу време имаш пиено мило ми е дека си добро, ама па и да здебелува ,најлоша варијанта е да бидеш нефунциониален и неспособен за себе и други.Знам дека жени и девојки ги оставаат лековите,ама после некое време на појака доза мора да се вратат за жал.
Да, постарите генерации ад повеќе дебелеат новиве не многу. Ама па кога ти е добро можеш да вежбаш затоа што ти е добро и немаш психички пречки за да бидеш активен. Обично ад се пијат подолг период, не треба да се брза со тоа да се прекинат. Битно е да ни биде добро. Јас не ги пијам повеќе од година веќе и сум предобро. Сакав да кажам дека нема ништо страшно и со години да се пијат.
се' што преземаш за да ти се смени состојбата - помага. Ашвагандата треба да се пие подолго време за да се забележат резултати. Некои пијат една, две недели и очекуваат брзи резултати, а такви резултати ни АД не може толку брзо да даде. Резултати дефинитивно има ама после неколку месеци консумирање. Ако е посериозна ситуацијата, се пие заедно со терапијата, нема ништо страшно. Ваков чај не може да те напне уште повеќе. Сите чаеви погоре што ги имаш излистано се со добри билки и со редовно пиење би требало да ти потпомогнат, секако, заедно со терапијата. Јадење на 3 часа е нормално.
Здраво. Веќе подолг период се чуствувам напнато, нервозно, се ми смета, немам апетит и нагло слабеам најмногу тоа се нервирам.. ми се гади, повраќа.. дали е можеби некој знак на анксиозност ова мое нејадење? Дали некој има некој што се соочува со истото?
Мене ми е вака на периоди, ми се јавува гадење од се, не можам ни на храна да помислам или да видам одма ми е лошо. Може да биде и твоето од анксиозност ама прво направи некои основни испитувања за да исклучиш здравствен проблем.
Дали и вие внимавате како џвакате, уплав имам кога јадам да не се задавам, џвакам по 100 пати и за бељата колку мислиш толку повеќе ти залетнува. Ќе пројде ли оваа состојба.