Со години страдам од анксиозност. Две години се консултирам со психолог. Многу краткотрајни ми се подобрувањата. Се чувствувам како да се вртам во круг. Дајте споделете некој совет ако сте ја подобриле вашата состојба. Јас конкретно имам социјална анксиозност поради премногу грижење не згрешам некому нешто кога сум во друштво. Да не навредам некој случајно или згрешам. После секоја социјална интеракција дома премногу анализирам и размислувам на тоа што се разговарало, кој каква експресија направил и слично. Се сфаќам лично, се си мислам дека сите коментари се насочени кон мене и дека никој не мисли убаво за мене. Самодовербата ми е на нула. Не бев ваква личност, многу бев друштвена порано. Почна ова да ми влијае дома и на врската со маж ми. Често сум сама во мислите, залутана со погледот. Смачено ми е ваков живот да живеам више… Дајте некое чаре ако знаете.
Дечки во последни 2/3 месеци чуствувам ужасен замор, по скали не можам да се качам. Пред нова година бев во брза помош заради болка кај срцето, се испитав и се беше ок ама пулсот ми одеше до 160. Единствен проблем беше тоа. Јас мислам дека имам панични напади и ме тепа психа често. Од друга стрсна трема имам за се и сешто и дури ми се слошува кога треба да зборам со некој или за работа и сл. Би сакала да слушнам мислења за оваа тема, затоа што дефинитивно не е физичка болест.
Како се справувате со прескоци на срцето три дена ги имам посебно кога ке легнам и неможам да заспијам. Се напивам диезепам малку од малку ме смирува ама после пак исто.
Лелее повторно анксиозност мислев помина еднаш засекогаш но нее .. од едно отечено топче на главата кај вратот позади, милион филмови ми се направија за тумор на мозок спиев, станувам препотена и исплашена сега пребарувам гугл посилно е од мене, а бев кај матична ми рече отечена жлездичка но не немам мир, пред да заспијам успеав се смирив некако почна како треска од паничен напад да ме фаќа но помина.. сега станав исплашена пишувам тука да ми е полесно ухх и доколку некој имал нешто такво нека сподели искуство зошто полудев , мислам повторно ќе ме фати паничен од страв , пробувам да се контролирамм
Jas odam na psihotetapevt edvaj cekam da dojde denot za sledno odenje. Mnogu mi pomaga razgovorot so nea.
Veruvam deka stom odite na psiholog ste razgovarale na mnogu temi, porabotete na samodoverbata.Dobriot razgovor so terapevt e mnogu poefikasen od apcinja od psihijatar.( ova e samo moe mislenje ).
Јас имав и мислам уште го имам, не му обрнувам мн внимание сеа, кога го приметив одма на ехо појдов, и секако крвна слика, се беше во ред. Од јака настинка или бактерија се појавуваат жлездите, сите др. ми кажаа дека е жлезда ама јас не, и секако бев на ехо, ја си правев одма филм дека имам хочкин лимфом, и одам кај психијатарот нели му се жалам, и викам: имам и едно топче тука, и сам ми враќа: и сеа мислиш имаш хочкин, да погодам? Паа даа секако докторе Јас сите можни дијагнози си ги имам препишано, скоро секој можен др го имам посетено, последно бев на трансфузиолог И така се бориме некако, и пробувам да не мислам на оваа глупост, си наоѓам занимација, мене готвењето ми е супер занимација да избегам од чудовиштево наречено анксиозност, а сега на здрава храна и здрави рецепти се имам насочено
Е и јас сама одма таа дијагноза си ја препишав дека ја имам после гуглање се надевам дека не е ништо страшно и кај мене .. Претеруваме и јас само по болници таман се смирив мораше ова да ми излезе и пак да ми се јави анксиозноста на најјако ама тоа е ... извини само знаеш како ми е затоа препрашувам, твоето каде е, како е на допир, ехо на што правеше? Супер што си пронашла нешто да те опушта, јас гледам да пешачам и да читам книги така ми е подобро но сегаа само тука ми се мислите од вчера.
Ехо на врат правев кај Толофски, 1500 ден. Јас имав две едно позади увото, друго напред кај увото, тоа напред ми се изгуби за неколку месеци, ова си стои колку кикирика негде да речеме. Не си прај стрес, ако било нешто сомнително одма матичната ќе те пратела на специјалист. Ама знам како ти е скроз, јас веќе не читам на гугл, од тоа читање се пореметив дополнително. Одев и по 10 пати во месец на разни испитувања, на се и сфашта бев, ај за мене па и за децава истп ги тормозам по доктори и нив што и да им забележам, ама мн сум посмирена со АД како терапија, и плус што си најдов занимација што ме исполнува, а одам и на работа секако, па и немам баш мн време да им обрнувам на симптомите, читам и книги, чистам по дома, шетам, вежбам кога нема да ме мрзи, си играм со децата-тие ми се мојот лек во ова сивило!
Неможам да спијам,бев задремал на 15тина минути и изрипав од сон цело тело ми е црвено раце,стомак,гради незнам што ми е ...
Здраво на сите. Елицеа од 10 мг во комбинација со Хелекс 0.25 пијам веќе 7 години. На почетокот немав проблем со килограмите ама како што поминува време се пивеќе и повеќе се дебелеам. Инаку никогаш немав проблем со килажата. Повеќе изгледам како отечена. Дали некој од вас го има овој проблем? И чаре што да се прави.....
Пробај со пишување во тефтер. Пред сè, ќе изнапишеш што мислиш и како се осеќаш. Ќе прераскажеш што се случило и што ти е на ум. Потоа последователно ќе работиш на мислите и чувствата кои те мачат околу тие случувања, ќе си поставуваш прашања и ќе си одговараш додека да дојдеш до заклучок дека не ти е потребна валидација од други. Зошто прво и основно и најважно, стварно не е важно што другите мислат. Второ, секој склопува мислење воден од лична перспектива, досегашно искуство, комплекси, карактер и мал милион други фактори - односно, не можеш вистински да влијаеш врз тоа како некој ќе те гледа и што ќе мисли за тебе. Луѓето нè гледаат така како што сакаат. Нивната реалност и вистина може да не се поклопува со нашата. Во туѓите очи можеш да бидеш помалку вреден, помалку интелигентен, помалку храбар, помалку сè. Ама тоа може да биде само во нивните очи, а не и во твојата реалност. Човек си. Дури и да сметаш дека нешто имаш погрешено, океј е, лекцијата е научена и прости си. Не се оптеретувај, сите сме различни, ако кликнеш со некој, супер, дружи се. За пишување и рефлектирање ќе си одредиш 30-40 минути во денот кои ќе ти бидат само за пишување. Тогаш кога ќе пишуваш ќе се фокусираш на мислите и чувствата што ги имаш. Во остатокот од денот ќе се бориш против искушенијата да overthink-уваш и да си го преиспитуваш секој чекор. Ќе се убедуваш "сега не, нема да мислам, сега готвам", на пример. Ќе разглабуваш само во сесиите со психологот, и доколку тоа не ти е доволно како што велиш, во поставеното време за пишување.
Јас ја пијам 9 месеци, се здебелив 7кг, сега сум на здрава храна скоро месец дена, и ете ослабена сум 2кг Не сум имала никогаш некој посебен плус во килажата, ама ете.. само здрава храна и било каква физичка активност.
Незнам целиот бев испотен жива вода,сонував некој сон како возам и се онесвестувам и некоја струја ми помина низ главата и се разбудив, денеска сум подобар
Се започна од денот кога на работа ми се слоши. Тој ден испив 3 еспреса и притисокот ми се дигнал (не многу) осетив стегање во градите со чуство како срцев удар испаничив,пребледев и веднаш се упатив во брза помош, таму ми направиа ЕКГ и ми соопштиа дека се е во ред. После неколку дена направив крвна слика и крвната слика беше екстра. Откако ми се случи тоа почнав да имам црни мисли во глава дека нешто не е во ред со мене, чуството на срвев удар ми се појави неколку пати, несоница, прекумерно потење, потешкотии во дишењето и др. П.с пред половина година имав смртен случај во фамилијата. Дали е ова анксиозност или нешто друго?