Здраво, Има ли некој што го стега позади кај грбот во пределот под и околу ребрата. Како тапа болка необјасниво. Мн сум периодот вознемирена бидејки ќе треба да го оперирам детето. Дали тоа ми влијае или е некој орган незнам. А згора на се и менопауза ме дрма 47 год и ми доцни циклус. Чудно чуство .. ко да ми е прелапнато месо позади и како градна болка... ме фаќа мн.паника
Drugarcinja tesko e mnogu simptomi mnogu zeludnik boli stega glava kicma pecka vo glava zamaten vid zestini pomosss!
Значи само што ќе ставам глава на перница почнувам со секакви мисли, тахикардија ме мава неможам око да склопам до никое време. Има ли некој буден да позборуваме
Дали може Б6 20мг дневно 2 пати? Денес се напив но премногу сум вознемирена и растревожена, па за да не пијам уште еднаш б6, пред да легнам се напив директ магнезиум со б комплекс но не помага дали е дозволено да се напијам б6 уште еднаш Неможам ни да спијам пулсот ми оди горе долу, како мрави по телото да ме лазаат напати, грбот ме боли, размислувам без врска,... (имавме смртен случај во фамилија денес и поради тоа анксиозност левел 50000 ми дојде )
Најди си некој друг фокус. Направи си рутина (од читање книга, до прередување некоја полица или средување по дома со музика во позадина...) џа кога ќе ти биде така да можеш веднаш кон тоа да се свртиш. Знам дека мислите добро ама ќе биде уште подобро вакви совети да се консултираат со доктор, да не се делат на форум. Дијазепамот не е ниту бонбонче ниту витамин.
Тогаш не треба ни совети да се бараат тука нели, што не и кажа да бара доктор во 2 по полноќ, што мислеше дека ќе и каже он, пушти музика, прави јога? Дајте..смртен случај имала. Не е витамин ама со оглед на тоа дека и бремени го пијат така да..подобро тоа него да си го тревожи и срцето и телото. И на брза помош исто ќе и кажеа , немаше хелекс или деметрин да и кажат. Пред мене гинеколог и даде дијазепам на бремена жена која плачеше татко и починал. Не правете драми без потреба, дијазепам е најмало зло од сите , затоа и го даваат најчесто и пред операции и во комбинација со бета блокатори и сл. I am done here.
@desperate15 нема потреба од ваква реакција, крајно коректно напишав дека не треба такви препораки. Друго се совети. Достапни доктори има, ама изгледа многу полесно е да се самодозираат и самодијагностицираат луѓето (од најразлични причини) па тоа поприфатливо е отколку некој да спомне дека треба консултација пред да се земе нешто што со тек на време може да предизвика и зависност. Дали исто ќе кажеле на брза помош или не е апсолутно неважно. Секој треба прво да е информиран за тоа што го зема, а на крај, на форум не знаеме дали некој зема нешто што би предизвикало реакција. Сите други работи кои ги пиша се излишни. Како што те прочитав, да се запраша човек и докторите дали подобро ќе прават со делење дијазепами како бонбони или полошо (пример што се случи неодамна: препорака на доктор на една личност беше 4 дијазепами дневно, а личноста се чуди зошто ѝ е полошо. и нема како да ѝ докажеш дека тоа е многу и е страшно бидејќи „доктор го препорачал“, а исто така почна по еден при стресен настан) Кога веќе праша? Да, подобри се „пушти музика, прави јога“ отколку прва помисла секогаш да биде апчиња.
По препорака на @nena2010 секоја вечер пијам. . Некако ко да ми се смири спиењето, не идеално, но.... И бдв ако ти се плачи, плачи.... Не држи емоции внатре.... Пиши што се десило и како се осеќаш на лист хартија , сподели со некој близок.. Ако осеќаш не оди земи неш за смирување.
Здраво. Ве молам за совет и помош. Сега пред две недели ми најдоја полип во матката 15 мм и Хиперплазија на ендометриум 16мм. За нова година премногу ме фати вирусот , високи температури и поради ептен голема кашлица морав неколку денови антибиотици да примам и кортигостериоди. Да напоменам долго време сум на антидепресиви и Елицеата ми правеше проблеми со менструацијата. Тогаш последно имав менструација. Кога веќе почна да ми доцни , најпрвин си мислев од лековите. Со две недели каснење на менструација прокрвавив чудно и веднаш на гинеколог. За жал од сите доктори посетени досега , гинекологот го запоставив овие неколку години , оти имав правено ехо на абдомен и беше се во ред, како и матката а психијатарот ми рече доста е по доктори. Во плодност ми рекоа се очекува да е бенигно , ништо страшно. Во систина ми рекоа во ретки случаеви се случува да има малигност ама дека е мојот е поголем можно е да има такви клетки ама е реткост. Ми кажаа дека е највеќе од хормони каде што играат и лековите како Елицеа. Од кога го дознав ова и ми кажаа дека мора да се направи зафат и хистероскопија бидејќи немам родено и сум млада. Животот ми се сруши. Овај страв од зафатот и исходот ме полудуваат. Не можам да јадам и пијам. Се обвинувам себеси дека требаше да си продолжам со било какви прегледи, се обвинувам за антидепресивите. Дали некоја се соочила со ваков зафат и како поминала со преголема анксиозност? Мислам дека полудувам. Од 24 часа , 20 часа плачам. Јас ова не можам да го издржам. Ве молам за некој совет. Поздрав
@desperate15 се слагам со тебе уживај и ти благодарам што ми одговори синоќа. А се слагам и ете и со тоа дека така е како што вели и другата членка дека не се дава и бара дијагноза на форум но сепак секој одлучува сам што ќе земи и никој не треба да се чувствува крив доколку каже совет или искуство на крај сами решаваме и сме свесни дека ова овде не е брза помош но во 2 часот реално мене ми помогна членката што само и ми одговори тие што се справувате со анксиозност ќе разберете , а на крај сами треба да размислиме што за нас е подобро во таков случај, ете јас зедов б6, а не дијазепам и не барав долгорочна терапија. Тоа се знае кај се бара. Ти благодарам мила на советите , дефинитивно би пробала со запишување на хартија затоа што многу збирам и чувам во себе, а тоа ми е најголема грешка ...
@Bambola Bruce најпрво што треба да направиш е да најдеш начин да се смириш. Чаеви, дишење, витамини. Ако треба и математички задачи решавај. Потоа да бараш некој соодветен аутлет како би почнала мислењето да го претвораш во нешто друго - размисли што е она што порано ти помагало и ти било хоби и почни да го применуваш. Второ е да не се обвинуваш себе бидејќи ти си направила што е во твоја можност. За жал, има работи кои се надвор од твоја контрола. Ама затоа она што е во твоја контрола е сега да обратиш внимание и да работиш на немирот во себе. Пиша дека имаш пиено ад, што друго имаш правено за да ја надминеш состојбата заради која си пиела ад?