Тие шо НЕ пиете терапија за анксиозност. Како се справувате со нејзд? На психолог неќе. Препорачувам читање книги, вежбање, дружење со позитивни луѓе, да праи нешто ново, нови работи
Нејќе, ама треба да појде за да се види што е потребно. Мене психологот ми препорача да се движам повеќе меѓу луѓе. Да си најдам екстра активност.
Како се справувате со анксиозност при патување? Треба да идеме 3 дена во Охрид на екскурзија, но страв ми е дека ќе ме фати паника, а ми се иде.
Искрено се препородив откако пијам терапија. Џабе се измачував претходно. Нема ништо лошо во апче што може да те дигне да не речам од дното ама од таму некаде...
А некое др чаре? Не прашувам за мене. Имам и јас амс ја хендлам. Се занимавам, читам нешто, знам да си го пренасочам мозокот да мисли нешто позитивно.
Да не повторувам и јас. Ко ќе мора терапија, мора. Прво мора ти да си арен, внатре во себе да си среден, па се после се друго. Мораш на себе да работиш.
Мене ми е страв, да почнам во теретана оти имам слаба крв. Да не ми се случи нешто и сл. Дали вопшто да почнам?
Здраво на сите Пред некое време, за викенд во Грција ја удрив главата од тенда, стоејќи и мислев не е блиску до мене се треснав... Ми протече и крв.. Од тој ден па наваму ни жива, ни мртва сум, бев на ренген, направив копјутер на глава,посетив офтамолог, невролог, неврохирург рекоа нема ништо, неврохирургот ми даде неуробион да пиам по едно, еве втор ден ми е, ама јас никако да се помирам дека се удрив и само си плачам, се мислам нешто лошо ќе ми се случи, дека си повредив нешто...на очите како притисок да осеќам, како магливо да ми е во дадени моменти, незнам дали ми е на нерва база или сварно Др нешто не си а разбираат работата... Уназад некое време, гневна, нервозна, уште што не... Никаков мир немам, само се молам на Господ се да биде како порано што си бев, некако сега како да ме наболува, де уво, де глава, на таа страна кај што се удрив... Помагајте, како знаете ве молам!
Мене мачето најмногу ми помогна за анксиозност, стрес , нервози Од кога си го посвоив се осеќам многу по спокојно, релаксирано и среќно. Имаат многу релаксирачки ефект
Ќе ти помине. Ако немаш никакви физички последици - болка, вртоглавици и сл., нема зошто да се плашиш. И јас се имам удрено исто како тебе така, осетив болка во моментот - нормално, потоа ништо не ми беше. После некој ден си продолжив со истите активности како и пред тоа. Не знам за кого станува збор, ама ако не сака, нема што да го оправаш. Можеш комотно да кажеш “извини, ама сметам дека ти треба психолошка помош, ако не сакаш да си помогнеш, остави ме мене надвор од твоите проблеми“. Реално ама најреално, животот е краток, не вреди да го трошиш на некои луѓе/ситуации, особено ако ти причинуваат штета. Ако, оди. Сигурно има тренер, кажи му за слабата крв. Баш во теретаната ќе ја појачаш циркулацијата Од мене само совет, пази на траката, мене после трчање на трака редовно ми се призавртуваше, морав да седнам 5-10 минути, и затоа прекинав со таа справа.
Дали ви се случило трнење и пецкање на јазик и чудно чувство во главата? Се плашам дека е нешто сериозно, не знам веќе дали е од психа или навистина имам нешто. Читав за некој синдром на горење јазик за кој нема лек.. тешко издржувам Иначе сум на антидепресиви, и разговарам и со психотерапевт.
Јас сум само со елицеата, итоа од 10 мг. Со килограмите исто, се поправив некои си и 7кг за оваа 1 година што ги пијам, со сила симнивам килажа, не сака и не сака, како џабе да се трудам, и здрава храна и вежбам, пешачам, се! Залудно некако, или пак мн споро оди процесот. @GirlLove не може крвта да се намали од вежбање, не знам од кај ти е ова, баш може појака да ти биде. Обиди се со теретана. Иначе да, јас мака мачам со оваа промена на време, со месеци како е вакво често променливо, и јас сум хаос. Ужасно ми е, едвај го терам денот ако треба надвор да сум на такво тмурно време, плус и низок притисок имам, благи ужас!
Со седење дома нема ништо да си реши. Јас предолго време не идев со изговор ради обврски. Ама, лошо си правев живеејќи со страв и паника. Многу олеснува кога се кажуваат маките на некој. Особено кога е непристрасна страна. Види, можеш да продолжиш да ја убедуваш личноста да оди или заеднички со уште некој да се обидувате. Ама, личноста треба сама да одлучи дека ѝ треба помош и да слуша совети од стручно лице. Ако таа не пројави волја, џабе си трошиш време.
Па еве со мене си збори. Ја сум добар слушател, само не знам ете некои пристапи. Колку знам помагам. И ја си иам проблеми, глеам колку можам сама. Мада и ја сум за таму