Ова одамна го сфатив, ама никој не може да ти помогни. Можам да, јас разговарам со брат, сестра, фамилија... Ама џабе. Стручно лице, си е стручно. Со пристапи, знаење и искуство.
@Feminka22 убо рече @nextredstyle. Прво и основно, мора чоекот сам да сака да му е поможено. И второ, не е дека не можиш ти да сослушваш зошто немаш техники туку до кога ќе сослушваш само ти и кога ќе станиш и ти приоритет? Шо можиш да предложиш е евентуално да одите во некоја група за личен развој ко ќе има отворена во некој институт било гешталт, било семејна, било друго. Неважно. Или да одите заедно неколку сесии на терапија. Или наизменично. Првиот термин ти, вториот другарчето. Па после да имате средба за да споделите импресии. И вака можи ќе му се допадни и евентуално ќе види дека не е страшно и дека е убо. Некогаш мора вака "ментална гимнастика" ако на некој му треба помош ама неќи да ја земи. Сепак, на крај на ден ако неќи да му е поможено - џабе.
Да почнеш, помага. Тоа што мислиш дека ќе ти се случи нешто е од анксиозноста. Баш напротив, ништо лошо нема да ти се случи, ќе си уживаш и поголема самодоверба ќе имаш.@FreeToGo знам што сакаш да кажеш ама ако сакаш да помогнеш на некој поготово со анксиозност, не гледам како ќе си наштетиш на себе. Поготово ако и ти патиш од анксиозност, секој различно ја доживува и не секој прифаќа да оди на психолог. @Feminka22 браво за упорноста и желбата да помогнеш, се надевам ќе успееш. @S_M ништо не ти е на главата, си била на доктор те прегледале се е во ред, сепак си ја удрила главата не е гребаница па одма да пројде, од ударот се осеќаш така, едноставно поосетлива е главата. Ќе пројде немој да се секираш, немаш причина.
Краток опис на мојот анкс. Си имам од секогаш склоност кон анкс, поради разни фактори и опкружување. Ама не ми пречеше нешто многу. Ми се засили откако имав вонматерична бременост и траумата дека нешто може да се одвива во мене, без јас да забележам. Се раѓа првото дете, ок ми беше, нит анкс нит депресија. Прави 3 години и почнува да има периоди на ноќно вриштење, посилно плачење. Умот ми се навикна на тоа. Без сон долго време, сецнат сон сред ноќ од вриштење, мозокот ми перцепери како аларм, узбуна, анксиозноста ми се засилува од тогаш. Срце ми игра како на зајак кога слушам плач сред ноќ. Не можам да заспијам ноќе како порано, се мачам. Ради детево првпат зедов дијазепам и си пијам по потреба. Симптоми на анкс: стегање во слепоочници, глад за воздух, нервоза голема во стомак. (Оваа нервоза наутро да ми се случува и тоа ради дете, што не ми се случила пред испит или друго .... немам збор), чепкање по кожа, коса, лупање на срцето.
Цело време. И се мислам срцев удар ќе добијам, и поминува после некое време. И се така во круг. Скроз исто и неможам да си помогнам.
Иначе чисто да си кажам... Денес бев на психолог, малку ко се разговори ок ми беше, но после 2-3 часа почна да ми се тресе снага, стравот повторно тука, дек нешто ми се случува или ќе ми се случува... На моменти како да ме боли во близина таму кај што се удрив, можно ли е уште од ударот да ме наболува, така секундарни болки, до петок еве 3 недели од како сум удрена... Се си мислам оти после тоа да не ми настана нешто, па затоа сега ме наболува на моменти... Што мислите вие?.., Дајте ми некоја утеха оти ќе си умрам од мака??? Дали некој/а се удрил/а вака некогаш од нешто поцврсто да речам?
Еден месец со џумка се шетав што се акнав у бандера… и тоа буквално се искршив. Не знам како немав крв. Не глава, мозок мислам ме болеше. Главата е пренежна, нормално е да те подболува. Тоа што ти се десило после два три часа било паничен напад. Не се секирај, ништо не ти е. Продолжи да одиш на психолог ако ти помага. Анксиозноста си го прави своето, стравот. Опушти се, прави нешто што те исполнува.
Многу ти благодарам за поддршката, навистина ми треба некој со "иста дијагноза" да речам, за да ме разбере и ми даде утеха некоја... Се молам на златен Господ да немам никакви последици
Секој совет е добредојден. Денеска ми доаѓа на гости една блиска особа, на подолг рок претпоставувам, која по долго убедување почна да посетува психијатар, препишана е терапија и добро реагира засега. Јас ќе пробам да помогнам колку можам со сите обврски што ги имам, само малку ме фаќа паника пошо ми нагласи дека само мене ми верува, само кај мене и е комотно, се плаши да остане сама, да се вози сама итн. Како да се однесувам, да ја прашувам ли нешто како се осеќа, да ја форсирам да искачаме почесто, да ја оставам она да диктира, стварно не знам, се плашам искрено зашто е во многу лоша состојба моментално. Или ќути или ако почне да збори цело време плаче, не може да се сопре. Кај мене иначе е лудница со децата, галама, вика дека нема да и смета само да избега од дома, не сака да е кај нејзините. Се плашам од најлошото да бидам искрена и не сакам да згрешам, ептен се осеќам притисната.
Јас би пробала да и понудам ако мислиш дека излегување би и пријало, да излезете некаде. Ама не наеднаш се, baby steps, бидејќи како што викаш почнала полека и со психолог и апчиња па да не и дојде наеднаш притисок па контра ефект. Анксиозните личности ретко се опуштаат вака со некого, значи дека нешто многу добро правиш за да се осеќа убаво со тебе. Прави го тоа што до сега го правиш, ќе и биде подобро и со тек на време од психолошката поддршка. Биди тука за нејзе како и до сега, некогаш и океј е малку построго, бидејќи стравот знае да занесе. Ама очигледно одлично ти оди.
Ми личи дека ако си имала избор немало да одбереш да ти дојде на поседок. Звучи како да немаш избор. Во темава си затоа што си ти анксиозна заради посетата или заради личноста? Пошто гостинкава звучи депресивна не е баш само анксиозна, а тоа е веќе нешто друго. Ако ти е толку блиска би требало да можеш да збориш и со нејзиниот лекар за совети како да помогнеш. Нормално е да сакаш да помогнеш, ама не по цена да се трауматизираш, а таа е уште не дојдена. Во главном прошетки, дружења и било какви активности се добредојдени, односно да нема слободно време да и талкаат мислите. Не мора да нудиш ништо екстра од твоите секојдневни активности. И ти не си должна да ја излечиш, доволно е што си ја поканила на гости. Сигурно имаш активно исполнет ден. Вклучи ја во се, пазарење, чистење, спремање ручек, раскревање, нека ги причува, нека поигра со децата, нека им чита, нека бојат, цртаат... Ако вистински мислиш дека може да го направи најлошото, тогаш е за во институција не за гости. И не знам зошто те фаќа паника ако само тебе ти верува и само со тебе и е комотно, ако сте блиски нормално е така да се осеќа. Јас само со најблиските така се осеќам, на 1 рака се бројат. Не го мисли процесот премногу, ниту си лекар, ниту терапевт, поддршката е најважна.
Така е, не би прифатила да имав избор зашто доволно лош период поминувам и сама. Не ја поканив искрено, сама ме праша дали може да дојде и секако дека не можам да и затворам врата во таква состојба. Не мислам дека кај мене ќе направи нешто ама последниот пат кога беше исто на поседок проба да избега скришно и среќа што ја начекав, инаку сигурно ќе полудев. Така и планирав да правам, да продолжиме со секојдневие како ништо посебно да не се случува, секако дека ќе и дадам простор да се пожали/исплаче ако и треба, нема на тошо да се правиме ама кога веќе е тука би сакала да и помогнам ако постои начин, па ете прашав за да се потрудам. Ти благодарам на искреното мислење.
@Skyler подобро да си ја одбила, ако веќе си имала претходно искуство. Од друга страна ја примаш и ѝ даваш до знаење дека си тука што не е баш фер од твоја страна. Ако дојде воздржете се од некои лоши коментари меѓусебно дома, зашто можеби и тоа било причина зошто пробала да избега првиот пат. Нагаѓам, ама овие се баш специфични ситуации.
Не, ми објасни после дека сакала да избега зашто имала паничен напад и не сакала да не замара. А зошто не сум фер?
@Skyler ако се осеќаш дека не сакаш да ја примиш подобро не ја прими. Ако сакаш да ти дојде и тоа нејзино идење те мотивира да ја расположиш и не го доживуваш како тешкотија прими ја. Ама ти имаш микс од двете и заради таа причина не е фер. А ако ја одбиеш не мора да значи дека ќе имаш грижа на совест.
Таа има некоја чудна појава помеѓу луѓето да одбегнуваат луѓе кои имаат и помали ментални проблеми или психички проблеми мислам дека е глупаво мене сосема. ми е океј да разговарам со некого кој си има проблеми понекогаш и јас ги кажувам. не, мене ми е така лесно да комуницирам на таа тема и не знам зошто луѓето се однесуваат така како да заразно со ќе имат некој предрасуди и табу.
не мислам за никого конкретно никого не спомнав баш а зборувам генерално за луѓе за мене и како се работите