Дај бе едуцирајте се, не се брукајте на вакви сериозни теми. Доста го потценувате менталното здравје. Утре ако сериозно се разболите не одете во болница, лечете се со верба во Бог, без хемија, без доктори.
Од прееска ми е безврска, како да ме боли глава, па мали вртоглавици, се пиев, ама џабе, некако со стои у место..... Уште повеќе се нервирам вака. Да не влијае времето и на ова? Вие како сте со времево, како ви влијае?
Да времето многу влијае на анксиозноста. Може да се каже метеопати на некој начин. Поготово коа е претопло и врне, најлошо е.
Ужас ми е, еве и сабајлево глава ме искина... и покрај сите испиени чаеви, апчиња, витамини, вчера пак ме болеше и имав вртоглавици, се напнувам вака, цел викенд сега ќе ми биде ужас...
Сосем добронамерно ќе ви кажам некои работи па кој сака нека развжбере кој несака нека одмине коментар.Човек кој има некоја мака било психичка било физичка промената на времето му влијае.Е сега психичкото здравје е поврзано со физичкото.Трета работа само тешки психички болесници им треба покрај молитва и психолог и хемиска поддршка лекови али само ТЕШКИ случаи се останато да оди на литургија и исповед и ќе оздрават
Не ги разбирам оние луѓе што супер функционираат на 35+ степени. Уверена сум дека имаат некој проблем со циркулација иначе не може бе да ти одговара. Имам другарка ваква, и на 40 степени си шета надвор ко ништо да не е. А јас од друга страна пцујам се живо и неживо и чекам под клима да се пикнам а да не збориме колку ми ја засилува анксиозноста, и тоа што не се спие навечер не ми помага. Денес е свежо, утрово ептен изврна и одма сум ко нов човек. Живели дождови!
Мило ми е што ти помогнала литургија и исповед, ова е осетлива тема и полека со давање дијагнози и на кој што како му помага. Ако сакаш да помогнеш смањи доживљај. Ова ТЕШКИ дијагнози не се фрла тек така од ракав. Секој различно поминува низ состојбава, така да полека малку.
Во право си .Тешко на тој што има мака .Ама сепак сакам да посочам дека има спас и лек за оваа состојба. Na +40 и немам гајле .Кога ти е убаво се е убаво.Ајде со помин ќе си биде кога ќе ти помине анксиозноста ќе бидеш како нова
Јас не пијам лекови, ама не можам на друг да му речам да не пие. Само да внимава што зема. За некои состојби мора хемија. Анксиозноста не е исто изразена кај секој кој ја има. Некој мора да пие апчиња. И за мене како верничка молитвата има значење. Но, ете не се сите верници.
Дали се лажам, ама мислам дека 80% анксиозност и депресија може да се излечи и со психотерапија и физичка активност..?!
Да со работа на себе може, добар психолог, физичка активност исто добро помага. И најмногу зависи од тебе, колку си свесна дека се е анксиозноста и стравот.
А и што, еве се правам од тоа, добро бев и вчера и денес како зашемутена сум, како без енергија, ништо не ми се праеше по дома, само креврт да фатам гледам, ко да ме боли глава, ко да ми се врти.... а си пијам и АД. И така се нервирам мн.