Благодарам на одговор.Во консултација со фармацевт,оваа комбинација е одлична ( гинко и женшен).А искрено,цената не им е евтина.Но,читајќи искуства и сведоштва,гледам дека е одлично.
Дали некој знае некоја вештина во заборавање на мисли и луѓе кои упорно ви надоаѓаат? Лекови такви не би требало да постојат, што знам.
Од пред некој ден започнав со гешталд терапија.Психологот е одличен.Токму за тоа станува збор,како да ги рефокусираме мислите.Ќе видам како ќе оди наредна сесија,и ќе ги кажам.Има методи,постојат и доста се успешни.
Само прашав зашто не можев да се сетам во моментот... Важи, јас до тогаш ќе чекам и ќе си барам начин но, тоа што ќе ми го кажеш верувам дека ќе помогне...благодарам...
Не мислев злонамерно, ако сум погрешно сфатена sorry. Ако ти решиш да ги насочиш мислите на друг човек, ќе успееш, ако цело време си имаш мисли како да го оттрфнеш некој, па што да правиш и сл. верувај дека нема да ти се оттргне од мисли. Многу работи зависат од нас самите.
Ама не...не мислам јас на човек. Зборот ми беше минатото некако ми се навраќа. Не дека ми смета... Можно е на тие луѓе да им надоаѓа во мисли...се е взаемно на планетава...
Зошто ми се спие не ми е јасно, и преку ден можам да си отспијам и навчер рано да заспијам, никогаш не сум била таква, сеа се плашам дека имам некој рак неоткриен, повторно, бидејќи штом ми се спие, и осеќам вртоглавици, не помага ни антидепеесивите што ги пијам, веќе 1 година, си правам филм, стварно не знам што да правам, што ми е значи?
Исто и кај мене...ми треба повеќе време за одмор а, кога спие човек најмногу се одмора. Џабе е и да седам со друштво што, кога ми се спие одеднаш некако...се ми се чини пропуштам нешто важно и битно што, кога целиот живот во спиење ќе го поминам. Утре и да се омажам ако сака некој да поседи со мене јас неспособна...само работа и спиење...многу спијам...генетски е кај мене...поздрав
Јас не сум била ваква, последниве 3 дена ми е вака, и се нервирам, а знам дека полошо правам со нервозата, гледам да шетам и да сум со луѓе, да сњ опуштам, ама џабе.
Менувам стар мозок, за нов. Па толку, мајка му, толку мислење, јас нз шо ќе бев,, мозокот 100000000 на саат ми врти, назад во минатото, во иднината..... Ама никако да се опуштам, никако....
I jas vi se pridruzuvam i mojo vrte 100 na saat, trenutno mislam dek imam sizofrenija i okp a za utre neznam koja bolest ke mi tekne
Испитав кортизол-нормален. Инсулин-најнормален,дури се сомневам дека сум го ,,шутнала" предддијабетот.Тумор маркери ( на мое инсистирање ) -стакло чисти.Заклучок-мозоков ми работи со недозволено голема брзина и мисли на глупости.До времево ќе да е.
Здраво. Јас имам огромен страв од повраќање, цела анксиозност попатно ми е од тоа. Панични напади, цело време мислење дали ќе повратам или не. Значи ослабев невидено. Деновиве сестра ми имаше стомачен вирус, можете да замислите како ми било. Постојано панични напади, дури и во моментов пишувам во паника. Шетав со маска по дома, рацете ми капнаа од миење. Ништо немам јадено 5 дена. Не знам навистина веќе како да се справам со оглед на тоа што мислам дека почнав да имам симптоми. Дали ми е од глад или од вирус стварно не знам.