Кортизол како хормон преку крв така? Тумур маркери колку има 3 или повеќе, оние битните? И дали одма има резултати? Авицена, Биотек?
Денес бев кај Зора Митиќ. Ептен ме бендиса ,и покрај тоа што е Психијатар гледам некако настојува да ги оставам лекарствата. Е сега,ми рече Хелексот да го намалам на пола прво исто и Пароксетинот. Од 20мг пола...... Многу се плашам стварно Ги пијам 10 години . Единствено ги оставив во бременост. Ве молам утешете ме дека се ке е во ред. Не можа веке со нив. Ме утепаа скроз . Либидо ми е на нула ,чувства никакви....
Таа вештина постои ако си ултра богата особа и можеш да си дозволиш да не се замараш со тие мисли. Без навреда. Јас одев кај неа и исто постепено ги намалував лековите. Со тоа што, јас ги цепкав уште поише од тоа што таа ми препорача за да бидам 10000% сигурен. После нив, месец дена имав емотивна криза, после тоа се ресетирав и сум без лекови еве.
Ај едно прашање, дали и додека ги пиеше апчињата и терапијата, знаат да ти се појават некои симптоми и со денови да трааат? Конкретно јас 1 година пијам АД само, ама еве сега 4 дена имам некоја глупава и блага вртоглавица, како изгубена и зашемутена сум, гледам да оттргнам мисли, ама тешко е....
Да ми се случува истото ,ама мислам дека тоа го придонесува и времето моментално . Ме плаши пошто јас долго ги пијам дали ке успеам да ги баталам ?! Во бременоста ми беше лесно ама тоа ми кажа дека е заради хормоните во текот на бременоста кои функционираат перфектно.
И јас сум следна недела на психијатар, и да видиме дали ќе зголеми или намали, може да смени седатив, зашо ме успива дијазепамот. А иначе, пробај намали доза, и ако не иде пак врати се на истата, ќе видиш каки ќе тераш, не е страшно ништо, ако не можеш да издржиш ќе си се вратиш на истата доза. Седатив пиеш?
Имаш еметофобија.Ке ја решиш само со помош на псохолог.Не се грижи не си единствена.Со години патам од истото.Среќа последните 3 год е значително намалено.
Пробај прзо без хелексот, ден-два-три, види како ќе ти е. Мислаж дека можеш, имам другаркаа што се откажа од хелексот после 5 години, пиеше по 3 во денот, реши да остане бремена, така се оттараси од нив, и ден денес се нема напиено. Пробај, можеби ќе успееш.
Свесни сте на каква опасност ја изложувате членкава што ја советувате да прекине со седативот за да види како ќе ѝ е? Психијатар ѝ рекол да намалува по половина за почеток што дури е многу после толку долга употреба според мене и многу други психијатри со кои сум соработувала. Многу психијатри советуваат по четвртина дури и осминки редуцирање и тоа подолго време за да не дојде до траума на центр.нервен систем, ама еве ти со твојава надри експертиза ги охрабруваш на COLD TURKEY , а истиот не сакам да пишувам каде ги има однесено многу жртви. Верувам дека кога би била барем малку едуцирана околу ова, не би делела вакви крајно опасни совети! Да, некои луѓе може да поминат побезболно при оставањето на седативите но други имаат крајно морбиден апст. синдром дури со епилептични напади и години не можат да дојдат при себе оти предизвикале штета поради наглото прекинување. Да не зборувам за несоници, анксиозност и се' по список што 10000000 пати повеќе ќе ги интензивира ако крка акутен синдром на повлекување од бензодијазепини, и после и три дози повеќе не ќе можат да ја донесат при себе. Муабети од типот -другарката вака и роднината така, ја направија темава срам да ти е да ја погледнеш!!! Не знам како администратор не опоменува да не се даваат совети за кои е задолжен доктор оти истите имаат потенцијал во вител да фрлат членови... Срамота! Те молам слушај го психијатарот што ти вика, а јас дури би ти рекла да ја прашаш дали може и по четвртина или осминки да си редуцираш подолго време и ќе си кратиш кога ќе видиш дека се чувствуваш подобро со пратење од докторот секако. Немој никако да си ги оставила наеднаш оти може да доживееш страшни симптоми поготово ако си го земала толку долго! Некои луѓе поминуваат полесно, други потешко, но едно е сигурно -бавна редукција дава најдобри резултати, оти не предизвикува траума каква може рапидната. Ве молам не играјте се со оставање на лекови самите, многу сериозна работа се. Пресериозна!!! Подобар совет не можам да ти дадам ако сакаш да поминеш лесно... Години си го пиела, за неколку месеци смирена редукција немој да си правиш трауми за кои ќе ти требаат години после. Смирено, пополека, со соработка со докторот, здрав живот, чаеви за смирување, и се' е возможно.
И јас се мислам цело време за тие капки рефине и никако да се решам ама мислам дека кај да е ќе си нарачам ако нарачаш и почнеш да споделиш да кажеш што ќе биде
Секако не мислев сама да прекине, туку со консултација од психијатарот, не сум јас доктор, дадов совет дека се е можно да функционира, може да се случи да е ок и дека не треба да се плаши, јас не знам зошто одма се сфаќа погрешно, немам потреба да се објаснувам, не мислев ништо лошо секако, и без консултација со доктор.
„Депресија, анксиозност и биполарност се вистински и најчести болести кои прво го зафаќаат умот, а набрзо и телото. Не дозволувајте недоволно едуцирани или полуписмени квазиексперти да ве убедуваат дека вашата болест не постои и дека сѐ зависи од вас. Никој не е семоќен. Побарајте помош. Побарајте терапија. Побарајте контакт со стручно лице. Луѓе губат животи само зашто "можат сами да се справат со сѐ".“ Др. Даниел Грегори Ејмен
Во која аптека може да се најде Неолексан и ако може да споделите искуство тие што го имаат користено.
Не сум лекар и не се разбирам многу, ама еве ќе се обидам да помогнам колку можам. Еден да спасам е пуна капа за мене. 1. Брза помош(квик хелп): Што би направил јас? Па еве да речеме, почнувам од утре. Би земал поголеми дози магнезиум 600 до 1000мг рамномерно резпределени во текот на денот, витамин Д и К2. Може и други работи требаат ама овие се најважни. Бар 10 дена, да видам реакција. Факт е дека мозокот е на триста и емоциите(негативни) трошат магнезиум. Се будам и излегувам надвор, не се враќам додека не ја натопам мајцата. Дали трчање, склекови рипање, вежбање, кој како сака и може. Се враќам дома, се туширам и водата ја вртам накај ладно. Колку се може, нека пука дрво и камен, ама бар 3/4мин нека те тушитра ладничка вода. Појадувам, со сите основни и природни намирници, јајца, домати, јаглехидрати итд. Сите стимуланси се табу, кафе, шекер, тв, тел, интернет, весници, негативни луѓе итд. Бриши тоа, погребај фигуративно. Заборав да кажам, мајцата мора да се натопи за да се потрошат насобраните хемикалии во телото. (адреналин,норадреналин, кортизол итд). Во меѓувреме си посветувам време на себе(чешлање, средување, и што ти ја знам) ги облакам најубавите и удобни алишта. Сонцето надвор грее, мора секој ден да се најде време 2/3 пати, бар по 30мин за пржење. По потреба пак туширање. Следно е мелемот за душата. Добри идеја би била време со животни куче, маче, зајче, коњ. Нахрани го, негувај го, гали го, гледај го во очи, пробај да се конектираш со него. На мозокот му треба успех и благодарност, помогни некому, на пример на стари лица, пренеси му намирници од А до Б, разговарај. Играј се со мали деца, научи ги да врзуваат кондури пример. Благодарноста и позитивна мислата на другите за тебе се пренесува „безжично„ и чини чуда. Дружба со позитивни луѓе кои често се смеат. 2. Причини и страдање: Некада прочитав дека страдањето е надобар учител. Мислам дека е точно. Луѓето што страдале се побогати духовно. Лекција која мора да се научи, а ќе паѓаш на испитот се додека не научиш. Што треба да се научи? Па како прво да се промени нешто во животот. Да се избришат и одстранат луѓето и нештата кое ве влечат надоле. Кои и да се. Мора да ги идентификуваш. Да ја промениш средината(работна, љубовна, домашна?). Луѓето кои се склони на аксиозност, се по природа премногу строги сами со себе. Се критикуваат и шибаат себе си како селанец што шиба претоварено магаре по планина. Вашето тело и душа не е магаре, треба да се сака и негува како најмилото нешто. Друго, не се самострогоста туку и сензитивноста, емпатијата, склоност кон зависности. Значи неможе секој ден да се кљукаш со емоции, кои не можеш да ги свариш, а да очекуваш на бидеш ок. Емоционаниот ролекостер, се консумира преку медиуми, социјани мрежи итд. Тоа не е за вас, намалете. И порано имало уплав, ама многу ретко. Оваа денес е ненормално, викаат последица на модерното живеење. Е кое е тоа модерно живеење? Па се знае, висење на интернет и изолација. Нема реално дружење. Променете го тоа. Нема никој за дружење? Ма дај, дедовите и бабите исто се осамени а на запад и плаќаат за дружење. Па било чии и да се, а плус ќе научиш може нешто. 3. Болести: Низок шекер може исто да е причина за анскиозност. Тоа треба да се провери. Предиабетес? Решението е пак мокра мајца, бар секој втор ден. 4. Општо Свати ја анциозноста и депресијата како страно тело, натрапник. Тројанец кој влегол преку твојата слаба „порта„. Таја слаба точка треба да ја сватиш и таму да се браниш. Препорачувам потсеник преку календрар со некои лични пораки кон самите себе си, или запишете нешто на зид. Пример: „ Кој ви *бе матер, ***ка ви материна!„ „ Ме боли *** за све!„ „ Не ми треба никој и ништо,имам се што ми треба!!„ „ Не ми треба никој кому јас не му требам!„ Звучи шашаво, али ради. Бидете креативни или споделете свое мото и мотивација. Во поголемиот број случај се работи за некоја траума предизвикана од човек. Сакајте се себе си, бидете и малку себични. Ова би било накратно од тоа што ми е во ракав моментално, ако ми текне нешто подоцна ќе пишам. И не заборавајте, имате работа со натрапник кој треба да го избркате на клоци! Мобилизирајте се и храбро и агресивно удрете! Потребна е акција а не кукање. Со среќа! п.с. Мисла предизвикува емоција, емоција предизвикува хормонски дисбаланс. Ако нема порамнување имаш симптоми и психосоматски „болести„. п.п.с. Прости и заблагодари се, искрено! Мислам дека е јасно ова...