Одличен пост на @Kade33, само мало надополнување: јас искрено, не познавам човек кому магнезиумот му помогнал при анксиозноста, али ајде нека проба. Магнезиум помага при некои физички манифестации - грчеви, вртоглавици и сл. Мислите не ги средува. Исто и со вежбање. Те исцрпува физички, можеби ќе си легнеш полесно али ако те мачи нешто мисловно, џабе е. Бар кај мене. Имам и трчано на кеј, и вежбано во теретана, и со тренер, и одено на Водно, и џабе е ако душата, не ти е добра. На крај психијатарот и таблетите беа најдобро решение.
Првиот пост, да си во право се сложувам. Вториот, и тука се сложувам. Сакам да насполонам. РАЗГОВОР СО БЛИЗОК ЧОВЕК, ШТО ДОЖИВЕАЛ НЕШТО СЛИЧНО ИЛИ ЕПТЕН НЕКОЈ НА ФОРУМ. ОСОБЕНО, БИТЕН МОМЕНТ МИ Е ПСИХОТЕРАПИЈА! Колку почесто толку поубо. Исто така, сакам да проба КБТ. Си сибнав апликација, каде што буквално те гаѓаат некои прашања и да видиш интересно. Првата со моливче и тефтерче што е. Исто имам сфатен дека ми помага и Yin Yoga. Лежиш на земја или нз други пози, по минута, две, три. Има баш и за anxiety, depression, release emotions. Точно дека физичката ќе те умори, еве и кај мене џабе бев на пешачење коа фокусот ми е на друго место, психички ако си исцрпен и ти шета мозокот ЏАБЕ. Одма бев отсутна, сосила се смеев, едноставно не сакав ни природа, ни луѓе.
Физичката активност помага околу хормоните кои влијаат на расположението. Плус дава прилика да се фокусираш на себе, да се соочуваш сам со себе, да си ја согледуваш способност, да се буткаш и бодриш сам себе, дури и да се натпреваруваш сам против себе. И на тој начин ти се зацврстува самодовербата, трпението кон себе, самопочитта, способноста да согледаш грешка па да си простиш, те прави почесто благодарен за приликата што ја имаш да си физички активен. Нешто слично ко со медитација. И сето тоа во комбинација со останатото што го спомна, помалце екрани и социјални мрежи, повеќе сè друго, повеќе фокус на себе и своето здравје, и ментално и физичко. Сето тоа е животен стил, менталитет, mindset, lifestyle. И тоа не значи дека нема да имаш никад анксиозност, само значи дека поретко ќе ја осеќаш и нема да те плаши. Тоа е целта кон која треба да се оди, а не целосно доживотно отстранување на анксиозноста - такво нешто не постои. П.С. ако додека си физички активен мислите ти се сè уште негативни, загрижувачки, нервозни - најди добар подкаст.
Што праиме ние што сме постојано в екран и не еден туку 3,плус и слушалки? Верувај некогаш не можеш од мисли ни да станеш од кревет а камоли да вежбаш? Џабе ти е, мора да најдеш нешто што ќе те смири одвнатре и балансира.
Не се разбираме. Џабе. Фокус имаш на друго. Мислите ти се хаос. Јас едвај до заболекар одев, некогаш. И општо на доктор. Пример. Имаш мисли дека ако излезиш ќе паднеш ќе умреш и сл. Затоа од се треба по малку и со можностите.
Јас работам на компјутер, 8 саати. Од дома до работа иам 4 км, или одам пешки до и назад, или со точак. Тоа ми е главната физичка активност преку недела. Кога не беше жешко, и 30те минути пауза ги користев за тура прошетка од 3 км. После 18-19 саат пешачам пак. На викенд уште повеќе. А сум со тодлер. Порано без дете цепав точак 20 км тура, неколку пати неделно. Сеа би уплатила месечна на базен. Праам и вежби дома, језда се повеќе за растегнување, потребни за грб. Муабетот ми е, ако сакаш, можеш. Живо битие си, мора да си физички активен. Работата е што кога ќе го смениш секојдневието и ќе гледаш да си го подобриш на секаков начин (помалце социјални мрежи, повеќе поминување време во парк на пример, повеќе читање книги, добра исхрана, доволно сон, итн), тогаш поретко ќе ти се случува да ти треба нешто за смиривање. Да нагласам, не сум против препишани терапии, кога се мора, се мора. Меѓутоа не да се ослониш цел живот дека мораш терапија, убеден дека апсолутно мора и дека не постои живот без терапија.
Така е, во право си. Мора да сме физички активни. Само да кажам исклучиво одам втора смена од 14ч. Контакт центар. Верувам ако сум прва, ќе можам да имам поќе активности. Зато реков, секој различно.
Смената не се сменува хахах не е ова на пазар. Америка е. Америчка фирма. Различни временски зони. Треба работата да се смени. Тоа е. Убава пара се губи ако ја сменам, то е.
Секако, секој различно. Затоа треба за себе да си смислиш план како најмногу ти одговара, да се адаптираш на твоето време. Можеш наутро на пример и после работа, таман навечер пред спиење топ годи движење. Да се надоврзам и на ова: Како што велиш, мисли се. Не ги сфаќај здраво за готово, бори се против нив. И покрај нив, прави го тоа што сметаш дека е добро за здравјето. Па најдобро ќе се увериш дека можеш против мислите. Како и да е, терапијата ќе ти ја смири вознемиреноста добиена од таквите мисли, но нема да ти ги смени мислите.
Верувај, се пробав. Се тоа беше со минимален успех. Се додека не седнав пред психијатар и не почнав да пијам терапија.
5HTP обично го препорачуваат, со тоа што кај мене не делуваше воопшто, и при појака доза. Ама кај тебе може ќе успее.
Ми стигнаа вчера. Ја испив половина пипетата ( како што ми кажаа ) после ручек. Ама , пијам и ашваганда. И после саат време од пиењето, еден мал паничен напад. Ај, си викам, ништо страшно. Одамна сум немала. ама утрово после испиената половина пипета, и доручек, пиев ашваганда. Е тука стана интересно. Еден страв во коски, една вознемиреност - чудо едно! И веднаш се консултирав со фармацефт ( ептен добар фармацефт, со огромно искуство ) и ми вика дека дојдено е до интеракција помеѓу капките и ашвагандата. Ашвагадата дава енергија, ама и компбинацијата на жен ше и гинко билоба дава енергија, и тука е проблемот. Се договорив да си ја допијам ашвагандата, па полсе тоа ќе продолжам со капките. А некој да имал искуство со ашваганда?Јас ја пијам три недели.
така си вртев низ форумот ова кога го прочитав како јас да сум го напишала, исто над 15год со анкс и баш истото мислење го имам.. а ја поминам границата јас сум друг човек.. Не би се замислила да живеам во странство, можеби е тоа така оти идам на шетање па мозокот ми се опушт или пак имам потреба од промена...
Па државава и околината во која живееме е дефиниција за анксиозност. Нема насмеани лица на улица, само црнила, само неубави работи, политика секаде вмешана.. и како да не ти поминува кога ќе излезеш од овде.