Девојки, читам доста теми на форумов, и искрено да ви кажам, и покрај сите проблеми што ние тука ги имаме со анксиозноста, вие и вашите коментари се едни од најпозитивните и најмотивирачките. Од страна гледано ние сме многу храбри, се трудиме и функционираме и покрај нашата преголема емотивност и сопствен „товар“ што си го носиме. Јас од анксиозност и панично растројство си патам веќе негде 6 години, понекогаш е подобро, понекогаш полошо... Периодов бев болна 1 месец, со температури, глупости... после тоа 2 цели недели толку ме имаа фатено стравови, вртоглавици, ми се матеше во главата, ми беше страв да излезам од сопствената соба. Не Seroxat, не Helex, како ништо да не делуваше. Психијатарот ме испрати кај психолог. Сега за сега веб на разговор само еднаш, во петок сум пак, но чувствувам некаква промена. Излегов и вчера и денес, возев вчера вечерта...нешто се менува. Пу пу пу да не се урочам. Онака, веројатно и кај вас е така, колку повеќе седам дома, толку посигурно ми е и си наоѓам причини да не излезам, и се повеќе се затворам, со што е и се потешко човек да се врати во нормала. Моите другарки не ме разбираат, мислат дека јас нешто измислувам, дека овие симптоми не постојат. Ми се допаѓа вашата дружина, стварно сте open minded девојки и ми е многу мило што не сум единствена. Ве поздравувам многу сите...и се читаме
добро утро на сите!се надевам дека сте добро јас денес не сум најдобро ,нокеска мн малку спиев и денес сум како зашеметена,инаку од кога почнав да ги пијам АД депрозелот бев мн добро но денес не сум баш,луге колку години поминав со оваја анксиозност и имав добри и лоши периоди и тоа е во ред но нај многу ме мачи тоа што и покрај тоа што поминаја толку години и што сите психијатри и психотерапевт ми каза дека имам генерална анксиозност и ништо друго ,јас секој пат кога ке имам лош ден мислам дека ке полудам уште тој страв па веке ми се смачи ,уште чекам дека нешто посериозно ке ми се случи,искрено го мразам тој страв незнам зошто уште го влечкам со мене за да не сум на раат,па ајде денес ми треба нешто конкретно што ке ми помогне да го поминам овој ден и ако имате нешто конкретно за да го избришам овој страв еднаш за секогаш уште подобро.поздрав само тука остана да се залам дома повеке никој не ми верува дека сеуште се замарам со тоа и покрај толку доктори кои го казаа спротивното дека нема да полудам ,а јас усте се замарам трагично поззззззззззззззз
marinela5 Треба да светиш една работа,ништо нема да се смени се додека не се смениш ти. Не можеш само да седиш и да чекаш некој доктор да ти каже дека ете анксиозноста поминала.Не оди тоа така.Ти мила треба да е потрудиш повеке.Ти си таа која што може да си помогне самата себе си.Ти си таа која што треба да разбере дека животот треба да го живееме а не да седиме и да чекаме нешто лошо да ни се случи.Не си го губи времето за џабе.Уживај во сето она што ти го пружа животот.
Добро утро, ајде драги мои будете се и зграбчете го денот! Јас сум одлично, милион обврски чекаат да бидат извршени па се мавам на работа а вие, повелете едно вакво, и не дозволувајте никој да ви го расипи денот, и запамтете, животот е таков каков што ние самите сакаме да биде, сами го градиме и зачинуваме(ако ја изоставиме судбината ), па мавнете се и вие на работа.
И јас го имам истиот страв како тебе маринела и јас со тоа се мачам па ај ако некој знае нека ни објасни дали мозе анксиозноста да кулминира во нешто друго и нешто поопширно некој ако знае оклу ова,навистина е тешко да се живее со тој страв.................ок толку пишете
Дечки би сакала да ми пијасните дали тоа што претходно го пишав е анксиозност или повеќе социјална фобија? Ако може да ми ги кажете симптомите на анксиозност? Затоа што ми рекоа во оваа тема да пишувам за овој проблем. Да ти е*ам животот веќе.Ми иде на моменти да се самоубијам.Ова не е живот.Не се толку срамам од вака комуницирање со луѓе туку постојано имам некој необјаснив страв дека сите ме мразам,дека не ме поднесуваат,дека ме гледат накриво секогаш кога ќе поминам по улицата.Дека зборуваат за мене.Иако длабоко во себе сум свесна дека нема причина за тоа,психата е посилна од се. Ве молам за помош .
Ај ке те молам прочитај погоре што и одговорив на marinela5.Анксиозноста може да кулминира само со опсесија од самата анксиозност.Колку повеке мислиш на анксиозноста,се повеке и придаваш значење и се повеке и повеке тонеш во стравови.Многу пати е пишано,само игнор и позитивни мисли.
Знам точно низ што поминуваш.И јас имав еден таков период.Без разлика дали станува збор за социјална фобија или анксиозност,решението е едно и единствено.Престани толку многу да размислуваш!!!Ништо нема да ти се случи ако излезеш надвор.Никој нема да те погледне лошо,никој нема да помисли дека си к**ва,никој нема да те плукне.Нема да паднеш пред сите па да ти се смеат.Едноставно тоа нема да се случи!Запомни една работа,ти не се центар на светот и светот не се врти околу тебе.Дали мислиш дека тој што поминува покрај тебе на улица нема сопствени проблеми па ке размислува за тебе дали да те турне,дали да те плукне или нешто слично.Дали ти гледаш во сите кога одиш по улица?Не верувам. Ич немој да се секираш.Ова е само период.Немој да се криеш под било какви маски и стравови.Излези и живеј го животот.Смеј се и не размислувај многу за другите. За било што тука сум за тебе.Јас го надминав таквото мислење,ке го надминеш и ти
Поздрав мили мои...ајде сега вакаа хехехе .....Ибанез, Принцез..., Еци.Ск која мн ми се допаѓа, Сериозна за тебе, ааааа кого заборавив мојата Петра, маринела5 и Јулли..ииииии....Ането10, мојата ТациСања,......бре колку не има за жал или за срека што се најдовме во несреката ..незнам .....ама знам дека можете оваа да го решите и да се ослободите од неа....јас навистина успеав....прв услов да тргнете напред..но мене верувале или не ...најмногу ми помогна ,,игнорр,,,(знам здосевна сум...ама така е ...го вежнав , го вежбав ..и успеав...помош ..малку деметрин..може и некој друг полесен лек ама денес мн ретко го пијам само во стресни ситуации.. Јас, јас која бев на дното....јас која се спакува и сама доброволно сакав да се сместам на психијатрија бидејќи ми се чинеше дека оваа нема крај...јас која испив една аптека анти депресиви и ееее што ли Не. Успеав кога реков ДОСТА Е...и ги мавнував лошите мисли.. морате од тука да тргнете...само самите можете да си помогнете, не велете ми ..лесно е на друг да тешиш..не јас не тешам никој напразно, јас минав низ пеклот и знам како ви е...јас гооставив пеколот зад себе...и никогашнема таму дасе вратам затоа што јас така сакам... Верувајте во себе, изгубената самодоверба е првата препрека на патот кон оздарвувањето, верувајте оти јас сум паталецот и имамдоволно години за да ве посоветувам вака. Поздарвче...хехехехех викајте ме на собиранката Кишмата ке си јастегнам и ке дојдам Поздравче Ве сакам
Мила Dunja,јас не сум ви кажала речиси ништо за мојата борба со анксиозноста. Еве на кратко: За почеток ги пропуштив првите три години од животот на син ми затоа што бев преокупирана со моите стравови и панични напади.Не го гушкав и не го бакнував за да не го разболам.Не давав никој да го допира...сега кога пишувам плачам ... Само кога се сетам дека не му давав да се дружи со другите деца и не го носев по родендени,заради моите панични напади. И не го пуштав да чекори за да не ми го украде некој... Колку беше страшно Не го оставав сам без мене ниту пет минути,за да не му се случи нешто.Кога одевме на одмор јас го упропастував одморот со моите вртоглавици.Се јас не можев...се мене ми беше лошо,се мене ми беше страв.Со сопругот се оддалечивме скрос,дури за развод зборувавме оти бев неподнослива ама и тој не сакаше да ме рабере.Се лутев на целиот свет зошто баш мене ова да ми се случува.Јас која што го љубев животот со целото срце....Јас која не себично помагав на сите што ги знам и не знам.... мајка ми знаеше низ што поминувам ама и таа не сакаше да ме разбере.Ми беше страв да одам во продавница и да купам леб.Ми беше страв да го јадам лебот за да не умрам.Ги гледав лугето како силуети прекриени со бактерии.Небото за мене не беше сино,туку црно.... И потоа еден ден,сватив што ми правам на моето дете и од што се го лишувам.Не му давав да живее.Јас не му давав да падне.Јас не му давав да се дружи.Јас му го уништував уште не започнатиот живот.Само јас и никој друг.Почнав да читам и да пребарувам по нет.Ја најдов темава и ги прочитав искуствата.Најважно од се ми беше тоа што јас НЕ СУМ САМА! Дуња беше првата членка од овде која што успеа да ме натера да размислувам позитивно.И никогаш нема да престанам да се борам! НИКОГАШ!
Верувам, откако ќе прочитате ќе ви биде подобро. http://nanodijanetika.blog.mk/category/ ... %BD%D0%B8/
Добровечер друштво , како сте ми , сериозна браво за тебе за твојата позитивност и немој да те чуди што никој не те сфатил едноставно сме и чудни на луѓето кои не поминале низ ваков период, а инаку вие како мајки сеуште не сум мајка но ве разбирам за грижливоста кон вашите сонца, и јас сега кога си размислувам кога ке имам дете дека ке ми биде страв да го оставам да го чува некој, но сепак не препуштајте се на анксиозноста затоа што сепак сте мајки и нормално е да постои таа голема грижа затоа што познавам од лично искуство ви кажувам личност MAJKA на која кога и ги видам златцата болни и како кашлаат а таа ги оставила во снегот да прават снешко епа , и ке ми каже имаат температура цела нок е каква е бре таа мајка ! За анксиозноста се знае позитивноста и игнорирањето на лошите мисли се најдобрата опција да се појави насмевката повторно на нашите лица верувајте успева ! Па можам да се пофалам дека веке 4, 5 месеци ја немам осетено паниката затоа што сфатив дека морам сама да се изборам со чудово со мојата позитивност јас секако без лекови се борам затоа што сум фурка за пиење лекови и сакам да си ја задржам самодовербата која си ја имав одсекогаш, па мислам дека кога си ја имаме оваа подршка на форумот сите ке успееме ве поздравувам ситееееее
Добро што и е на луѓево толку сме и интересни со темава абе не сме глупи а далеко од луди, значи неможам да поверувам што се има на овој свет, браво за администраторите што веднаш реагираат
Срцки хелло како сте? Јас сега пред малку се вратив од работа и сега пијам кафица и ве читам Остајте напади и паники бре луге излезете штенете некаде напрајте некое добро дело,нешто да ви ја исполни душичката и верувам ке бидете подобро дур седиме и паничиме само полошо може и сватете дека ние не сме болни ај да не се повторувам со истите зборови кои веке сум ги пишувала свртете некоја страна наназад ке видите и јас во која состојба бев па сега фала му на бога сим ОК А за кафица ајде давам предлог сабота во Кнох кафе во веро околу 13 ај да видам ваши предлози ?
zdravo kako ste mi ja sega ve citav tekstot na seriozna i me rasplaka mene dva dena me bolat gradite me stegat a nz od sto
за ова нанодијанетикава има многу поопширно во Најголемта вистинска тајна на светот од Ниче Димивски. мислам дека прв пат тој термин се има спомнато во таа книга али не ме фаќајте за збор. а тајната е од Rhonda Byrne ... иначе луѓе јас си настинав и увцево не ми работи хахаха али тоа е ке помине ... Вчера ме фати мала криза и Санја ме смири така да фала најмногу ... друго си земав книгичка Сексуалниот живот на луѓето од Фројд да си се посмеам малце секат ме расположуваат книги од него, си ја прочитав на предавања сеа, малце неодговорно ама тоа е хахах. И најважното прееска слушав една песна од Apocalyptica и имаше еден дел што тек сеа го забелешав а толку многу ја опишува нашата состојба The hardest thing to me is Facing the fear I live No one can help me now it's under my heart
А замисли мене како ми беше сама со детето.Не да сум плачела.....уффффф.Тешко ми е сега дури и кога се секавам на тие моменти.Ама искрено се надевам дека сето тоа ке остане зад мене и дека со ваша помош ке надминам се!
се резбира дека сето ова ќе го оставиме зад себе нормално дека ќе имаме деновиве кога ќе ни биде потешко ама знаеме дека се е до нашата психа и дека не може ништо лошо да се случи ... со секоја нова криза се помалце е страшно ... На крај краева зашто да дозволиме животот нас да не живее место ние него. Се додека живееме со овој страв губиме драги личности ... Сакам да кажам дека оваа состојба не ни дозволува да живееме нормално. Колку пати сте откажале излегување, патување или едно обично кафе поради мислата "а ако ми се случи нешто, а ако биде вака а ако биде онака". Мислам се додека не се опуштиме, додека не се ослободиме од тој страв нема да живееме нормално. И на крај што сме постигнале со тоа? Ништо !!! само губиме постојано губиме и ќе губиме се додека не се освестиме. и мене ми е тешко и мене ме фаќаат кризи ама давам се од себе за да го пребродам ова и да живеам најнормално како сите други
знам и те разбирам сериозна зашо што и јас бев така цело лето и од кога го најдов форумот сум подобро и така и ти ке бидес добро те болеле ли градите некогаш??????