Ne znam sto si piela prethodno, ama ako imas neizdrzlivi simptomi, smee da se pie elicea, smee dijazepam, za bremeni zboruvam. Sepak i psihickata sostojba ne e za zanemaruvanje dodeka sme bremeni, koga nesto ne pravi steata, a ni e od pomos, sekako deka kje go pieme. Sepak na decata im trebame zdravi. Konsultiraj se so doktor sekako okolu ova.
И кај мене вака почна. Бегав од концерти. На еден ми се слоши и седнав на скалите кај бината. А другите бегав надвор да земам воздух. И нормално на почетокот не ми беше јасно што се случува. Кога налетав на една тема тука на форумов тогаш сфатив.
Истово го имам доживеано кога бев на терапија со АД. Ужасен гнев најмногу поради интрузивните мисли кон кои имав многу емотивни реакции, буквално дојдов до степен да прават гримаси на гадење кон мислите и во јавност. Одев по улица цела намрштена, и да, дома го имам удирано ѕидот понекогаш од вулкан на револт во мене. А тогашниот психијатар дури и ми ја зголеми дозата на АД поради гневот, а всушност ми стануваше само полошо.. Кога отидов кај друг психијатар веднаш ми рече дека можно е да имам серотонински синдром (премногу непотребен серотонин) кој во крајна фаза дава агитација и агресивност. Веднаш почнавме да го редуцираме пополека и конечно бев подобро. Истиот психијатар ми кажа дека најголемата грешка на многу психијатри е што за класична изолирана анксиозност веднаш препишуваат антидепресиви и тоа од тие ССРИ или како беа а истите најдобри резултати даваат за луѓе кои не можат да станат од кревет (депресија), и делуваат како гориво за да те кренат буквално, додека кај само анксиозните луѓе можат дури да го интензивираат растројството поради серотонинот. А додека го редуциравме АДот ме стави на стар благ антипсихотик Еглонил кој во мали дози е многу добар анксиолитик и бев преродена одма. Не тврдам дека е истиот случај и со тебе, но често многу луѓе се на погрешна терапија, и навистина не е лесно да се најде добар психијатар.
Sega za razlika od togas sum super. Me fajka panika strav po posleden period , ama ne e ko togas . Inace togas pijav elicea so demetrin po potreba . Mi kaza psihijatar deka mozam da ja pijam i vo bremenost.vcera primer imav najverojayno panicen napad , bolki steganje vo gradi grb. Ali izlegov prosetav , malku razgovor i denes sum top.
Дечки ај хелп, како се справувате со прескоци, тежина на гради, немир. Деновиве имам такви симтоми, направено екг океј, само што ќе помислам на срцето одма ми реагира. Совет?
Единствениот начин е да ги прифатиш и престанеш да мислиш на нив. Ако е се' во ред со срцето тогаш нема потреба да се грижиш оти се безопасни. Симпатичкиот нерв е поврзан со срцето и само една молскавично кратка мисла е доволна за да ти направи палпитација. Всушност тоа си самата ти. Е до толку е моќен мозокот за жал или среќа. Сосема е возможно да го навигираш да не ти прави толку често со тоа што не им се плашиш и ќе намалат. А палпитации имаат речиси сите луѓе дури и кога не се анксиозни, а ние ги имаме почесто поради нејзе. Јади помали оброци, смири го желудникот исто, оти анксиозноста знае да предизвика надуеност и гасови кои исто предизвикуваат палпитации. Провери железо, витамин б12, тироидна... Јас ги имав премногу порано и проверив се', се' беше во ред. Кога ги прифатив и престанаа да ме штрекуваат, исчезнаа... Многу ретко имам сега, обично ако се прејадам и легнам може да имам по некоја, ама веќе не им се плашам.
Не е баш соодветно ова за тука, ама дека сте повеќе. Не се осеќате ко смачкани од времево или самата си фаќам кривини? Ни апче помага, богами ни гел (пошто сето ме врти), испозабавена снимка сум во одредени моменти. Пробувам да станувам уште порано деновиве со што тешко ми оди, се туширам буквално со ладна вода за да се осетам поенергично - не помага!
Веројатно е до времето. Ме врти главава, поретко станувам. Туку... Дали некој/а има пиено Оптимакс на доктор Митов? Ми го препорачаа, ама не е евтино.
Дали одеше и на психотерапија? Мене тоа доста ме извлече. И кажи кој психијатар ти помогна тебе, лично.
Puls 128 sabalje mi bese , mozi da e od anksioznost? Legnav odmoriv se smiriv malku se smiri i pulsot , ama sega eve osejkam pak .
Ne pijam nisto ... ja imav anksioznosta porano ,pijav lekarstva odev na psihijatar i posle 1 god se okey bese. Imav nekoj napadi odvreme navrmee ,ama sega poslednava nedela sum katastrofa. vcera bev super pred toa paniki. A trudna sum sega nejkam da pijam neso za smiruvanje. Ama neznam kako ke izdrzam