Тоа е така зошто на факултет ништо не се учи за невронаука, за анатомија и за неврофизиологија на мозокот. Само ветер во магла учат.
Сметам дека поголем проб имаш со себе си сама отколку со анксиозност.Несигурна си мн во себе и нонстоп имаш прашања од типот нормално ли е …? Се е нормално и да си тажна и лута и на моменти несреќна.Ама не е нормално да се преиспитуваш за се вака. Дали раб со психолог на проблем социјална анксиозност,техники за кревање самодоверба,фокус на себе си и слично? За ова како јас те доживувам мислам џабе пиеш терапија дека твојот проб е сосем друг од она од што те ‘лекуваат’.
Девојко, кај тебе веќе ништо не е нормално нешто ти е згрешено, или дијагнозата,или докторот или терапијата.
Мислиш сум за во болница? Работам со психотерапевт, ми има речено дека имам проблем со себе, со емотивноста. Цела сум избркана. Немам правец, немам насока. Одам секој месец по две сесии.
Терапијата ми е најниска. Немам напади, но се затварам во себе и не сакам контакт со никој. Кога сум на сесија си ја снимам и си преслушувам ко ќе ми е тешко.
Nikoj ne ti rece deka si za vo bolnica. Eve, impulsivnosta I hiperbolata so koi reagiras se bazirani vrz ogromna nesamodoverba. Iako, nikoj ottuka ne e uvazen za da dava dijagnozi, licno mislam (a nema nisto loso da si kazeme mislenje oti naprotiv moze samo da pomogne) deka ne ti e tolkav problem anksioznosta kolku nejasniot uvid kon samata sebe, prazninata koja ja imas cesto, I promenlivite raspolozenija zaedno. Ova mene poveke mi nalikuva na personality "precka" koja se nadminuva so praviot profesionalec. Nikoj ne e sovrsen, no koga nesto postojano ne' maci, dobro e da se pobara pravata pomos. Za tvoe dobro. Se' ke bide vo red.
Еве излегов, и ме фатија паники, ко изгубена се осеќав... Внатре ко да ми се плачи, ко во филм. Ко збунета бев, нз шо да зборувам и мислев дека сите во мене гледаат и се познава дека нешо не сум во ред. Ме фати стомак.
Тоа чуство дека се приметува дека не ти е добро мене ми е многу добро познато. Неќеш некој да те примети таква.
Не си за во болница, време е да баталиш све и апчиња и доктори и форуми, и да почнеш да живееш, сиве години шо ги изгуби со ова ми е она ми е, нема да ти се вратат.
Со анксиозноста секогаш се осеќаш ко нешто прв пат да ти се дешава. И затоа и е вака, вртење во круг од стравот. Така да нема потреба вакви прашања. Ама што е со испадиве… ансксиозна е… дајте луѓе зашто вака..
Има потреба. Не реагираат сите анксиозни така за стомачен вирус. Она постојано за нешто е несигурна и премногу паничи и препрашува. Можеби треба да си го смени терапевтот. А и терапијата. Ама, никој овде, а и стручно лице не може да ѝ помогне додека она самата не реши да си го смени мајндсетот и малку похрабро да настапува.
Дечки ај вака, значи знаеме колку е тешка анксиозноста, и секој ама секој разчично поминува и ја доживува, ама не може се на нејзе да препишуваме. Коа ќе исклучи доктор нешто тогаш знаеме дека е од анксиозноста, исто не може секое апче да ни одговара на секој мора доктор да ни го препише и не значи дека ако ни го препише дека може ќе ни делува. Оба е состојба, сам против себе мораме малку попозитивно да гледаме на работите, нема откажување, тешко е ама сите како победник ќе излеземе. Не нема потреба, да до тој степен е анксиозноста, за работи што 100 пати ти се десиле да се преиспитуваш ко да се прв пат. Преосетлива е темата, и со тоа само побетер и праите и ја паничите и се осеќа осамено и неразбрано, само поддршка бара. Верувам дека сакате да помогнете, ама вака се одмага само верувај. Затоа идат по 10000 пати на лекар за банални работи од истава причина, пошо се осеќаат ко прв пат да им се дешава… не од што немаат што да прават. Истото го поминав, со анксиозност страв ти е од настинка, зашто ти го доживуваш ко да е којзна е што. До толку ти влијае стравот.
Човек, релативно нова си. Не си ја читала повеќе години. Напротив, ако ја браниш постојано, ѝ одмагаш. Со години ѝ даваат совети и поддршка, ама она слабо применува. Членки се исцрпуваат обидувајќи се во приватни пораки да ја сослушаат.Само бара вина во другите околу неа(те тие на работа не чинат, те другите), а не се труди доволно да смени нешто кај себе.
Дали знаеш ти, јас колку пати се обидувам да се дружам и конкретно барам една другарка да и помогнам, пошо дечко и ја остаи, беше во врска 4 годими, а таа пак по старо никогаш не крева телефон? А таа мене ме заборави 4 години дека постојам. Дали знаеш ти дек се обидувам со месеци да аплицирам за друга работа и само ме одбиваат? Дали знаеш дека имав неуспешен обид за врска и какво маткање добив од несигурна личност, што не знае што сака од себе, а јас се направив за да оди работата?? Па не бидете безобразни.
Јас коментирав за други ситуации, не за овие. Не е безобразлук да ти се каже вистината иако не ти се допаѓа.
Знам јас како е анксиозност да имаш, многу добро знам. Членката пати од тоа, ако не знаете како да и помогнете одминете ја, затоа и се осеќа вака, пошо ја напаѓаат. Полошо и се прави, не само на нејзе и други што читаат исто им се праи. Осетлива е темава премногу, знам како ми било коа на сите им било аман што ти е пак сеа… тој што не осетил нема да разбере.