@GirlLove најнај добронамерен совет, мораш на самодоверба да поработиш, апсолутно си изгубена зошто не знаеш колку вредиш, се замараш кој што ќе ти каже, и кој што мисли, дека сите се против тебе и сл. И јас сум емотивна премногу, ама не можам на сите повеќе да давам значење. Тоа што ти го сметаш за проблем, околу партнерот, врска, работа, тоа и не е нешто премногу сериозно, сите тоа сме го доживеале или го доживуваме, па јас милион интервјуа имам поминато, колку не ме викнале, се замарав на почеток, сега веќе не. Се во животот е милниво за жал, и некогаш треба да прифатиш дека некои работи не се онакви какви што сакаме.
Bu hu, знаеш колку пострашни работи има оф ова? биди среќна што имаш здравје и сите што ги сакаш… Се остало ќе си дојде, можеш нови пријатели / дечко, ова не е анкс него хистерија, опсесија со се, никој не умрел туку така и доста веќе на се наоѓаш нешто. Затвори поглавје смени психолог лекови, збори со психијатар вака тапкаш у место….. Ваква другарка онаква те боли курац за сите, остај и терај си свој кејф, кој неќе неќе
@GirlLove koga ke batalish sekoj. , togas ke trcaat site po tebe. I koga covek ke mu e super sam so sebe togas sve ostalo ke ti e meh, i ke celis povisoko..
1. Најди си друга другарка. Ако четири години не и текнало на тебе, не треба ни тебе да ти текне на неа. Што се чувствуваш прозвано да и помагаш, ако таа не те есапела кога и било убаво. Самата викаш, уште не и текнува на тебе. Зошто сакаш уште да се дружиш? Ја ставаш пред своите желби. 2. Смени го CV-то. Има куп алатки како да го направиш да изгледа примамливо. Ако ти е напишано во word, без концепт, нејасно и без желба, вината не ја барај во друг. Спремај се за интервју. Читај како да се претставиш, со самодоверба и харизма. 3. Повторно истата грешка. Се обидуваш да спасиш нешто што не заслужува твое внимание. Другарите си заминуваат, дечковци се менуваат. Не ви идело, супер, има друг каде што двајцата ќе се трудите да ви успее. Не се тешки проблеми, но ти си заглавена во круг да правиш исти грешки. Не воскреснувај контакти, барај нови. Работи на себе, не на врските со луѓето кои не биле ни судени да опстојат. Знам дека ќе прочиташ и ќе заборавиш што сум напишала, но барем потруди се да смениш нешто.
Dali nekoj ima iskustvo so centar za bioinformatika vo Skopje( na Vodno) ? Citav pozitivni iskustva za luge koi se soocuvale so anksioznosta, pa ako ima nekoj iskustvo da spodeli ako moze.
Многу често знаеме дека не ни е ништо, но поради личен мир одиме правиме контрола... јас на тој начин го надминав стравот од болести. Предходно и за испаднато брунче сум паничела сум читала симптоми.... така да и секој месец да одите на прегледи ако ви ствара мир одите ќе видете дека не ви е ништо и ќе го надминете тој страв. Јас со социјалната анксиозност имам проблем, во гужва како да потонувам мислам ќе паднам.. самодоверба 0. Посилно е од мене, кажувајте некој техники кој ви помагаат, кој го надминал тоа па макар и на одреден период. Ајде да си помагаме на овој начин, да не осудуваме и да не бидеме остри едни со други ако треба и 100 пати ќе пофториме на некој. Таква е анксиозноста досадна и за самите нас и за тие околу нас
15, 20 години на терапија и воопшто да не подмрдниш од место,нешто тука не одговара, се читаме тука со години,мене искрено ми е жал, и јас сум години, пијам терапија и супер сум, одам на работа, шетам, се дружат одам по одмори по забави,функционирам, и ништо не ми е,онака се жалев кога не пиев ништо,затоа мислам дека нешто е згрешено,не можи со терапија да не си добар секој ден,не можи
@Tarantulla за жал многу од психијатрите не се способни да проценат дека терапијата не годи. Она е повеќе исплашена, највеќе заради непогодена терапија + неможност на психијатарот да ја „чита“. Не секогаш се потребни засилени дози на одреден антидепресив, посебно на луѓе кои се посензитивни. Зашто баш обратен ефект има, прогрес никаков и не само што ќе си стои во место - ами и полошо ќе ѝ биде. Можеби е подобро да остави терапија и поинтензивно да се посвети на одреден спорт.
Квалитетот е редок и прескап, ретко кој може да си дозволи вистински професионалец. Кој сака нека се навреди, гајле ми е, ама се' останато махинално работи без да се замара, ко шо матични препишуваат антибиотици и лексилиум за се' и сешто, така и речиси сите психолози и психијатри тука, демек малце муабет ќе ти напрааат, демек ќе ти дадат дијагноза, ќе нафрлат некои основни работи ко ти да си им ученик, а не пациент, и ќе ти препишат нешо па ти клукај се до бескрај, битно да ти е добро ко ќе делува апчето. Еве ја многу ретко пијам лексилиум за прејаки главоболки, буквално едно пакетче ми трае над година дена, и да, ми помага за главоболката и благодарна сум на спасот тогаш, меѓутоа утредента се осеќам катастрофа, физички ми е многу лошо од лексилиумот. Па така верувам дека и на многу други им е слично, а не можам да замислам како е со појаки апчиња. Па често може да се прочита на темава, лошо ми е, ко да сум прегазена, не можам да се движам, не знам што ми е. Факт факат е дека на многу терапиите само им праат полошо да им биде. Се прашувам дали ако доктор (било да е психолог, психијатар, матичен, кој год) ви препишат спорт ќе ја започнете таа терапија? Одредена физичка активност, толку пати на ден, секој ден? Ултра посветеност на добра исхрана? Препишано да се јаде тоа, тоа и тоа? Препишано гасење од уреди во толку саат, или, не смее да се користат социјални мрежи повеќе од еден саат дневно? Смешки ми е муабетов, ама замисли сериозно да го препишуваат како терапија сето тоа; дали ќе се практикува? Нејсе, освен спорт, потребно е дистанцирање од луѓе одреден период. Ретко кој има муда за тоа, иначе многу ефективна терапија е. Да се посветиш одреден период само на себе и на никој друг. Доволно спиење, добра исхрана, одредена физичка активност, седење сам со себе, движење низ природа, изработување смена на работа, немуабетење со колеги и општо со луѓе, читање книги, гледање серии. Сам со себе. Да видиш после одреден период како подобро ќе ти биде, колку поцврста самодовербата ќе ти биде и колку нема да ти е потребна веќе валидација од други. Па да видиш колку ретко ќе осеќаш немир. Ама немаат муда повеќето. Не можеле да се посветат на себе. Немале време. Ги мрзи. Ќе пропуштат нешто. Кохонес треба ако сакаш боље да ти е.
Другарката те прашала за помош? Ако ти се нудиш и си одбиена, многу нормално е. Помош се бара, не се нуди. Убави совети ти кажаа членките. Поработи на самодовербата.
@GirlLove најдобронамерен и најискрен совет, мислам дека треба да оладиш од темава. Ако добро се сеќавам имаш сменето терапевти и терапии, ама сметам дека главниот проблем е во тебе и твоите мисли, ко што ти рекол и терапевтот. Понекогаш не е се во терапиите и сесиите на психолог. Ако сама со себе не соработуваш, нема да имаш ефект, и ова се случува кај тебе. Премногу препрашуваш и анализираш, те за циклусот, те пивото, те за кој што правел, како зборел, само со мрчаторски муабети се оптеретуваш, и мислам дека тоа во најголем дел ти влијае. Сите сме изгубиле некој и нешто, ама мора да стегнеш заби и да работиш на себе. Прошетај до парк, направи си нешто убаво за себе, прави некои работи што ги сакаш. Мене лично многу ми помагаат некои вакви ситни работи, ми влијаат позитивно. Пробај, ништо нема да те кошта.
Па да ама знаеш колку пати сме биле на лекар за едно те исто, идеш на лекар за да докажеш дека ти е нешто дека не си луда а се молиш да не ти е ништо… стравот е најлоша работа, никад во живот не ми земале толку пати крв… колку тој период. Па мислам главна бев во Биотек, таму веќе по име ме знаеа… да не зборам колку пати на лекар ти кажуваат не е ништо искачаш и не им веруваш… на доктори не веруваш… се е тоа зачаран круг, еднаш една докторка се сожали… и не ми се верува ни ден денес колку добри луѓе има.. ме пикна на терминот без закажано, откажал некој дека нема да дојде, таа не го тргна терминот ми рече јас да дојдам од што жената и падна жал за мене… 20 и нешто годишно девојче да плаче и паничи дека умира од срце, дека и е нешто со срцето… никад нема да го заборавам тоа што таа докторка го направи за мене. И нормално прегледот се супер, за да тоа трае две недели и пак истиот круг од почеток…
@MissChievous па не се согласувам баш дека квалитетен психијатар кој е скап значи и добар психијатар. Во врска со спортот, секој некаде ќе си се пронајде затоа и има различни спортови нели. Тоа ретко кој го кажува, ете нека не е ни спорт - нека е нешто во што она лично би уживала. Едноставно би придонело да се чувствуваме подобро. И не е работава цел живот по терапии да се влечи некој, мислам не е решение самото по себе. Зашто во глобала треба да умееме да се справиме со доста предизвици. А сите имаме различни, па да не навлегувам во скроз друга тематика. Во врска со седењето сам, не е дали се има муда или нема. И човек што седи сам на кафе или јаде сам, се движи (небитно што прави) може да се осети анксиозен на моменти.
Да бе немаш, не може 100000 луѓе да ти збориме исто и сите да сме у грешка. Прекини со инаетење и понашање , возрасни луѓе знаат да дискутираат не само чао
Добро , штом не ти е корисен форумов, темава на која пишував 24/7 и сите ти помагаат и враќаат. Чао А остали нека читаат твое понашање и нека стават прст на глава дал да те цирираат понатаму.
Не дека скап мора да е автоматски добар, сакам да кажам, стварно добрите наплаќаат многу зошто се свесни дека вредат. Има и неквалитетни што се преценуваат, не велам не. Тоа последното; нормално дека да, секој може да се осети анксиозен на моменти. Всушност дури проаѓаш низ фаза на лечење, посекако ќе се осеќаш анксиозен на моменти, без разлика што правиш. Јас дистанцирањето на одреден период го советувам како терапија, фаза на лечење, не доживотно. Најмногу можеш да научиш за себе така, без да ти го крадат фокусот и вниманието небитни нешта, и без да имаш нови извори на стрес и немир. Да си го поедноставиш секојдневието, да елиминираш многу работи за да си бидеш тука за себе 100%. Одреден период. Зошто да не се проба така кога обратно очигледно не функцинира и помага.