Ама стварно пак ќе кажам, секој различно ја доживува анксиозноста, девојчето има проблем и едноставно не прифаќа лесно, како и многу што патат од тоа. Нека проба, еве може овој пат ќе послуша.
Зошто погрешно мњ сфаќате? Кој рече дека не ми е корисен??? Леле хахах. Не ми се верува. Поздрав другари и другарки
Епа, почни еднаш повеќе да слушаш. Не ние тебе, ти изгледа нас погрешно нè сфаќаш. Некоја ти вели фино, некоја малку грубо (што не треба да те погодува бидејќи сигурно и во реалниот живот не сите те тапшаат по рамото). Ама знај, сите ти велиме за твое добро. Помалку мрчи, повеќе работи на себе. Продолжи да ја читаш за да ти стане појасно. Ако покаже некој напредок, верувај дека сите ќе ѝ честитаме.
Предолго има фокус на една членка шо веќе две страни пробва да излези од дискусијата шо се врти околу неа. Нема поента да е така. Не е пријатно. Барем тука мислам дека е фер да избегнуваме вакви ситуации, не?
Не пробав да излезам. Жалам што погрешно сфаќате. Ајде сега фокус на друга членка. Ајде да и помогнеме.
Добар ден, има ли некој од групава што не зема терапија и успева да се ,,носи,, со анксиозноста и со паничните напади, да сподели искуство.
Проблеми со видот можат да се јават во било кое време. Сега е уште полесно бидејќи луѓето, најголем дел од времето го поминуваат фокусирани на телефонот и ситните букви на него. Телефоните, заради нивните димензии, влијаат многу на видот. Од било што и да е, сепак посети офталмолог и ако поминуваш (ова за сите важи) повеќе време на телефон, почни да намалуваш Мора да си најдеш начини како да си ја издуваш енергијата. Читав дека возиш велосипед но очигледно не е доволно. Ако во твоето место имаш можност за нешто друго, запиши се на тоа. Дури мислам дека ако работиш со тренер ќе имаш добри резултати. Во комбинација со тоа, почни да се фокусираш и на умствена гимнастика. Шах, судоку или некои слични работи кои би ти одговарале. Ама! Мораш да почнеш. Рутината од комбинацијата физички + психички вежби ќе биде одлична. Мој совет е дури и да не мислиш на форумов. Да се обидеш да го изгаснеш и ти давам предизвик да него ни отвараш, барем една недела. Откако ќе успееш една недела, продолжи со две недели неотворање. На место на форумот, учи шах или што и да одлучиш да избереш, па наместо форум, отвори шах. Ако ти дојде некое прашање, направи си рефлексија на себе: дали ова прашање е навистина толку важно па да морам да прашувам други. Дали ова прашање е воопшто важно. Дали одговорот на ова прашање утре ќе ми биде од некое значење и дали ако не постоеја нотификации воопшто и ќе се сетам дека ми било важно во моментот на пишувањето? Почни habit track паралелно со дневник и она што го имаш и како прашања и како мисли запишувај си го во дневникот, па откако ќе поминат деновите на пауза од форумот, провери ги прашањата и ако уште ти се релевантни - пиши ги наеднаш сите овде. Според ова до сега, имам прашања за тебе. Што сакаш од физичка активност и што ти е достапно во моментов? Теретана, бокс, тенис.....? И што те привлекува за умствено раздвижување? Судоку, табла, шах.....? Витамин Б12 е одличен за пиење. Одлично штом ти делува добро, слободно можеш да си продолжиш. Следејќи ги дневно препорачаните дози, нема штета од пиење подолго време
Почнав да пијам Елицеа од 5мг ама имам страшна главоболка и зашеметеност. Некој од искуство колку време траат овие првични симптоми? И дали се зема нешто дополнително за ублажување на истите.
Јас. Напад кога почнува да ми се случува, штом почнат симптомите веднаш застанувам, си велам "почнува напад, океј е, знам дека е напад, ќе издржам, ќе помине, ќе бидам добро", значи препознавам дека започнува напад, не се чудам што ми е. Се фокусирам на дишењето, земам долг воздух, држам секунда-две, испуштам долг воздух. Така дишам, долго, споро, смирено, одредено време додека симптомите не почнат да исчезнуваат. Паралелно со позитивни мисли и свесно прифаќање дека е само напад и ќе помине. Истото го правам и општо за анксиозноста, многу е битно да препознаеш во моментот дека е анксиозност, да не бегаш од таа реалност, едноставно да ја прифатиш, тоа е што е. Ако ја читаш темава, ќе видиш дека и најредовните што пишуваат со години, на крајот од денот, добро се, тука се и пак пишуваат, живи, здрави, не доживеале срцев удар или што и да си мислеле во моментот на анксиозност.
Јас сум без терапија и некако до сега добро се држев.Ме ,,убиваат,, несигурностите во одот, онака баш како пијана и од тоа стравот да одам на кафе почнав да се изолирам да седам сама. Кога ќе се напијам Хелекс ми е ок со функционирам, но не знам дали ова би поминало или па да земам терапија која би ми помогнала.