Обавезно консултирај се со доктор, мора да процени дали баш тој лек ти е потребен, ако да, колкава доза, колку пати на ден, итн.
Секако ќе одам во петок за консултација, ме интересираше дали има некој кој сам се бори со анксиозност без терапија.Година дена ,,успешно,, се носам, падни стани ама деновиве ми е до тој степен да ми пречи во секојдневни функционирање..
Ехееее, чекај чекај треба време додека да делува лекот, додека го прифати прганизмот, па може поголема доза ќе ти треба, ќе се консултираш со докторот, не е баш туку така за жал. Мене ми требаше околу 1 месец додека се навикнам, трпение спасение.
Јас со години сум без терапија, порано полесно ги совладував симптомите или со одење на лекар или со зафаќање на некоја обврска, секогаш си наоѓав работа по дома. Ама периодов потешко, најмногу ми е останата артимијата, поретко такихардијата. Секој момент мислам ми влијае на срцето, дали било разговор, ситуација, мубает со некого од надвор. Одма ме фаќа некоја треперење, дали аритмија, боцкање кај срцето, тежина на гради, ми е страв стварно од сето ова да не се оштети срцето. Како да се справам со тие моменти, дури мислам дека телото е веќе научено на такви ситуации така да реагира. Поздрав до сите борци.
Токму од тие причини и јас решив да одам на психијатар и терапевт за да земам нешто што ќе ми помогне во целиот процес на ,,мачење,,.Деновите минуваат секој ден со страв некој нов симптом.Да, се борам ама ова е падни- стани.Верувам и се надевам бидејќи имам во околина позитивни примери дека со соодветна терапија и психотерапија ќе биде полесно...
Мила, срцето не боли. Тоа што го осеќаш е некој мускул. Не се секирај, аритмии се од паника. Јас палпилации имав, и тоа и ми беше најголемиот страв, срцето. 100 пати го снимив, ехо, екг… уште што нњ ме отворија.. од коа прекинав да ги тумачам прекинаа.
Site i mene mi kazuvaat srce ne boli , ali koga ke me pecne ili koga ke osetam nekoja tezina si vikam a gotovoo I mene od site stravovi od sekakvi bolesti uste srceto mi ostana,a pa na nego imam i ekg i stres test i eho i sekakvi cuda napraeno nisto ne mu e . Sto vikas uste so ne e otvoreno, ali momentot koga ke dojde tie misli i paniki e teskoto
Zdravo od pred 2 Dena pocnav so terapija Zepria I Demetrin no se cuvstvuvam katasrofa zabrzan puls me stegat gradite uzas mie strav I na rabota da odam da ne mi se sluci nesto ve molam za odgovor Dali nekoj znae posle kolku vreme ke pocnat da deluvaat tabletite
Зепирата е уствари елицеа, исто е тоа. Треба време додека да делуваат апчињата, не може за 2 дена. Не се плаши не ти е ништо, седни одмори под клима, напиј се нешто ладно, и диши, ќе се смири. Чисто да знаеш, зепирата прво се зема, па 1 час чекаш па пиеш демитрин, немој одеднаш двете да ги пиеш. Доколку не одговара терапијата ќе се консултираш со докторот, или ќе ти ја зголеми, или ќе ти ја смени. Ама секако е прерано за било што да се каже, треба време да помине, и самиот доктор истото ќе ти го каже.
Добро утро, денес сум со ново чудно чувство,секој ден нов симптом.До сега си имав се исти си ги знаев и некако ги прифаќав.Денес левата страна на главата ме боли баш како на пола и кај делот кај образот и вратот...нешто вакво некој????
Ме болело и така, и цела глава, и во една точка, и што се не. Снимав и глава, сета болка ми е од страв и напнатост, замор, неспиење..... Ако вака продолжиш секој ден ќе си имаш нов симптом, знам дека е тешко ама мора да се смириш, под клима на ладно, со вода, лимонада, било што, гледај си серија/филм, навечер прошетки кога ќе залади, или со другарка или сама, прави нешто за да оттргнеш мисли, ако седиш, мислиш и чекаш да ти помине, никад нема да си подобро. Измери притисок да не ти е мн низок, ако си во можност.
Ти благодарам многу, притисоко ми е низок пијам течности и имаш право стравот си прави свое седам и чекам дали ќе добијам мозочен удар цел дел како да ми е здрвен како да ми тебе и глава и дел кај вилица образ...
Ама знаеш како сакам да станам ама како да немам сила во нозе, морам да се фатам за нешто од мисла да не паднам...ох леле ова е претешко.цел се осеќам угрчена од стравот.....
Ако толку си преплашена отиди на матичен нека ти направат екг, ете чисто да се смириш, и да знаеш дека навистона не ти е ништо. Не треба да чекаш да добиеш мозочен, зошто нема да добиеш, се е тоа во твојата глава, најдо само занимација, нешто да ти одвлече внимание, насочи ја психата на некое хоби, нешто што го сакаш. Не гуглај, не читај симптоми, не прашувај по групи, одбегнувај еднпставно. Насочи се на себеси..
Многу ти благодарам за времето и одговорот ми значи.Ќе се потрудам иако многу тешко ми оди, станав вежби за спондилоза, дишење ама стравот и вознемиреноста ме тераат да седам или лежам, стоење и одење никако....
Ај пробај вака, запишувај си во една тетратка денес како се осеќаш, кога и да ти е нешто. Прво многу ќе ти олесни зашто чуствата ќе си ги пренесеш на хартија, второ ќе се изненадиш некогаш коа ќе си ги читаш дека не ти се дешава прв пат.
Ќе почнам веднаш, навистина сакам да си помогнам и примам совети. Вознемиреноста ми е поголема бидејќи денес одам на психијатар и од една страна јас инсистирав побрзо, таа ми даде простор сама да се ,,изборам,, а од друга имам некоја одбивност кон лекови и самата помисла дека не успевам сама ме ,,полудува,,
Мене лично многу тоа помогна тоа. Уште ја чувам тетратката. И датуми си имав ставано за да знам колку време е поминато од претходниот пат.