Od 10mg doktorkata nisto ne mi kaza no vo apteka mi rekoja da probam Edna nedela po pola da gi krsam a jas pocnav po celo
Секогаш АД се започнува со минимално дозирање, и така и се завршува. Така миббеше кажано и од доктор, прво пиев четвртинка, половинка, па на крај цело, за се треба време.
Како кажале така прави, доктор знае најдобро. Иначе јас не сум пиела толку голема доза, 10 мг. пијам.
Мислам дека добро сум запомнила дека се од 50мг.Сега ќе проверам.Мене докторката баш ми кажа дека помала доза од мојата од зепира од 25 мг не постои
Леле Боже каков совет. Изолирај се од другите и ќе ти биде подобро. Сериозно? А што викаш да препишеме една масовна терапија - пауза од тикток и подкаст квазипсихолози? Од утре одам на работа и не им кажувам добар ден на колегите затоа што "работам на себе". Ми пишува другарка да искочиме, ја игнорирам - работам на себе. Да не зборам па дека за некој што генерално е социјално анксиозен, депресивен или со други тенденции да се повлекува во себе најлошо нешто е уште повеќе да се повлече со цел да се "исцелува". Ако имаш сериозен немир во себе, постојано сам со своите мисли е пекол. Гледање серии затворен дома = посветеност на себе. Лол. За спортот - да, прекрасен е. Не, не ги лечи менталните болести. Исто како и за физичките. Сериозно малку треба да се намали со филмовите и егото.
Здраво , би сакал да споделам со вас за анксиозноста . Веќе подолг период ми се случва да имам напади во текот на денот поготово периодот од 13:00 до 18:00 - Жестината ме излудува едноставно не можам да ја поднесам мислам дека секој нерв ми го допорира, а се ми започнува со болки во пределот на стомакот и желудникот.. некакви грчеви стегања и добивам тахикардија и тогаш веќе иди периодот кога чекам само да паднам и да умрам, да и постојана помисла дека сум готов .. јазикот го осекам ми се здрвува , левата рака болки , а пак во градите никалва болка освен што го гледам на градите пулсот .. или стомакот ми пулсира ..и нормално е дека ќе се уплашиш сепак не ти е сеедно ...Испитав во Филип 2 срце , во државна кај доктори на интерно одделение што не , срцето ти е здраво супер ти е само демек се е до твојата глава .. и се прифатив океј така така .. и крвта ти е супер .. - налет на тоа ни пушам ни пијам ни се дрогирам ..и ми е криво си велиш зошто мене вака !? Има моменти кога буквално не можам да направам 3 чекори пулсот 140 150 а шо е најтрагично планинирев како будала не бев застанат по врвови и секакви предели .. и осекам голема болка во левата страна долниот дел од стомакот каде што добив одговор дека таму нема ништо тоа е празно место ...пиев или пијам хелекс од 0.5 ама ми беа многу јаки и ме исрцпваја па сам почнав да ги кршам на половина и ќе ме смират ама јас сум таков што мразам да бидам зависник од апчиња...а пиев Елицеа ама не видов нешто добро.. порано бев многу нервозен неќев да прифатам ничиј совет плус горделив што нормално се си оди едно со друго .. би сакал да ве замолам за некој совет за некој добар Психолог или Психијатар што нема да ме тера да бидам како дете во градинка...да ме тера да замижам па да фантазирам туку нешто стварно да се соочам со реалноста зошто стварно немам енергија се осеќам како да не вредам 2% а бев чоек шо место не го држело сум.. не можам веќе да лежам и да сум взатвор .. работам + од дома.. немам воља за многу излегвање од причина шо ми смета многу галама .. претходно сакав се .. сакав брз живот излегвав со чупиња многу ( не е ова фалба ) сега неќам едноставно ко презаситен сум - ме бараат за излегвање и другари и другарки а јас секогаш некое оправдуње и не споделвање бидејки неам доверба.. Променив многу работи но анксиозноста никако да ја победам , а ми одзема толку многу од животот + јадам здраво... не змам стварно .. простете ми ако е преголемо и ако дојде успат како исповед .. едноставно сакав да споделам да ме разбери некој и нов член сум .. на женски форум
Без терапија сум, гледам да сум доволно зафатена во текот на денот. Имам приметено дека кога имам слободно време и не правам ништо*, ме напаѓаат мислите. Гледам да сум фокусирана на тоа што го правам, да се интересирам повеќе за работи што не ги знам, исто обновувам некои стари (продуктивни) навики. Не деактивирам социјални мрежи, туку целам кон свесно дистанцирање и така вежбам самоконтрола (ако решам денес да не се вклучам пример на х социјална мрежа, многу лесно ми оди да се придржувам до тоа). Престанав да враќам на пораки и сум скроз супер во однос на ова прашање. Зашто не сакам да висам и да го имам тоа чувство дека мора да одговорам, него ептен кратко** одговарам и префрлувам комуникација во живо. Ама, најголем успех ми е што вежбам од едно уво низ друго, си оставам простор некогаш да погрешам во нешто и тоа е сосема супер, се „замарам“ во граници на нормала со проблемите на другите, секогаш гледам да сум флексибилна - буквално во секаков можен момент, за мене нема проблеми има само решенија. Паничен напад сум немала никогаш иако периодов бев ептен блиску. *кога можам си допуштам да не правам ништо и немам грижа на совест. **упростувам, не сакам муабети без поента на крај. И тука ќе го тагнам @Realist1, си читам отстрана лабаво и ова ми е едно достигнување кое лично многу си го сакам. Инаку, на муабетот со анксиозноста - откако почнав рандом да читам луѓе во коментари под YouTube видеа, сфатив дека анксиозноста е најмнормален предизвик за повеќето (посебно после коронавирусот). Само таму уште може да се прочитаат корисни совети, па и да има дури квалитетни видувања за одредена тема.
Да, баш така, мојот совет е да се поминува повеќе време сам. Не целосно изолирање, мислам дека јасна бев. Патем зборувам од лично искуство, што значи ако кај мене помогнало, можеби ќе помогне и кај друг. Поготово ако упорно со години и години се трудиш да си помогнеш на истиот начин и очигледно нема позитивни резултати. Doing the same thing over and over again and expecting different results е што? Патем овој совет е најмногу за тие што упорно бараат валидација од други, побитно им е туѓото мислење за нив, цел свет им се врти околу тоа кој што направил или рекол, и сета таа опсесија им создава анксиозност, стрес и нервоза. И ова доаѓа од некој со социјална анксиозност.
Јас денес многу присутна тука ама навистина ова е неиздржливо.Цел ден ок да речеме се тера некако со несигурности во од, одмори,стани, легни.Сега да станам и наеднаш немам сила како да ми се врти како да ме влече нешто надолу, ме е класична вртоглавица ама некоја несигурност во секој миг мислам ќе паднам.Нормачно од паника почна глава на темето да ме боли како некој притисок, а притисокот ми е нормален мерев.....ваков паничен напад сте имале ли, ова ми е многу чудно .....
Како личност која имаше преголема социјална анксиозност, знаеш како ја надминав? Не со изолирање дома.
@GirlLove Малку подоцна пишувам, те читам оддамна и гледам дека имаш голема несигурност во себе. Не го анализирај секој симптом или најдобро кажано лажи се себе си. Ме боли стомак од циклус ми е, нервозна сум од циклус е. Ако не се лажеш самата, ќе ти шетаат лоши мисли ова ми е, она ми е. Денес светот е многу суров. Размисли дали тие проблеми што ги кажа се навистина проблеми. Разгледај го малку светот околу себе има болни луѓе, деца кои секој ден се борат, твоите проблеми во споредба со нивните не се ништо. Кај мене другарките ги нема не знам кога последно сме биле излезени или ме побарале, а никогаш ги немам оставено и сега да трескам од земја дека ги нема, не воопшто си продолжувам понатаму имам здрави и живи луѓе до мене, а за другарките е најмал проблем. И дечко ќе имаш и работа и се ќе среди, треба време за се. Најважна си ти во целата приказна, никој ама апсолутно никој не ти е важен. Не си го троши времето на луѓе што не вредат, фокусирај се само на тебе. Најдобронамерно ти кажувам како жена што навидум ја има пребродено анксиозноста.
Сакав да потенцирам една многу важна работа, секогаш внимавајте кој ви дава совет. Постојат многу квази психолози и "психолози" кои имаат само диплома по психологија, психотерапија, ама всушност некои од нив воопшто не се компетентни. Тоа е така зошто ништо не се учи на факултетите. Заштитете си го менталното здравје.
Колку и нема да ти се допадне одговорот (го кажувам зошто на почеток и мене не ми се допаѓаше) мора да бидеш се повеќе во контакт со луѓе. Не мора да биде во преголема група на луѓе за почеток, можеш да почнеш со еден или двајца, исто така и да излегуваш и да се движиш таму кадешто има гужва, исто тоа помага. Види кои ситуации ти се проблем. Пример кај мене беше проблем движење кадешто има голем број на луѓе и исто така и некомуникативност кога сме во друштво, затвореност во себе и избегнување на комуникација, во смисла јас најтивка бев секогаш. Тука се клучни две работи: работи на самодовербата, немој да мислиш дека ќе згрешиш нешто и комуникација со повеќе луѓе.
Токму така.Јас одам на терапевт/ семеен советник, за разлика од психолозите кои имаат помалку пракса само теорија на факултетот,терапевт/ семеен советник се учат исклучително со практични примери.И секако најважно е каква е личноста, да се воспостави добра комуникација за соработка.
Јас не се согласувам со мислењето погоре. Тоа погоре може само да функционира за срамежливост, социјална анксиозност е нешто друго. Никогаш во животот не треба прво акција, без претходно да го промениш погледот во главата. Прво, социјална анксиозност е едноставно продукт на ниска самодоверба. Одвои време и размисли/запиши што мислиш за себе и за другите луѓе. Што мислиш дека ќе се случи ако кажеш Х, У..? Што мислиш дека другите мислат во врска со тебе? Зошто не се осеќаш доволно добра да завземаш простор во светот? Да, малку длабоки прашања, но мораш да навлезеш подлабоко во себе. Верувам дека некои ситуации кога ти се јавува социјална анксиозност се неизбежни. Дади си за цел да си ги набљудуваш мислите во моментите кога ја осеќаш анксиозноста. Не бори се против неа, само ја набљудувај. Тоа ќе ти одговори на некои од прашањата горе - какви мисли и длабоки верувања те тераат да се осеќаш така. Потоа малку анализирај ги тие верувања - дали е стварно така како што ми кажува мозокот? Кои се алтернативни (подобри) сценарија кои би можеле да се случат наместо оние што ме плашат? Дали стварно толку лошо мислат другите за мене? Ова е основен принцип на КБ терапија за анксиозност - да ги полека заменуваш мислите што не ти служат со понежни, подобри. Можеш да вежбаш социјализирање во 1000 ситуации, ако се појавуваш со старите мисли, ништо нема да се смени. Ако ова е нешто што навистина ти смета, потруди се да навлезеш во себе и гуглај информации.