Девојче, секоја личност е различна. Членката ме праша кај мене што функционираше. И да, социјална анксиозност е. Не е во прашање срамежливост. И да, најважно е да се вклучува во социјални ситуации. Јас додека идев баш на КБТ без да преземам активност и активно да се вклучам во социјализацијата, тапкав во место. Тоа ти што велиш да размислува и да анализира, да, ама треба и акција.
Зепирата ми е од 5мг, јас пијам по половина за почеток, не од 50мг денес ги земав.Комбинација со деметрин 1/4.
Од 5 мг е најмала доза, не може да имаш толкава анксиозноста за да почнеш со 50 мг, се почнува со 20, па се наголемува на повеќе. Не грижи се брзо ќе ја надминеш.
Да,во право си, јас мислев 50 мг, сега ги купив од 5мг биле.Се надевам и молам да ми реагира добро терапијата затоа што она што мене ми е најголемиот к секојдневен симптом е несигурноста во одот, вчера до тој степен да не можам во тоалет од страв да станам.Отидов на дежурен за прв пат затоа што со помош се движев, ме виде неуролог рече нема никакви симптоми за да ме снимаат глава од вратот ми е од спондилозата. Верувам дека лековиве ќе ми помогнат во цел овој процес.
5мг или 50мг. Не те сфатов сега? Секако се почнува со мала доза за АД. Демитринот е супер за смирување.
Зепирата ми се од 5 мг, почнувам со половина апче.Не сум пиела деметрин се напив сега малку сум успорена ама најверојатно треба време да се среди...
Па гледај, не е само анксиозност, има милион други причини зошто некој би барал толку многу валидација. Ми се чини дека во последно време анксиозност стана umbrella term за буквално се'. Како и да е, поентата ми е дека се' во животот поминува полесно доколку имаш support system. Колку и да е страшно, ако имаш луѓе кои вистински те гледаат и те сакаат, се' се издржува полесно. Ако тоа фали, реално ништо не може да го замени бидејќи сепак сме луѓе, не сме роботи. Затоа и толку многу тука секојдневно се пишува, пошто колку толку некој ќе најде разбирање. Баш затоа и сметам дека поминување вишок време сам со себе е контрапродуктивно, особено ако имаш оцд или си overthinker и постојано размислуваш. Tреба да целиме да создаваме значајни врски со другитe, не да живееме во свој меур, особено што поминавме низ пандемија и тоа си остави траги во односите.
Се согласувам за сè. Мојот коментар со тој совет беше надоврзување на муабетот од GirlLove (јебига, морам да ја спомнам), не беше за некој со депресија, оцд, итн. Баш тоа што го велиш, потребни се луѓе кои те почитуваат и го сакаат најдоброто за тебе. А она упорно пробува да воспостави врска со луѓе кои милион пати се покажале токсични и имаат негативно влијание врз нејзината психа. Требаше да бидам попрецизна околу совет за дистанцирање. Не е поентата да живееш во меур, поентата е да најдеш тоа што е добро за тебе, вклучувајќи ги и луѓето. Макар и тоа да значи дека одреден период ќе бидеш сам, во потрага по подобро. Никогаш не вреди да седиш во лошо друштво само за да не бидеш сам. Воглавно тоа ми беше поентата и беше надоврзување на претходен муабет.
Те болеше глава кога почна да пиеш зепира? Ме боли глава денес и плус повеќе ми се изразени несигурностите како да лебдам....
@Sharen svet а да пробаш заземјување? Прости ако ептен навлегувам, не ја знам цела приказна, само неколку твои мислења прочитав. Но ако имаш проблем со чувство на лебдење ми се чини дека ти треба grounding, покрај терапија се разбира. На ова мислам: https://welldoing.org/article/earthing-benefits-being-barefoot
Ти благодарам,ќе пробам веднаш ќе видам што е.Мене единствен симптом што ми трае цел ден буквално е тоа чувство, несигурност кога се движам како да ме влече нешто да ќе паднам и дополнително стравот си го прави своето кога се на тоа мислам. и два пати денес почувствував како аритмија некако чудно ми залула срцето, можно е да е од лекот ? Извинете малку сум досадна со прашањава ама дека прв пат пијам апче и да знам дали е се ова очекувано...
Da normalno e ovie dve nedeli ke imas sekakvi simptomi i novi i stari, posle poleka ke osekas podobruvanje. Znam deka e tesko ali kolku so mozis ne misli na sostojbata ( smesna sum si samata zatoa so koga ke me fatat mojte ludorii trista bolestini si naogam i sama si diagnozi davam, a kolku se poveke misli tolku se vrtis samata vo krug) ne si dosadna slobodno pisi so te maci zatoa e forumot da si pomagame koj kolku mozeme na nekoj topol zbor i malku podrska mnogu mu znaci
Благодарам од срце, не знаеш колку ми е добредојден одговорот, во право време .....ќе имам трпение да чекам да почне позитивното дејство .
Zdravo decki. Od damna nemam pisuvano ovde, no I am back again Do sega bev na zanfexa xr 75mg, no posledno vreme unazad 2m uopste ne se osekjam ubavo, bez energija, bez volja panicam bez potreba, sekoj mal stres jas go zamisluvam kako kraj na svet pa doktorkata odluci da mi ja smeni terapijata so Taita 30mg 10 dena, pa posle od 60mg da prodolzam. Dali nekoj clen ima iskustvo so ovie AD?
И јас се јавувам после долго време...што не ми сменија од апчиња ама џабе...хелексот си го пијам секој ден без него не искачам ме фаќа паника,деновиве до улица ми е страв да излезам,до тој степен дојдов не можам и на фризер да отидам сакам одма да станам,да избегам се тресам дури кога треба да се сконцентрирам да треба да ја држам главата мирно мене ми се врти и ми се тресе главата,како нозете да ми се пресекуваат надвор од дома,ужасно е ужасно...до продавница не можам да отидам не сум излегла два месеци од дома...во главата имам чудно чувство секој момент мислам ќе паднам...не знам веќе каде да барам чаре и кај кој доктор Јас да,на топлово секој ден,дојдов до степен да не можам да излезам од дома
Мене ме плаши колку многу луѓе игнорираат симптоми на други психолошки или здравствени проблеми и ги препишуваат истите на анксиозност и/или панични напади. Тука некој со симптоми на топлотен удар имаше прашано дали некој друг доживеал таков "чуден" паничен напад.
Дали и кај некој друг се случува да нема желба да се буди? Или, пак, при будење да се чувствува фино, наспано и, одеднаш, да почне да му се активира мозокот и да се потсетува зошто не треба да се разбуди т.е. дека почнува уште еден ден кој ги носи истите стравови како и вчера?
Дали имаш испитано хормони, често кога хормоните ни се хаос ние се чувствуваме преемотивни, со променливо расположение. Затоа најдобро ќе си појдеш кај невропсихијатар за да ти кажи кои хормони да ги испиташ и на кое ниво се, оти верувај влијаат и те како. А потоа ќе ги лекуваш симптомите анксиозноста, но мора секогаш на прво да се пронајде причината од каде доаѓа тоа брановито расположение. Затоа прво хормоните види ги. И ќе ти се среди се.