Провери хормони на хипофизата, оди на невропсихијатар тој ќе ти каже шо да испиташ. Тие имаат влијание Може некои ги имаш проверено но некои може не, само добар невропсихијатар ќе ти каже кој од кој хормон зависи, јас одев кај еден од најдобрите и ги знае како зависат еден од друг и шо се влијае на серотонинот и допаминот, како се во релација. Со среќа Може некои ги имаш проверено но некои може не, само добар невропсихијатар ќе ти каже кој од кој хормон зависи, јас одев кај еден од најдобрите и ги знае како зависат еден од друг и шо се влијае на серотонинот и допаминот, како се во релација. Со среќа
@GirlLove, извини вака што ќе те прашам, не сакам да те навредам, и не ни мораш нит да одговориш, нит да реплицираш, али дали си била емоционално запоставена од родителите као дете?
Што значи тоа супер? Идеална е околу 2.. дали имаш испитано кортизол? Не е едноставно само од-до кај хормоните.. за тироидна се оди кај доктор по нуклеарна медицина не само ендокринолог ило интернист.
Добро утро.Трет ден со АД, почнаа нагони за повраќање, поголема вознемиреност- очекувано. Знам дека е индивидуално и зависи од организам, но да споделите после колку време ќе се стабилизираат симптомите ?
Jas nemav simptomi nikakvi osven sto mnogu mi se spijase negde okollu 2 3 nedeli traese ,no ni podobruvanje nemav nekade 2 meseci , sto mi kaza i psihijatar. Posle od prilika 2 meseci pocnav da sum podobro .
Многу долго работата ми создаваше таков стрес и анкциозност што мислам постојано одев во вц. Па почна да ми реагира на желудник - само што ке слушнев нотификација ми се тресеа нозете. (бев микроменаџирана) Дур не седнав тоа да го средам со менаџерот. (се сменија многу работи на подобро) Почнав кратко после тоа со јога. Ми го смени животот и ме смени како личност да бидам по смирена и да си го контролирам стресот со дишење и во секојдневни ситуации. Секој различно си поминува низ таа фаза - но по силни сме од што знаеме. That too shall pass! На крајот се ќе биде во ред. Ако не е во ред - не е крајот.
Се ќе помине токму така, за се треба време и трпение и секако работа на себе Само што мене мојот симптом на нестабилност при одење, немање сила да станам, лебдење додека одам како да ќе паднам ме вознемирува.Ништо не можам да правам освен да чекам да помине....
@Sharen svet те прочитав сега. Ти посакувам што по брзо да се осетиш добро и своја. Трпение спасение!
Таа несигурност ми остана и сега некогаш ќе ми дојде тоа чувство се трудам максимално да игнорирам. Ете така од тоа ти е, немој да се плашиш.
Фала на споделеното искуство, ми значи многу.Знам дека ми е од тоа, проверено е се, но проблем е што буквално цел ден ја чувствувам без престан таа нестабилност едвај од соба во соба се движам со страв.Станувам и кога ќе почувствувам дека е пак исто ме ,,полудува "
Здраво.Борба е,признавам,ама ме земам хемија.Пијам на природна база таблети,ашваганда,чаеви.Ми требаше над месец дена да сс стабилизирам од паничните напади што траеја скоро 4 месеци.Ама со добро водење од солиден фармацефт и пред се,силна верба во Бог,лека-полека успевам.
Се носев и јас добро кога прв пат ме фати, со сите техники, вежби, упорност, молитва за три недели станав и со месеци бев одлична.Но кога по втор пат дојде со појак интензитет секој ден, веќе е тешка борбата сам со себе....
Кај мене почна да се јавува од минатиот декември.Само упорност.Не велам дека сум 100% супер,пијам и second brain веќе две недели,ама за сé треба време.Ашвагандата почна да делува после третата недела,додека постигне концентрацика во организмот.Најмалку три недели.А за да се опорави организмот од тој стрес потребно е најмалку дупло време.Трпение.
Само да пренесам порака, убава една. Kada su odnosi u pitanju, postoji jedna „stvar“ koja možda i najviše utiče na to da li će veza opstati ili prestati. Ta stvar je SAOSEĆANJE. Saosećanje je emocionalni odgovor koji u sebe uključuje duboko razumevanje i brigu za patnju ili poteškoće druge osobe. Ono podrazumeva sposobnost da se razumemo osećanja drugih i želju da im pružimo utehu i podršku. Nažalost, saosećanje može i da se lažira. Lažno saosećanje zvuči ovako: "Da, znam kroz šta prolaziš, isto se meni desilo, ali je bilo mnogo gore. Veruj mi, bićeš dobro." Istinsko saosećanje zvuči ovako: "Ne znam kroz šta prolaziš, ali vidim da te boli i da ti je teško, i to mi je važno. Ako želiš da razgovaramo o tome, tu sam, jer mi je stalo do tebe." Saosećanje dolazi sa pitanjima: „Reci mi šta te je navelo da se tako osećaš? Da li se sećaš šta te je tačno pogodilo? Kakvo značenje si dao tim delima? Kako mogu da te podržim ili da popra vim ovo?"
Добро вечер, петти ден со АД, некои мали подобрувања забележувам веќе, но денес ми се појави некако чудно како да ми чука срцето, како некоја аритмија неколку пати во дн.Мерев притисок добар е и пулсот и многу се заморувам.Три недели јас ништо не правев освен седење и лежење сега почнав да излегувам да се движам ама баш брзо се уморувам....