Добар ден,како сте ? Дали има некој кој покрај анксиозноста има и вратна спондилоза? Мене штом ми се укочи врат ми се јавуваат болки во вратот веднаш ми почнуваат тие несигурности во одот, како да нешто ме влече мама зад, некоја слабост. Гледам тоа се симптоми и на спондилоза и на анксиозност .Навистина не знам дали овие несигурности ми се од врат или од анксиозност....ама претешко е...
Во четврток патувам со авион, не ми е прв пат, но толку многу осеќам некој немир што си направив триста филмови..што ако ме фати паничен напаф, што ако нешто ми се случи, па дали авионот ќе се сруши.. Не сум имала никогаш страв од авион, но од кога станав анксиозна ете ова се случува. Ќе патувам сама, среќа што летот трае два саати, па кажете некој совет како да поминам полесно..
Само психијатар да ти препише Елицеа е чарето за ова. Ова е обичен магнезиум + Б6. Може да помогне кај поблаг стрес.
Имаше и ти вакви несигурности во движење ? Бев на неуролог ми вика не сум за таму ова е од анксиозност. Носам тежина торби и наеднаш како да ме влече нешто и онака непријатно чувство несигурно одење .Би ми значело да ми споделиш дали истото го чувствуваше . Почнав да пијам зепира 7 ден ми е денес, вчера и завчера бев супер дури ми беше чудно како ништо не ми е одам се шетам на плажа бев ништо од несигурноста.Денес пак исто.....
Вежбам два пати во ден вежби за спондилоза, знае да ме фати и болка и кај срце ама знам дека е од спондилозата.Мојот проблем е што не можам да одам нормално од несигурностите во глава и кога седам, главата ми бара да ја потпрам на нешто....пак ќе кажам, стравот кога ќе осетам дека имам несигурности е огромен.Не е периодично туку цел ден си е....и едноставно само чекам да помине да легнам
Од спондилоза ти се симптомите не е анксозно нарушување. Со физикална, вежбање и или може да пробаш шанцова кравата во консултација со физијатар. Не се излекува но со третман се подобрува спондилозата. Исто вежби за грб помагаат не само за врат. Прашај за некои таблети за вртоглавица кај невролог.
Може личи на глуп совет ама пробај да не мислиш на тоа. Ако останатото ти е спремно и спакувано, мисли дека утре ќе одиш на работа/факултет/училиште (во зависност од тоа што си) и е обичен ден. Пред патување напиј се б6 и ако има потреба и е помала доза уште еден пред поаѓање, спреми си музика за по пат и некоја пдф книга и убаво да си поминеш Пак се расфрлате со дијагнози и лекови, неосновано.
Обично е анксиозност окулу гркланот. Знае и гласот да се фати. Ларингоспазам прави анксиозноста во некои случаи. Спондлиза дава затегнатост во задниот дел од вратот, болки во градите и рацете, болки во тилот и вртоглавица. Обично лугето со анксиозност имаат лош став и тоа резултира со спондилоза но не мора.
Како ти знаеш дека е неосновано? Членката ги има истите симптоми како јас и доби одговор согласно тоа што мене ми помогна. Башка и се дообјаснивме во приватни пораки.
Најпрво направи снимка на вратна кичма да се утврди дали имаш вратна спондилоза. Јас имам вратна спондилоза и на периоди ги имам истите симптоми поради дијагнозата плус со неправилно држење на телото.
Ја еве неколку дена имам затегнатост на предниот дел од вратот и некоја жештина незнам како да опишам. Сакам да ја проверам тироидната жлезда да не ми е мисла
Затоа што исти симптоми кај тебе и исти симптоми кају некој друг не значи секогаш иста дијагноза. Неосновано е во секој случај бидејќи ова е форум на кој не треба да се расфлуваат сите со дијагнози и уште пострашно - лекови за тие неосновани дијагнози. За тоа се оди на доктор. Секогаш се добредојдени совети и предлози ама не на начин. И не го пишувам ова за лошо.
Здраво дали чувствувате нестабилност ? Ми се чини ќе паднам во секој момент. Треба да добијам хормоните лудуваат, срцето ми лупа, катастрофа.