Мака мачам со таа нестабилност, кога одам како да пропаѓам или ме влече на лева страна лебдам и од страв и умор од ова само си лежам и ништо не правам.Почнав да се сомневам да не не е ова од анксиозноста па вчера бев на физијатар/ физиотерапевт.Ме виде цела укочена била дека тие несигурности се од вратна спондилоза....Не знам веќе на што и како да верувам.
Pij mn voda , b6 I magnesium Ovoj pat koga dobiv ciklus sum uzas. Pocna celo telo da me bocka kako so iglicki . Neznam dali e od anks. Ama me zagrizuva.
Со помин да е. Јас кога ќе станам и си викам сега ќе паднам, осеќам страв, напнатост во стомакот Го имам поминато тоа. Не знам што хормони ќе беа моиве ама ова не се издржува. Плус оваа топлина убива надвор. Досега бев добро и без терапија сум ама вака знае да имам испади со моите пријателки хормони .
Дали мислите дека може онлајн психолог да помогне исто како како и физички? Разговарам со психолог онлајн на платформата разговор.мк, жената е супер, ама јас немам никаков напредок. Во многу лоша состојба сум, мислев дека психолог ќе ми помогне ама изгледа е џабе..
Физичкото присуство нема споредба со онлајн разговор.Самата енергија, атмосфера со физичкото присуство е поинаква и многу важна според мене.Јас одам со физичко присуство и од искуство кажувам.
И јас се мислев за таа варијанта но џабе е... друго е кога во живо ќе ја осетиш енергијата и кога ќе сфатиш дека стварно сака да те ислуша и да ти поможи .. јас затоа барав некој добар што ќе ме разбери а не да ме гледа ко дух.. и едно сфатив после толку многу години борба нас анксиозните ни е потребно внимание и љубов , баш сега пред половина час имав напад и плус ова проклета жештина допринсва да сме за никаде , И не се плаши и мене ми е лошо и тешко и немам воља од нонстоп борба ама ќе совладаме за некој период ќе се смејме и ќе ЖИВЕЈМЕ .
Се согласувам, јас кај што одам жената е полна со разбирање, емпатија, подготвена да слуша да даде соодветна насока и она што ми се допаѓа е што дава како ,,домашни,, за до следната средба. Да прашам нешто - тие што пиете АД на почеток знам дека има појава на низа симптоми, сте имале симптом како затнати уши слушате се ама како под притисок да сте како на планина?
Не. Подобро е во живо. Подобро може да се процени состојбата на анксиозното лице, а и тоа лице да увиди колку внимание добива.
Јас кога ја оставав Елицеата осекав во глата како струја не знам неубо чувство прицкање а на почетокот немаше ништо и треба период да почнат да делуваат 2 недели мислам.. ако не се лажам
Благодарам јас го пијам 9 дена ама чувствува како затнати да ми се ушите не цело време неколку пати во денот.
Кога ќе почнат да делуваат почни и да се движиш оти можи да ти се зголеми апетитот а јас така си накачив 10 кг и сега намалвам ама досаден процес..
Чекам да почнат да делуваат за да можам да се движам јас сум со симптом несигурности во одот.Да се среди тоа и ќе движам, да не качам кг после многу тешко симнувам.
Дечки како сте? Не ми се верува дека секој втор се соочува со оваа состојба, како епидемија на анксиозност. Дали некој деновиве се чувствува како утепано, стегање на гради, чувство ко чудно чукање на срцето, ко придушено чукање, посилно чукање? Ајде да даваме идеи како да ги совладуваме ситуациите, симптомите, нападите. Апчето ќе ја заврши својата работа, ама трајното решение е во нашите себе, со многу работа на себе, позитивни мисли.
Решението е во работа на себе.Вежби за дишење, техники и насоки дадени од терапевт за намалување на стрес и вознемиреност, чај од маточина, намалување на кофеин, медитација како и разговор со пријатни луѓе.Мојот советник има некоја програма како за 21 ден за ја надминеш анксиозноста.Секој ден има што да се прави во време од половина час лично за себе.... Треба време и многу трпение да се надмине оваа состојба.