Најмодерната болест на 21 век е анксиозноста , јас во ова недела 2 пати завршив на болница одвај се смирвав.. ми испитаја срце, крвта е супер се е океј.. ама во стомакот и желудникот толку болки шо оттаму нагоре ми иди и ми се снеарнува и срцебиење и се..специјалист доктор кардиолог ме проверуваше и ми кажа не си за кај мене.. немаш аритмија немаш болест на срцето здраво ти е и јако само адреналинот ти избива тука оти не го трошиш а тоа се решава со терапија - а таа дојде за 5 мин ме смири некое апче полојнка ми даде.. + ми рече кога се осеќаш така зашеметено домата конзумирај ќе ти поможи многу..
Нема врска, јас немав никакви симптоми се е до психата,и индивидуално Тоа е почетна доза и премала, јас се осетив добра дури кога почнав 20 мг зепира
Zdravo na site. Dali ima nekoj vklucen sto saka da razgovara. Mene mi e premnogu loso, glavata me boli ke mi pikni, mi se losi, me boli vo gradite i sto uste ne.
Пак ќе кажам, како и што ми кажа и психијатар и психолог..... Дур ти, како индивидуа, не тргнеш сам, ништо. Да, апчиња и психотерапии се потребни до одреден степен, ќе ти помогнат. Ама ТИ си главна за се. Со лесно нека ни е на сите. Јас и пред недела дена добив порака од другарка " Имај си убава вечер, јас имав одлична недела со високи вибрации и си ветив себеси дека нема никој да ми влијае негативно на расположение" И се извинив културно, ако јас сум напрајла нешто намерно или ненамерно или сум негативно влијаела. Ми рече премногу сум драмела. И еве ја нема да ми пише. А, знае за мојата состојба, и сум одела и со напади и ништо не велев, и сум и пишувала коа ми е лошо и ми велеше само смири се и напиј се апче, ништо не ти е. И зошто си велам да се нервирам? Таа затворена в соба, работи од дома, без контакт со луѓе, живееше странство со брат и и снаата, и внуката, во една куќа, без контакт со околината, сама сегде шеташе или со брат и, внуката и снаата. Без контакт со странци или нашинци Јас секогаш сум била тука за нејзе и таа за мене и наеднаш јас сум негативна сега и ме откачи..
Тоа е факт дека не ти била другарка туку само еден сумболичен привремен познаник, тој шо те сака и цени без разлика на се нема да се откажи од тебе , туку баш кога ти е најтешко треба да биди до тебе и да се труди да надминиш се.. тоа ти е жртвата и љубовта. Биди среќна шо такви луѓе се подалеку од тебе..А тоа дека драматизираш , чоек шо не осетил на своја кожа никогаш нема да разбери низ што се поминуваш.. Таа ако функционира како робот и ако нема епматија тоа е жалосно..
Бегаме од реалноста на постот. Јас, си праам за себе. Еве ќе ти кажам пример си полежав денес до 11,си исцедив сок, си пуштив музика. А, ти?
Па на крајот на денот секој гледа за себе. Мислам дека си доволно возрасна да го сфатиш тоа. И јас сум тука за моите другари и другарки, ќе ги ислушам еднаш, 2 пати, 10 пати ама извини, и јас имам живот и мои проблеми. Ти со години ги пишуваш истите ствари на форумов. Истите прашања. Не си задоволна од работата ама не сакаш да смениш. Дома имаш токсична фамилија ама не ги напушташ. Нон-стоп ти одговараат, те советуваат, гледам и во ПП ти се нудат со помош. Викаш дека ако како индивидуа не тргнеш сама, ништо не правиш а после се жалиш како другарка не знам што ти рекла. Sorry to break it to you ама не е чаре само жалење по форуми, мораш и сама да се натераш нешто да промениш.
Ако мислеше мене да ме цитираш, не си ме разбрала. На ова мислев: другарка ти споделила нешто за себе, како таа ја доживеала неделата. За ти да го пренасочиш муабетот да се врти околу тебе. Можеби подраго би и' било ако слушнала едно "супер за тебе, мило ми е". Како што ти бараш разбирање и поддршка од други, и другите бараат исто така. Можеби и она се има осетено дека не си тука за неа и затоа ја нема во меѓувреме.
Јас скоро секоја вечер после работа и се јавував да кажи како поминала на раб, како и е сама дома, што направила на пауза и сл. Јас не допишав. Си имавме контакт на Инстаграм, и рилчиња праќавме исто. И кога беше Германија, се гледавме на камера...
Јас сум анксиозна од мои 14 год.Сега сум веќе 37.И мн многуууу ретко замарам било кој со тоа.Со мм зборувам и чат пат ке се пожалам на една другарка(само ако ми е ептен густо).Значи можеби 1-2 годишно. Во меѓувреме си го терам животот како знам и умеам.Се дружам,читам книги,растам деца,патувам,се негувам,вежбам понекогаш,некогаш се смеам некогаш плачам… Не ја гледам поентата да некому нонстоп му зборам само за мојата анксиозност.Никој не е должен да ме слуша само мене и мене.Секој живот носи своја тежина.
Другарка ти ти пишала дека никој нема да ѝ влијае негативно на расположение. Не ти пишала дека нема да дозволи ти да ѝ влијаеш негативно. Значи, некој друг ѝ направил стрес што ја тера малку да се дистанцира од луѓе. Брзаш со заклучок наместо да оставиш на времето. Ти си човек, но и она е. Нормално е да сака малку повеќе на себе да се посвети. Исто како што е нормално за тебе. Секој човек си има свои маки. Никој не е должен цело време да го слуша другиот. Не сакам да ги замарам луѓето секој ден со моите проблеми ради анксиозноста. Оти и они имаат претешки денови. Битно ми е тоа што сме поддршка едни на други. Но и тоа што си ги почитуваме моментите потребни само за себе. Како велат стручни лица? Сама да тргнеш. И така е. Никој не може да ти помогне колку ти самата на себе. Ќе почнеш со некоја промена. И мене истото ми го велат. Преземам што можам за себе со мали чекори.
Не, ова за мене беше, пошто и кажав колку имав лоша недела на работа. Плус, одамна, баш одамна, на еден нејзин познаник, не му беше ок, и пишуваше дека сака да се самоубие и еднаш се потсмеа на тоа. Па, после рече премногу ме замара, не знам што да му речам, не е мал. Нмв. Моја е грешката.
Unpopular opinion и може ќе ме нападнете за ова, ама депресивни, "суицидни" луѓе се понекогаш многу себични. Својот товар емоционален го префрлаат на друг, личност која има свој и сослушува, но понекад доаѓа до таа поента кога суицидалниов човек само се жали, кука и кажува претемни ствари без да се потруди да мрдне од место. Нормален човек да го слуша цело време ќе скрене. Станува досадно, бескорисно и само терет. Не ја кривам другарка ти за ова, затоа што не ја знаеме нејзината ситуација и ментална состојба. Неколку личности ги знам во реален живот што праат вака, дел од фамилија се, и со сите сили ги одбивам, секој муабет е само јас јас и јас, ја вака се осеќам, а ги заболе курот за тебе, битно е да се истрошат и искажат бесплатно.
До граница ќе ги ислушаш и после обавезно ќе си посети личноста стручни лица. Само им треба поддршка. Едно, тука сме сите за тебе,секогаш Верувам и на нас ова ни треба.