Неколку дена ужасно многу ми "игра" некој нерв на левата рака, значи на делот кај што се превиткува раката, попросто кажано кај вените од кај што се зема крв. Ова има некоја врска со анксиозноста? Имам забележано дека штом се изнервирам се засилува болката и ептен е грдо чувството.
Здраво. Да ве прашам дали некој од вас се справува со вртоглавици? Јас година дена мака мачам со нив. Пушев iqos и ги прекинав, мислејќи дека е од нив си пушам сега нормални цигари. Одкако ги оставив iqos , недела дена си бев ок... сега од петокот навака пак истата мака т.е. сега овие вртоглавици ми се поразлични од претходните, чаре иначе да напоменам до четвртокот си пиев цитрам, а од петок попладне ми се вртоглавиците, дали може да е од цитрамот што не го користам? Зашто психијатарот ми рече дека сега без цитрамот 2,3 недели ќе имам промена во расположение дур да се привикне организмот без нив. Глава имам снимано, на очно исто имам појдено све е во ред. Ве молам за совети и искуства, имајте убав ден и бидете јаки, зашто мора да сме јаки
Па да, штом си го прекинала цитрамот, тоа е. Не ти препишаа нешто за овој период на одвикнување? Имав и јас вртоглавици и пиев Еглонил.
Ништо не ми препиша само ми рече не сакам да си на мегаменти, знам дека нема потреба кај тебе повеќе од апчиња ама за жал од моја гледна странак мислам дека не е така значи од цитрамот се вртоглавиците.... и после колку време минуваат?
Секогаш. Кај мене дури после месец дена... Цел месец пиев еглонил. За вртоглавици обично помагаат и деметрин, дијазепам.
Чуствувам страв од некои работи, може се работи за анксиозност во прашање, не сакам тука да пишам ако е слободен некој да си пушиме.
За вртоглавица да, одма помагаат, после некој саат. Јас ги пиев месец дена, а потоа по потреба ми рекоа
За сите што ве читам дека имате вртоглавица или несигурност во одот да споделам јас.Мене тоа ми пречи многу таа несигурност во движење.Отидов кај физијатар, по видена снимка на врат, веднаш ми кажа дека несигурностите се од вратната спондилоза. Проверете. Патем, како сте со енергија? Крвна слика ми е супер, железо одлично, притисок супер, 13 ден сум со АД и некако сум без енергија ќе станам ќе завршам нешто и веднаш се уморувам едвај како успорена снимка ....
Помош Срцето ме стега не можам да дишам. Се напив апчиња две. Едното е баш за тоа, а другото дијазепам. Додека се смири душа ќе ми излезе. Некој совет?
Smiri se Na site ni izleguva srcevo od vremevo,a ne pa na anksioznite Snosti se razbudiv vo 5 sabajle,premnogu mi bese loso,ama pomina,ke ti pomine i tebe,ne se opteretuvaj,se e od anksioznosta