А дали ти кажа дека аклонилот се пие 4 до 6 недели, и е многу јак лек, од кој лесно се станува зависен, во мали дози го даваат за анкс, иначе е лек за шизофренија,Хелексот е за аклонилот гола вода,значи нема зависен, од све се станува зависен, ама мора да се пие кога има потреба
Денес бев, пиев недела 2,5 мг недела 5 мг.Сакаше докторката да продолжам уште недела со 5мг па со 10мг.Но одлучивме да не чекам уште недела да почнам три дена 7.5, па потоа 10мг.Да фатам некоја нормална доза бидејќи 2.5 реално не е воопшто и доза.Ми го тргна и деметринот.
Да тоа не е ништо, ама пополека се накачува доза, не одеднаш на 20 мг пример. Зошто тргнавте демитрин? За замена ти даде нешто за смирување?
Ми го тргна затоа што јас не сум вознемирена ниту сум била мене единствена мака ми се несигурностите во одот само тој симптом го имам и ми го тргна деметринот. Во право си знам постепено се накачува ама 5 мг уште да пијам нема логика кога е мн мала доза затоа се договоривме 7.5 па 10 и така да видиме
Баш ради тие несигурности требала да ти го остави деметринот, па тој е најслаб антидепресив. Докториве сите различно...
Ми кажа дека е најслаб антидепресивот и дека деметринот морало да се тргне не се пие подолго од две недели, да сите различно....не знам што да кажам Никаква болка никаков симптом без панично напади.Само несигурност во одот, посетен кардиолог, интернист, невролог.Се е во ред освен спондилоза вратна за која физијатарот рече дека таквата состојба што ја биде на снимка ми предизвикува несигурности... Проблем е што ги имам несигурностите вело време и ми создаваат страв тие не одам никаде од страв кога станувам ми се јавуваат и затоа посетив психијатар
Сама одам секаде, знам нема да паднам.Но избегнувам контакт и дружби непријатно ми е кога го имам тие несигурности и не уживам додека седам со други- тоа е симптом на анксиозност затоа и почнав со лекови затоа што цел ден седам или лежам или сама пешачам..... Тоа и се шегувам на моја сметка со докторката да имам нервоза ќе викам ќе плачам, да имам друг симптом ќе се реши ама ова влијае на одењето функционирање...но секој со свој мака, секогаш туѓото ни е полесно .....
Види сега, на секого неговиот проблем му изгледа најтежок, не можеме така да гледаме и само себеси да се ставаме како жртва. Искрено не знам дали си за АД ако немаш други симптоми, подобро да се насочиш на масажи или што и да помага за спондилозата, ама доктор подобро знае сигурно, така да штом си почнала веќе терај, па ќе видиш дали има ефект.
Се согласувам со тебе, но имам и доста голема траума доживеано и затоа ова го поврзуваме и како психосоматика.Почнав со АД ако има ефект за некој месец во ред.Во меѓувреме следам совети масажи вежби и физикална ќе почнам.
Добра си, што сама пешачиш. Јас од дома не можам да мрднам и се со сила праам. Еве сега возев сама, нервозна премн бев. И убаво е. Не сакам контакт со луѓе.
Дали на моменти осеќате дека збудалувате? Како да не сте веќе при здрав разум? Јас имам анксиозност и многу често, скоро секогаш кога излегувам надвор од дома почнува да ми се врти, да ми се темни пред очи, нозете да не си ги осеќам, и веќе кога ќе се вратам дома ништо не памтам. Како никаде да не сум била, ми поминало времето, а не знам како. Некако многу длабоко треба да размислувам, како да сум сонувала
Se namaluvaat simptomite,ne deka ke iscezne se i ajde toa e toa... Ne bi pocnala i jas vekje,iako nekogas si pomisluvam deka treba,koa me fakjaat nekoi takvi depresivni i anksiozni epizodi
Затоа што повеќе мислиш на симптомите и сите незгодни моменти шо ги поминуваш, па доаѓа да не памтиш односно да имаш проблеми со меморијата за тоа кај си била, шо се правело муабет, шо си видела, ти уствари си фокусирана на тоа како се осеќаш во моментот, на стравот, на тежината во нозете, на тоа дека почнува да ти се врти. Избегнувај гужви, појди во парк каде нема многу луѓе, каде ќе бидеш поблиску до природата и ќе се надишеш чист воздух, без бучава, коли луѓе општо, каде ќе го најдеш мирот. Другово шетање не ти помага те уморува.